Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најперспективен факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од Annika, 27 јануари 2010.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    ^ ако сакаш да пишуваш и те влече новинарството запиши се таму имаш избор на пишани медиуми имаш телевизиски медиуми имаш и радио сигурно ќе си го најдеш своето место.
    А ако сакаш јавна администрација тоа значи дека треба да поседуваш и книшка за да те вработат во некое министерство или некоја друга агенција што е дел од јавната администрација. Без книшка џабе ти се и 20 дипломи од јавна администрација. А од друга страна може со секој факултет да работиш во јавна администрација ако веќе имаш таму некое загарантирано место.
    Тој факултет за мене е со диплома која нема значење во нашата држава, никој не ја цени таа диплома и не ти дава работа врз основа на дипломата. Ти дават работа во администрацијата врз основа на партиската определеност.
     
  2. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Одговорот за тоа кој факултет е најперспективен се крие во самите нас. Она што сакаме да бидеме во животот тоа треба да го студираме и да веруваме дека е перспективно, па макар и да не е. :) Како на пр. кај нас многу велат за психологија, социологија, филозофија и сл. “мртви“ науки дека не се најперспективни и тешко може да се најде работа за нив. И да се во право за кај нас, има работни места за овие струки секаде по светот.

    Ниедна диплома од факултет мислам дека не би била залудна и може да ни помогне да дојдеме до добра работна позиција во животот, па макар и да не работиме она што сме студирале. ;) Самиот факт дека сме завршиле факултет и имаме диплома ќе ни отвори многу врати во светот. Еве за мене конкретно медицината е доста перспективен факултет иако се студира многу време. Ама јас никогаш не би можел да студирам на таков факултет затоа што едноставно немам афинитети према медицината и не ме привлекува. Но затоа сакам информатика, математика и сл. па токму затоа и студирам на еден од техничките факултети (кој конкретно не прецизирам, ама можеби ќе ви текне :) ).

    Знам кога бев прва година многу мои колеги беа дојдени на овој факултет само затоа што беше доста перспективен ама истовремено и тежок. Многу се откажаа уште по првиот семестар, а многу по првата година и си отидоа на други факултети за кај што биле предодредени да студираат.

    Наравоучение: Не бирајте факултети по тоа дали се најперспективни или не, студирајте она што го сакате и што сакате да го работите во животот па ако имате среќа и ви се поклопат коцките ќе го работите тоа, ако не здравје секогаш има друга работа не е крај на светот! Дипломата и стекнатото знаење никој не може да ви ги земе, никогаш не знаете кога можат да ви затребаат! 8)
     
    На Magnolija и Sephora им се допаѓа ова.
  3. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Имам пишувано овде, но сега ми текна нешто интересно да раскажам. Преспективноста се крие во самиот човек, колку тој е спремен да направи нешто, да се избори за тоа што го сака, до каде е неговата граница, за некои до Скопје за други до вселената. Една моја братучетка знае многу убаво да слика, кога се запишуваше на ликовната академија во Ск имаше коментари од типот како ќе заработуваш ти за живот за тоа, и слични работи. Но, знаете ли каде е сега таа. ни помалку ни повеќе во Њујорк работи како уметница, има многу изложби а воедно и студира таму..Епа сега видете дека ако преспективноста на факултетите во Мк е слаба, скоро и да не постои, целиот свет е пред нас. Квалитетот и трудот се исплаќаат секогаш. Цврсто сум убедена дека секој за нешто е предодреден, и има талент. тајната е навреме да си го откриеш тоа и со текот на времето да го развиваш за еден ден да стигнеш на врвот. Ако си доволно упорен и сакаш да успееш тогаш на овој или оној нашин ќе успееш. И малкуцка среќа се разбира ;)
     
    На Chocoholic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. billyy

    billyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    15
    Според огласите за работа што секојдневно ги следам најбарани се лица со Машински факултет, покрај тие со информатика. Затоа сметам дека тие се најперспективни факултети.
    Јас завршив мак. книжевност и многу сум разочарана од факултетот, не само што немаш никакви можности (освен ако си член на партија), туку и предавањата и предметите беа застарени... ништо креативно... а литературата е толку интересна... Затоа пред да се запишете на факултет размислете 100 пати и разгледајте ги сите можности. И секако слушајте совети од постари.
     
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Најперспективен факултет е оној кој ти обезбедува работа која ја сакаш. Теории од типот со електро/економски/правен гарант ќе најдам работа кај мене не поминуваат. Ако сакаш да најдеш работа ќе најдеш, со било кој факултет. Но факт е дека факултетот како факултет не е доволен. Затоа најдобро што може да се направи е да се биде дел и од други активности. Учи јазик, волонтирај, оди по семинари, предавања, работилници..... Иако сите се жалиме што се нема во Скопје, малкумина знаат што се има во Скопје. Затоа што моментот кога ќе треба да се вработиш и кога на претпоставениот ќе ми дадеш СВ каде има само јас завршив факултет, ојде работата.
    И кај нас и во странство се цени човекот да има повеќе интереси а не како коњ, ја студирам машински, само машини ме интересираат.


    Секој факултет е перспективен, не за џабе е факултет.
     
    На FotoLina3 и crimson им се допаѓа ова.
  6. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Ме интересира колку е перспективен Филолошки факултет - насока за историја?
     
  7. SokOdGrozje

    SokOdGrozje Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    А какво е вашето мислење за БАС (Бизнис Академија Смилевски) дали некој се има запишано таму или па слушнал нешто. Денеска имавме презентација од нив и ми звучеше примамливо пред се бидејќи е повеќе пракса, не дека нема учење. Се двоумам помеѓу економски или БАС па литл хелп плис :)
     
  8. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Хмм, да не мислиш на Филозофски факултет?
     
  9. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Прво го разгледував Факултетото за Бизнис Економија - Маркетинг Менаџмент, но потоа наидов на БАС, па ми стои интересно.

    Конкретно барам некој бизнис факултет но да не биде во склоп на економски, бидејќи од мојата струка нема да ме примат економски. Така да УКИМ (економски - маркетинг) ми е бришан од листата исто и приватните економски како фон, европски сл. така да кругот ми се стесни на овие два :D
    Ајде ако сакаш дај ми во лп повеќе информации за бас.

    Инаку колку може да биде еден ваков факултет перспективен во Македонија, со оглед на тоа дека економисти има колку сакаш, воедно и студенти на овој смер?
    Една професорка ни вели запишувајте се на бизнис нема да погрешите, друг ни вели немојте на бизнис и слични факултети, такви студенти ги има колку сакаш..
     
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Не,не кај нас на Филолошки има таква насока историја со археологија.

    Инаку јас мислам дека најперспективни се Правниот факултет,Филолошкиот и Економскиот.Знаењето на странски јазик мислам дека е доста ценето во денешно време од причина што секаде се бараат преведувачи и може да се работи на различни места а исто можеш да бидеш професор или да држиш приватни часови.Со Економски е слична работата,можеш да работиш во некоја фирма,банка а и можеш да предаваш по тој предмет.Правниот е исто мислам доста ценет кај нас.
    Но сепак мислам дека денес независно од тоа колку е ценет и перспективен одреден факултет сепак е тешко да се најде работа и да се просперира со истиот од проста причина што има многу дипломирани студенти а се помалку работни места.
     
    На Chocoholic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. O.Mally

    O.Mally Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    11
    Па според еден професор кој редовно ги следи новостите со факултетите и вработеноста на населението, по мое мислење ни дава информации од сигурни извори, најбарани се програмерите пред се, потоа се поврзано со медицина (доктори, стоматолози, фармацевти...), градежници и некои слични професии, додека Македонија е презаситена од правници, филозофи, економисти, архитекти всушност и самата држава има потреба од сите овие, но за жал и немаме некои огромни услови за работа. Има премногу приватни фирми, кои се повеќе се достапни, но работа дали има.. тоа и не ни е некоја посјајна страна, со оглед и на тоа дека како што доаѓаат нови генерации и се освестуваат за упис на факултет, па има премногу дипломати кои се успешни и бараат (чекаат) некоја отворена врата. Во секој случај мое мислење е без разлика на тоа дали ќе заработуваш многу или малце најбитно е да се бориш и да го работиш тоа со љубов.. Оди на филолошки иако спаѓа во и не толку баран факултет нема да згрешиш, па како и да е еднаш живееш аку има потреба ќе одиш и на втор факултет :D
     
    На maryJ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Од нигде никаде...ми дојде една идеја...Што мислите за Студии по Новинарство? Колку е перспективно?
     
  13. maryJ

    maryJ Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    17
    Во право е твојот професор, за жал е така во нашата државичка но тоа е реалност, а за новинарство.. барем во мојов град има куп дипломирани новинари(знам повеќе такви) и од нив само троца ако се вработија. Е сега тебе ако ти се допаѓа тоа и ако навистина сакаш да го студираш тогаш зошто да не, битно од срце да го сакаш тоа за во иднина да го работиш со кејф. ;)
     
  14. an.na

    an.na Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    Што мислите за на Филолошки-турски јазик и книжевност или ако има по можност англиски и турски..ве молам помогнете ми некако многу сум неодлучна кога станува звор за изборот на мојот факултет :doh:
     
  15. Zahir

    Zahir Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4
    Што мислите дали германскиот јазик станува еден вид на перспектива во денешницата со оглед на тоа што се повеќе се оди да се работи во Германија?
     
    На 20062006 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Love.love

    Love.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    1
    Што велите за архитектура дали е добар факултетот дали можеш да заработуваш пари и колку можеш да се вработиж во ск поз.
     
  17. LillyS

    LillyS Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    9
    Јас студирам на еден од здравствените факултети.Не сакам да бидам пристрасна,но сметам дека после информатичките и електроинжењерите, најперспективна професии се здравствените.Секако,по default се подразбира студентот да се гледа успешен во својата професија надовр од државата,бидејќи целото здравство ни е во хаос,и плус вистински талентираните студенти не добиваат никакви бенефиции откако ќе дипломираат,туку секогаш имаат предност татините мази и мамините синови,што специјално често е на Медицински факултет.Блазе си им на гордите родители доктори!(Се извинувам што избегав од темата)
    Зошто?Ќе го оправдам моето мислење со тоа што луѓето можеби не секогаш ќе имаат потреба од проектирање нова куќа,или потреба од адвокат или книговодител,ама секој ден ќе се грижат за своето здравје :) :)
     
  18. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Секоја струка, секој факултет си има свои добри и лоши страни.
    За лесно/тешко не можам да зборам, но според мене најперспективен е филолошки јазичен факултет. Мислам дека јазичарите би можеле да најдат работа на секое место.
    Во денешно време пак мислам дека има многу правници и економисти, па мислам дека би им било тешко да најдат вработување понатаму...
     
  19. Anastasia94

    Anastasia94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    6
    јас се мислам дали на архитектура или информатика?дали некој знае дали е тешка математиката на информатика и отприлика во кпј семестар ја има? ;)
     
  20. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Зависи каде сакаш да студираш. На пример на Финки имаш по 3-4 математики на секој смер, дискретна, калкулус и стандарна математика, а учиш алгоритми, матрици, Функции од една променлива. Граници. Непрекинатост. Изводи. Инверзни функции. Екпоненцијални, логаритамски и инверзни тригонометриски функции. Примена на изводи. Теорема на Рол и теорема за средна вредност.
    За да завршиш како програмер мораш да вежбаш 24/7, а знак прашалник колку ке ти треба во иднина.
    И сега со 3 годишни студии на Финки ти стануваш инженер, додека во Битола со 3 годишни студии стануваш само дипломиран информатичар, а со 5 години магистер по информатика и тоа со една математика. :)
    Јас сеуште размислувам каде затоа што многу ме влечи програмирање и имам одено на натпревари и сум носела солидни резултати, а не дека сум некој експерт по математика. Ми кажуваат дека на Финки било страшно тешко и некако неоранизирано, а од една страна подруго е кога ке ја имаш таа диплома, друго е кога ке ја имаш од Битола или Штип и искрено да ви кажам сакам да истерам асален студентски живот во Скопје треба да се затворам во 4 ѕида :D.
    На ФАМИС има нов смер Менаџмент на информациски системи во здравството, на мајками и кажале дека се спремале електронски здраствени книшки и им треба стручни лица од таа област. Ги разгледував предметите и има неколку програмирања, економија, макроекономија, основи на здравството бла, бла 3 ин 1 :) ... Го ставам како втора опција.