Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најперспективен факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од Annika, 27 јануари 2010.

  1. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Какво е вашето мислење во врска со Словенечки јазик на Филолошки факултет, со оглед на тоа што кај нас има премногу фирми словенечки?
     
  2. Blue-eyes-girl

    Blue-eyes-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    30
    Може ли да добијам ваше лично мислење за градежен факултет-геодезија, што мислите, како е, дали може да се најде работа т.е дали е перспективен и ако има некој тука на градежен може ли да ми даде свои лични видуваеа за факултет и да ми каже малку како иде тоа со професори,испити,колоквиуми.? однапред ви благодарам :)
     
  3. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    Ај некој доколку е запознаен со медицинскиот факултет во Битола насока физиотерапевт, да ми образложи како одат работите таму, дали е тешко, ама баш се ме интересира.. да не набројувам :)

    фала однапред !
     
  4. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски

    Не е факултет туку е Висока медицинска школа, 3 години се учи, јас колку што знам физиотерапевт е еден од полесните смерови во споредба со медицинска сестра и лабораториски аналитичар. Исто има и смер за рендген ама таму не знам како е. Битно треба да знаеш дека Високата Меицинска школа од Битола НЕ е призната во поголемиот дел од Македонија, а за надвор да не ни зборуваме. :)
     
  5. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    111
    Може некој да ми каже што мисли за Фармацевтскиот факултет во Скопје? Фала однапред поззз :*
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    На srn4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    Според мене Јазиците.

    Да прашам нешто, на колку време ги менуваат деканите?
     
  8. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559

    Ќе си седниш од септември над книга и нема да се мрдниш до јули. Имаат некој чуден систем на полагање, слушаш само еден предмет една или две недели и го полагаш одма, па после друг предмет. Мене воопшто не ми се допаѓа, пошо како прво материјал од 800 страни не можиш салам да го прочиташ за 2 недели а не да го набубаш и да го полагаш, како второ, имаш слободен само еден викенд, тој после полагање. Се останато е турбо учење, полагаш теорија, вежби и завршна вежба по скоро сите предмети. Искрено факултетов е перспективен, но не кај нас. Јас не ја гледам поентата 5 години ненаспан да останиш за да бидиш продавач во некоја аптека. И тоа ако ти се посреќи. Сите шо се запишаја се надеваат дека ќе се вработат во некоја лабараторија, а Алкалоид годишно прима 2-3. Останатите 117? Размисли добро, можда постов е малце демотивирачки али е реален.
     
  9. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    ми треба помош, незнаев каде да пишам, па тука ке прашам :)
    Каде се наоѓа факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство - ФИНКИ?
    на страната на факултетот ја пишува оваа адреса ул. „Руѓер Бошковиќ“ 16, Поштенски Фах 393, 1000 Скопје, ама неможев да ја најдам на гоогле мап каде точно е, во која населба.
     
  10. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Карпош. Некако најлесно би го приметила ако одиш по Илинденска, позади МиДа. Или па од Партизанска ако одиш од Хотел Карпош шо е таа уличката шо ги спојува Партизанска и Илинденска, скоро до крај ќе одиш и од лево ке видиш огромен кампус, башка и раздвижено е нема шанси да промашиш.
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    ФЕИТ (Електро) и ФИНКИ се уште функционираат во иста зграда и бараки, така што нека не те буни, на истото место со ФЕИТ се.
     
  12. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Се планирам за на архитектура, ама не ми се останува овде во Македонија... некако на ниту еден не гледам перспектива без врски... (мислам после факулетеот нема напредок)
    А ако нешто ме зафркне архитектонскава желба планирам дизајн на ентериер или моден дизајн али дефинитивно би одела на приватен за овие два... :D
     
  13. carazoreli

    carazoreli Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10

    Девојко, нели да студираш на приватен е како да одиш на прошетка? :)))))))
     
  14. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Јас кога би се запишала на Филолошки, дефинитивно тоа би биле јазици како словенечки, чешки, холандски и такви каде што нема многу конкуренција. И онака преретки се приватните школи за странски јазици кои што држат часови по овие јазици, па можеш да си отвориш и твое приватно школо.
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Па може сака да си се прошета :D
     
  16. carazoreli

    carazoreli Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Причината поради којашто ја цитирав е бидејќи сосема случајно го прочитав нејзиното мислење за приватните факултети и рече дека било срамота да земеш диплома од приватен. Beats me, ме збуни :)
     
  17. AngelAny

    AngelAny Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    1
    не знаев каде да го поставам прашањево..знае ли некој од нашиве факултети што можеш да успееш во странство?? Па добро со јазици, меѓутоа што би работал таму со јазици?? Дали има таков што е признат во странство , викаат за св Апостол Павле во Охрид,,ама јас не сум за таму дефинитивно...
     
  18. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    ^Јас мислам дека сите факултети од Универзитетот Кирил и Методиј се признати во странство. А во врска со јазициве, во право си за тоа дека со таква професија не можеш да просперираш во странство. А утка не се прави со некоја професија како лекар, медицинска сестра, ветеринар, фармацевт, стоматолог, па и архитект, програмер, економист. Овие професии се потребни секогаш каде и да се наоѓаш :)
     
  19. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Јас пак мислам дека со јазици најлесно можеш да зминеш ако си за заминување. Можеш таму на постдиплмоски да се надоградуваш со нови јазици или да студираш 2 факултет. Мислам дека тие што студираат јазици најлесно можат да добијат стипендија за странство. И голем број од нив заминуваат таму, колку што знам јас. Имаш шанси да работиш како преведуваш за странски весници, фирми, списанија и др. Мислам дека има можности. Ако грешам нека ме поправат јазичариве. :D
     
    На miss.ella и lovely92 им се допаѓа ова.
  20. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Најперспективни мислам дека се Информатички, Електро и Технолошките студии.
     
    На LadyGaga7 и Hellen им се допаѓа ова.