Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најперспективен факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од Annika, 27 јануари 2010.

  1. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Албански јазик, но надвор од државава не си ништо со тој јазик.
     
  2. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    А мене не ми е јасно како може да мислите дека јазиците се перспективни за во странство ?? Ете пример завршуваш филолошки факултет-англиски јазик и заминуваш во странство, каде се говори англискиот... И што професија ќе имаш таму? Само што ќе знаеш јазикот да го збориш-ништо друго. А за јазици, англиски, германски....фала богу има курсеви ќе си ги завршиш и пак ќе го знаеш јазикот :)
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. clock.sk

    clock.sk Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0
    Психологија? :D што мислите за него колку е перспективен ? :)
     
  4. AngelAny

    AngelAny Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    1
    Дипломиран јазичар и познавање на јазик, се фала богу две различни, ама сосема различни нешта.
    Како дипломиран јазичар ти имаш каде,каде поголемо ниво на јазик, што со курс никогаш не можеш да го добиеш. Не само што читаш огромен број на книги, ја запознаваш целата култура на земјата чиј јазик го учиш.
    И да јазиците се преспективни во странство, особено кога сега Мк развива соработка со др земји, и плус ако си студирал Шпански, што мајка бараш во Шпанија оди Америка,..имаат дефицит на такви кадри. Само еден пример. За јазичар има работа секаде.
     
  5. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Па и не мора да значи. Има луѓе што одат во странство и до англиски(за пример го дадов овој јазик) преведуваат на англиски за некој на весник или телевизија и си земаат плата.
     
  6. male

    male Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Ке звучам како да сум владин пратеник, али искрено да ви кажам мислам денес најперспективен факултет/и се електро, машински или технолошки..Зошто? Од самиот факт дека учиш 4 години и добиваш назив ИНЖИЊЕР а тек постдипломски...стартна плата над 25 000...тоа се факултети што и да не учиш вака-така ќе се провлечеш низ системот и пак можеш да си го завршиш..Барани професии за кои мислам дека секогаш има работа ( нормално ако ја побараш и не чекаш некој да ти тропне на врата и да ти каже: а ти машински заврши нели? нас ни треба инжињер, ќе сакаш да работиш во нашата компанија? ) итд..Башка влдава многу стипендии и понуди дава за такви факултети, компании сами се нудат за вработување, стипендирање... Јас пример студирам медицина, и моментално се каам многу зошто не отидов на некој од нив..али то му е то...сумсе фатила за оро-ќе доиграм...морам!!!
     
  7. strelecF

    strelecF Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    14
    девојки ако сакате и астрономија завршите на Кемриџ, џабе е.... ние сме таква држава што ако имаш врски или си во некоја партија ке можеш да просперираш, ако не можеш и на електро да си со 10 просек па што дека :^)
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    За електро да, машински можеби, технолошки НИКАКО! Не се согласувам со ова. Кои фабрики ги имаме ние за тие технолози, металурзи? Ај машинците може да најдат работа по фирми, електро инженерите се најбарани и најплатени, ама овие третиве ништо од тоа.

    А за платата над 25 илјади тоа па ич не се согласувам. Кој гарантира? За ниедна професија не може да се рече тоа. Знам за електро инженери што земаат плати над 1000 евра, знам и такви што седат дома. За машински инженери пак се што слушам е дека нема работа, знам за случаи повозрасни луѓе седат дома откако се затворија фабриките на времето немаат најдено асално работно место, океј младите кој-како ќе се снајдат може ама воглавно... мислам не. Технолози не познавам, ама познаваат од кај мене во фамилија постари луѓе и иста судбина како машинците - нема работа. За млади не знам, да не зборам. Не го сметам за ич перспективен.

    Значи, техничкиве факултети се дефицитарни, ама не може да се каже дека се најперспективни баш, зошто да, нема такви кадри многу, а има ли работни места? Хмм... па повеќе знам за економисти испопикани во канцеларии за фини плати, а ете демек суфицитарен е економски. Ама има работа, ете. Има и кадри, има и работа.

    Се двоумам меѓу секој или никој факултет околу перспекивноста во Македонија, се зависи од човекот, образованието, среќата... многу фактори влијаат тука.
     
    На Vik4e и antonina им се допаѓа ова.
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Пред се од парите, книшката т.е. партиската определба и кругот на пријатели на мама и тато.
    Ако ги имаш првиве кој и да е факултет ти е перспективен.
    А ако немаш од погоре набројаните тогаш ти зависи од човекот, образованието и среќата на моменти ќе си речеш несреќата што те снашла со изборот на факултет. Тука се гледа неперспективноста доаѓа од секој факултет дал од медицина, од електро, до правен, сеедно кој.

    Јас знам од електро кои се невработени или со ептен ниски плати. Беше електро перспективен, ама толку го исфорсираа да сега веќе и за нив нема место.
    Знам од медицински факултет кои стажираат и волонтираат со години. Чекаат да излезе оглас да се вработат, арно ама на огласот ќе се појават деца на доктори и пак тие старите волонтери ќе си чекаат нов оглас и нов и нов...

    Нема во Македонија факултет кој јас би го нарекла перспективен.
    Кај нас во Македонија има перспективни само средни училишта. Занаетчиски училишта.
    Оди најди невработена фризерка, козметичарка, угостител, месар, пекар. Тие од 18 години си имаат работа по струка и си заработуваат.
    Оние со "перспективни" факултети учат и учат и стануваат и магистри и на 25, 28 па и 30 години дремат дома како невработени.
     
    На Vik4e и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.264
    Допаѓања:
    140.771
    Нема перспективен или неперспективен факултет. Има само добро и погрешно одбран факлутет.

    Ако тоа што го студираш го сакаш, ама вистински, ќе се вложиш многу повеќе, и ќе добиеш многу повеќе. Ако не го сакаш... што сакаш заврши, џабе е. И што ако најдеш работа, кога врска ќе немаш, па може лесно да ја изгубиш.

    И не мора да е факултет де... треба да се работи тоа што се сака, без разлика колку образование е потребно. Не е се во формалното образование.

    Само човек треба да се познава, и да го следи срцето. А тоа не е баш секогаш лесно. Особено не на 18.
     
  11. Vik4e

    Vik4e Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Секој факултет е перспективен доколу знаеш дека од страна на мама и тато пријателите,политичка партија си имаш загарантирана плата.. Ако немаш никој близок веруваш што и да завршиш тешко дека ке те примат така.. :) малце оф топик ама мама и братучеда жената има околу 30-35 има дипломирано магистрирано и докторирано на сообраќај ама нема работа и си седи дома.. па сега секој со својта среќа како што би рекле, но каде е овде нејзината среќа, едноставно имало подобри од неа што ги примиле.. чудно
     
    На Ruby.rose му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ma-Ri

    Ma-Ri Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Jas sum na drzaven fakultet Ekonomskii....I mislam deka najdoro e da izberes pred se ona sto mislis deka ke mozes vo idnina da go rabotis..Bidejki ne e samo da se zavrsi fakultet a sto potoa ?Bidejki ne e edinstvenata cel da imas zavrseno nesto , da go izgubis vremeto potoroseno za studiranje i sl . bitno e da znaes za sto imas zavrseno i da imas sooddvetno znaenje za rabota vo oblasta na za koja sto si se opredelila za studiranje..Taka da razmisli pred da se zapisuvas .
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.403
    ^ Кога ќе излезеш од факултет,ќе сфатиш колку поим немаш од она кое што ќе го работиш. Сакаш со 10ки заврши го,џабе е,ако немаш во аклот и немаш социјална интелигенција која е многу повеќе од еден факултет. На факултет само се сетираш како да размислуваш во професијата,а не дека учиш нешто од праксата. Ништо од тоа што си го бубал нема да го затечеш на работа.Од економски факултет, сега сакате навредете се,сакате не,ама мојот став е тој, менаџмент што завршуваат поим немаат од животот,а уште помалку ќе се снајдат во оваа средина. Се се тоа некои глупи шмизли кои се замишљаат со актовки и мобилни и при тоа немаат поим што би работеле. Овој смер е пропаднат според мене. Излегуваат сакати,поим немаат како работи едно претпријатие,се гагаат со глупи предмети. Немам зборови. Мислам,дипломира на економски и не знае да ти даде размислување за одреден економски настан,ситуација,за кризата, за нашата економија. Не знае да заземе став за кој систем е, што му се допаѓа кај истиот,зошто не ги сака другите,која школа му се допаѓа. Тоа се сакато со знаење,ама дошле до дипломче и мислат бизМисменки ќе бидат,ама клучното,аклот... Ако го сакаат тоа што го учат, ќе читаат повеќе отколку она што требало да го набубаат.

    Перспективни факултети,ако реално зборуваме,има и тоа е. Електро е неприкосновен,не сме ни свесни што се случува во позадина.Еден куп странски софтверски фирми има тука,минимална плата со која се почнува е 27 000,со зголемување веќе од после 6 месеци. Попаметните работат и како фриленсери, по дома,па заработуваат уште повеќе. Значи има перспективни,ако приоритет ти се заработувачката и надградувањето. И при тоа под надградување не се мисли само на шефче или МЕНАЏЕРЧЕ (бејби,во Македонија вакво нешто е мисловна именка,што сакаш збори),туку оваа малограѓанштина овде не утепа со идејата дека достигнување е да бидеш ШЕФ,а не професионалец во свето поле.
    Во теорија,така е. Ако сакаш нешто и го работиш,ќе бидеш врвен,ако не ќе бидеш просечен. Но, познавам и такви со маестрални умчиња,кои имаат љубов кон нешто друго,но стварно се капа да им стигнеш и во она кое го работат веќе кога почнале и со текот на времето ги мотивираат другите работи како заработувачка,сознанија,контакти, деца,семејство.
    Идејата е,што сакаш заврши ако си глуп и туп,џабе ти е. Ако си затворен малограѓанин кој сања да биде НАД некого и се провлекува низ иглени уши во она што го работи,пак џабе ти е,од тебе ништо нема да биде освен една огромна суета и толку. Ниту ќе научиш,ниту ќе постигнеш.

    У принцип,сите технички факултети се перспективни. Дефицитарни се,барем уште некоја година.
    Едини факултет во кој нема простор за импровизација и во кој непростливо е ако немаш склоност е медицинскиот,е за тој пак,кај нас исто така нема соодветни услови и образование... Кој како сака нека рече од истиот излегуваат само надри лекари и нечии деца или деца кои се двоумеле дали на тој или на друг и во последен момент се одлучиле.За овој факултет нема двоумење или многу го сакаш и се решаваш за подвигот или не го сакаш.
     
    На LadyGaga7, senza.parole, male и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Felicia

    Felicia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    56
    Од секогаш сум се чудела на луѓе кои ама баш ништо не ги влече во животот!
    Познавам неколку такви луѓе и никако не ги разбирам.

    Мој совет е да идете по тоа што ве влече вас!
    Најдете си го својот пат и истрајте! Најубаво кога ќе работиш тоа што тебе те интересира и го сакаш.
    Оставете ги муабетите онаа професија нема перспектива и такви слични муабети.
    И да магистрирате (а познато ни е дека кај нас може да се дојде до тоа ако имаш некои други "квалитети" а не знаење) ако не ве бива во нешто немате перспектива.

    Не е битно што работиш туку како го работиш!
    Ако на нешто се посветите од срце а со тоа и ќе си ја работите работата квалитетно без разлика и да сте хигиеничарка работодавците тоа ќе го препознаат и ќе си го добиете заслуженото.
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Можеш да магистрираш ако имаш пари и никој друг ,,квалитет не ти е потребен,,. Па секој трет денес бидна магистер :tmi: . Тоа значи дека утре ќе имаш 3 000ден поголема плата од оној кој не е магистер па така за едно 20год ќе ги повратиш вложените средства и почнеш да печалиш :tmi: .
    Го изиграа и унакажаа и оваа звање

    Штом Латас :D бидна Д-р што останува за другите смртници :geek: абре се подјебаваат како сакаат
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    И двајцата мои братучеди завршија Рударски факултет и двајцата работат во рудник. Едниот што не магистрира е шеф на смена во фабриката каде се преработува рудата, а овој што магистрира подготвува мапи, влегува во рудникот и зема помала плата од другиот. Значи магистратурата ништо не значи, се’ зависи од тоа колку си снаодлив и колку го разбираш она што го работеш.
     
  17. clock.sk

    clock.sk Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0
    Девојки сакам да се запишам за медицинска сестра во Штип, па што мислите за факултетот?
    Но, малку ми е страв бидејќи имам страв од крв дали ќе можам тоа да го совладам со тек на време...?
    Мислење ве молам ? :?: :*
     
  18. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    тоа како и да е ќе си го надминеш со тек на времето ќе се навикнеш да гледаш секојдневно крв да боцкаш други (секако ако има потреба)
    но кажувам
    ти немораш да се запишеш негде по туѓа воља мораш најпрво да имаш желба да се запишеш и големи интереси кон струката па за другото е лесно а иначе ако се запишеш на медицински факултет нема да се зезнеш! ;)
     
  19. Saniche19

    Saniche19 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    10
    драво драги феминки. Во Август планирам да се запишувам на Филолошкиот факултет во Скопје смер превод и толкување. Е сега би сакала да ми помогнете околу изборните предмети. Јас би сакала да бирам Дипломатска комуникација, Шпански јазик и уште еден ама не сум одлучила кој. Имам една другарка што многу добро поминувала и супер и било. Е сега ме интересира дали ако изберам шпански јазик на ПИТ ќе почнам од нула да го учам? Ккави се професорите? Генерално кои предмети се така полесни и кои се најбирани како изборни? Вашата помош ќе ми биде од корист, посебно ако знаете нешто повеќе за шпански јазик како изборен на ПИТ. Однапред благодарна

    ќе може ли некој д ами одговори на прашањето? го поставив и на други теми и немаше одговор а битно ми е :(
     
  20. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Не сум на ПИТ, ама моја другарка и поранешна цимерка е. Учеше и прва и втора година Шпански јазик и двете и се положени со шестки, а останатите оценки и се осмици, деветки, десетки. Сега не знам, дали беше до предметот или до професорката, ама си спомнувам дека се жалеше другарка ми. Инаку знам дека супер си помина на Дипломатска Комуникација, мислам дека со семинарска зема 10ка. Третиот изборен и беше Комуникација и реклама и предметот бил интересен, прилично лесен. Се надевам дека барем малку ти помогнав. :)
     
    На Saniche19 му/ѝ се допаѓа ова.