Ти благодарам за одвоентот време, и за кажаното искуство од страна на другарка ти. Јас сакам шпански да го изберам ама страв ми е да не зезнам
девојки може ли некој кој што е на новинарство да ми каже како е.Не сум многу информирана,а сакам да се запишам вондредно и да работам,дали е тежок?нешто ми спомнаа дека имало и усмено полагање?
Според мене економија. Па уште и ако мислиш на оној бизнис логистика во Автокоманда- дисперзираниот од штипскиот универзитет, нема место за никаков муабет.
Девојки да ве прашам... За електро кој предмети треба да "ти одат" ? После завршување на факултет што ќе работиш? Јас се двоумам помеѓу електро и медицина.. Што мислите вие кој е поперспективен? Знам дека се сосема различни но и двата ме привлкуваат )
^Види за електро ако не ти иде математика и физика воопшто не припарувај. И двата факултети се доста тешки па размисли. Сега доктор можеш единствено на приватно да успееш а електрото е најбаран, најголеми плати земаат програмерите. Ако сум грешка нека некој ме поправи .
Мислам дека смерот постои веќе 6 години, значи понов смер е, со дипломирање на оваа насока се здобиваш со звање: Дипломиран молекуларен биолог. Студентите се обучувани да се вклучуваат во научно - истражувачката дејност, значи би работеле во лаборатории со научно - истражувачка дејност ама не знам колку би се нашло работа овде во Македонија. Интересен е за изучување и доста перспективен во странство, ама во Македонијава...
1.Студиска програма за македонски јазик и литература насока: наставна диплома: Професор по македонски јазик и литература 2.Студиска програма за македонски јазик насока: двопредметна диплома: Дипломиран филолог по македонски јазик со странски јазик како втор главен предмет Кој мислите дека е подобар? И со овој вториот каде после може да се работи?? Ај помош ....
Со првата опција по дипломирањето добиваш звање професор по мак.јазик и литература и можеш да работиш во основно или средно,таа насока е наставна.Другава насока не е наставна...за да сакаш еден ден да предаваш,треба да дополагаш уште 3 испити ( педагогија,психологија и методика).Јас лично би ја одбрала вторава...зошто? Земаш некој странски јазик под Б, пр.Англиски,германски итн. и по дипломирањето ги дополагаш тие 3 испити и после можеш да ги предаваш двата јазика.А со првата насока само македонскиот може да го предаваш,така да шансите за работа ти се поголеми со двопредметната насока.
Девојки заинтересирана сум за маркетинг - економски на уким, но читнав нешто и за надворешна трговија па и тоа ми го привлече вниманието. Прашањето ми е кој од овие два смера има поголема перспектива?
Како се менуваат времињата така и перспективните факултети.Кога се запишував медицината беше најперспективна.Денес не е повеќе,катастрофа е здравството. Денес перспективни-според мене,се-машински,електро,информатика,фармација.
Знам дека песпективноста е релативна работа, исто и кои се денес најперспективните факултети, но сепак сакав да слушнам нечие мислење за перспективноста на овие два факултети денес зошто за четири години можат многу работи да се сменат.
Индустриско инжинерство и менаџмент на машински или геотехника на градежен?Веке подолго време се двоумам помегу овие 2 факултети и стварно не знам што да одберам?според вас кој е по перспективен?ве молам за совет
Одлучив да одам на ФИНКИ, но никако не можам да се одлучам на кој смер да одам. За ИКИ и КНи ми велат дека се претшки и дека многу подобро ќе си поминам ако изберам ИНФО или Е-технолигии. Некој совет?
ИКИ и КНИ ,не се претешки , КНИ барем не е до толку тежок. Инкау Е-технологии е најлесен, ама навистина е знам што можиш да работиш со тој смер иако многу што годинава аглавија на КНИ ќе се префрлаат на е-технологии. Повеќе би ти го препорачала ИНФО, тој е полесна да речам врзија на ИКИ, и знам неколку квалитетни програмери што завршиле на тој смер.
а како да ги најдам предметите од ова молекуларна биологија, затоа што ги нема на страната, не е напишан како отсек, барем јас неможам да го најдам ?