Е навистинааа тешко Незнам што да изберам подеднакво ги сакам,психологија или македонски јазик и книжевност ? Според вас како ви изгледаат работите кој е поперспективен
Lady in red, кога јас требаше да се запишам на факултет професорката по македонски јазик сите не советуваше да се запишеме бидејќи потреба за професори по македонски ќе има секогаш. Tоа, сепак, беше одамна, пред 8 години. Vо меѓувреме многу кадри излегоа од таа катедра па дури имаше најави дека ќе ја стават во мирување на година - две. A за психологија не знам што би ти рекла, ако сакаш психологија јас би ти советувала да одиш на медицина и потоа да специјализираш психијатрија. Tоа ти е многу поперспективно од психологија ... Sо среќа што и да одбереш и кога ќе те примат пофали се овде
Ти благодарам за советот Никогаш не сум размислувала за медицина, сите го гледаат како многу тежок утре ќе одам кај психологот на нашето училиште да ме малку посоветува,душичка е многу ја сакам најмногу и поради неа ја засакав психологијата.Тешка одлука за мене е ова бидејќи премногу читам книги,го сакам македонскиот јазик,но сакам да навлезам подлабоко во психологијата Психолошките книги се ми омилени,но после како со работа .... Како и да е кога ќе се одлучам ќе пишам Уште еднаш благодарам за одговорот
Јас морам да кажам дека повеќе ја направив мојата одлука за факултет врз основа на желба без толку размислување за работа во иднина. Засега немам зажалено и еве сега здравје ке одам на постдипломски, па после се надевам докторски и после ќе гледам за работа. Сакам идеално да работам во некоја интернационална организација, консултант во некој институт за меѓународен развој, можеби академик. Во денешно време не е исто како порано, ќе учиш факултет и има една струка и еден пат, сега има различни траектории иако морам нели да признаам дека со оглед на економските услови работата тешко се наоѓа. Но, мора да се надеваме дека нашиот труд ке се исплати и дека ке имаме кариера која ќе не исполнува и на која ќе можеме да бидеме горди.
Па појди од тоа колку фабрики имаме ние и кои имаат лаборатории или пак професорка во школо (со дополагање за наставник), во ХЕС во болница, во млекари каде работат за 15 000ден. Немој, еве ја золва ми седи дома 15год а снашка ми раб. во млекара за 15 000ден а се утепува од работа.
Што мислите за геодезија ? И тој е дел од градежен но за разлика од конструктивната насока која нуди поширка можност за работа ,сепак мислам дека геодезија е поограничен.... Кое е вашето мислење , колку е перспективен ?
Meне геодезија не ми е баш како за девојче, ама ако веќе имаш желба, go ahead. А за перспективен, скоро сите технички факултети се перспективни, а овој би ти бил најдобра опција доколку веќе имаш некој фамилијарен бизнис во оваа област, или некој близок со допирни точки во професијава. Сепак и не се разочарувај, ако си ја сакаш струката, уката нема да ти биде проблем - ко што знае да каже баба ми. На крај краева, поарно да учиш нешто што сакаш, отколку да се запишеш на нешто што не ти прави ќеф па да ги влечеш годините. За работа - кој сака и е упорен, ќе најде. Па има и такви (приватни) фирми кои имаат потреба од геодети, а за државните места не зборам, за таму требаат добри врски, а обично пикаат нивни блиски, as usual.
Што мислите за економски,смер Е-бизнис, колку е перспективен, со оглед на тоа што поголемиот дел од обврските веќе се извршуваат преку компјутери, е-банкинг, е-катастар и сл? Баш тоа ми е сега последно увртено во глава, со оглед на тоа што имам одлични познавања од областа на англискиот јазик, и мислам дека доследно ќе го искористам и усовршам (пред се бизнис англискиот) бидејќи има предавања и на англиски јазик (ако не се лажам поголемиот дел се на англиски), па доколку има некој овде на овој смер, нека сподели мислење.
Јас сум втора година на е-бизнис, прва година се учи како и на сите смерови.Од втора почнува по некој предмет на англиски,интересно е се учат доста работи.Перспективен е, сите смерови се добри на економски ,но е-бизнис ти е нешто што ќе биди во иднина исплатливо.
Одењето на факултет е дел од животот во кој веќе како возрасни индивидуи треба да се одлучиме што понатаму со самите нас. Незнам кој од нас тука ќе ви даде помош кој е најпреспективен факултет. Најпреспективен факултет ќе биде за вас оној факултет кој сами ќе си го одберете. Што ако јас ви кажам драмски а вие немате ни Г-од глума а сте надарен биохемичар? Она што ќе го одберете треба и да го сакате а со тоа сте и перспективни. пр. Доколку сакате да бидете познат менаџер на некој познат брент и зацртате своја цел тогаш неможете да се запишете на медицински, ќе си отидете на економски. Пред се затоа мислам дека факултетот е дел од животот во кој вистински се насочуваме што понатаму со самите нас и за тоа треба сами да си се определиме затоа што секој од нас си ги знае целите, можностите и желбите
Искрено во денешно време најпреспективен факултет не постои! Најпреспективни ти се врските, што и да завршиш ако си имаш јаки врски одма ќе си се запослиш, во спротива и само ти да си единствена во цела држава да имаш завршено некој специфичен смер и да се отвори работно место баш на таа струка ако си немаш врски ќе се запосли тој со врски, а ти ќе си седиш дома. Дојде такво време во кое што факулетот не се цени. Сега некој ќе рече ако си имаш квалитет и знаење и без врски ќе си се покажеш е не е така кај нас не ти даваат шанса и можност да се покажеш и докажеш!