Студиската програма по Молекуларна Биологија содржи 43 предмети од кои 11 се изборни. 1 семестар: Биофизика, Општа хемија, Математика, Клеточна биологија, Основи на анатомија на човек 2 семестар: Анатомија и морфологија на растенија, Хист и ембриологија на животните, Органска хемија, Биостатистика, Изборен, Изборен. 3 семестар: Биохемија 1, Типологија на животните, Аналитичка и инструментална хемија, Биохемија на растенијата, Изборен. 4 семестар: Молекуларна физиологија, Биохемија 2, Систематика на растенијата, Физичка хемија, Изборен, Изборен. 5 семестар: Молекулаарна физиологија на животните, Основи на молекуларна биологија, Микробиологија, Основи на екологија и еволуција, Изборен предмет. 6 семестар: Молекуларна физиологија на растенијата, Општа генетика, Имунологија, Клеточни мембрани и рецептори, Изборен, Изборен 7 семестар: Молекуларна генетика, Генетски инжинеринг, Изборен, Изборен, Изборен. 8 семестар: Применета молекуларна генетика, Ензимологија, Биотехнологија, Хумана генетика, Изборен предмет. Ти ги препишав од прирачникот од ПМФ што го имам дома.
Девојки, сакам да се запишам на филолошки -италијански и албански и ме интересира дали имам шанси со 77,76 поени :Ѕ Дали ќе ме примат ?
Да прашам, сестра ми деновиве ке се запишува на оној факултетон мир одбрана и безбедност на филозофски што е, баравме тема да прочита нешто ама не најдовме, па ако имате некоја информација било каква, споделете ја Дали може лесно да се најде работа и било каква друга информација ни е добредојдена
^повели тема obrazovanie/filozofski-fakultet-institut-za-bezbednost-odbrana-i-mir-t13832/?hilit=%D0%B1%D0%B5%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82#p1255372
никој со ниеден факултет не ти гарантира работа а за бодовите се зависи од генерацијата и останатите пријавени кандидати, тоа никогаш не се знае http://fzf.ukim.edu.mk/index.php?option ... lang=mk-MK толку од мене, повеќе нека ти пише некој ако студирал таму
Што мислите за новиот смер на Фамис- европски интеграции и менаџирање со европски проекти . сеуште се двоумам дали да се запишам дали би вредело?
Дечки што мислите, кој факултет има поголема перспектива, дефектологија или превод и толкување - англиски јазик. Страшно се двоумам меѓу овие две. И тоа и тоа го сакам. Уште ова и веќе не прашувам овде.
Јас се откажав од Дефектологија од причина што сите ми велеа нема да најдам работа и дека овде има дефектолози што се без работа. Што знам, јас многу сакав дефектологија, ама ете ќе завршам и после што?
Не сакам да ти викам дека си направила грешка, ама верувај за секој можен факултет ќе се најде некој кој ќе ти го каже истото. Јас сега ќе бидам трета година и пред да се запишам сите ме бодреа за изборот, ко демек одлично се супер. А сега постојано слушам од тука-таму некој како со истиот факултет бил без работа, не се исплатело и слично. Значи работата е - колку луѓе толку умови. Не ме интересира кој што вика, мене целта во животот ми е тоа и тоа, за да го остварам откочна даска ми е да го завршам овој факултет. Не се мислам дали ќе успеам, затоа што знам дека ќе успеам. Се ќе дадам од себе и ќе верувам во успех. Не помислувам на неупех. И не сум нереална, свесна сум дека веќе се е партиска книшка или мама, тато, чичо, стрина, ама на мене е да учам и да верувам во себе. Пред уписите буквално на секој можен факултет помислив, и за секој избор некој ќе кажеше нешто негативно. Никој не може да ти ја знае судбината, нити како ќе биде за 3-4 години кога ќе го завршиш факултетот. Прави го тоа што сакаш без ич увце да те заболи. Тие што седат дома без работа не сакаат да ја најдат, или имаат превисоки критериуми. Секој што тргнува со помисла ќе се запишам на тоа и тоа за да бидам богат, во старт прави ОГРОМНА грешка. Со среќа нека ти е ако се запиша веќе, или ако се запишуваш утре и што и да си одбрала учи го со мерак за да го завршиш, и не се замарај што после факултетот затоа што за тоа има време.
Сите сакаме да работеме на струката, нели? Е, па има некои кои работат во бутик, а го завршиле овој факултет. А, со овој факултет сега што се запишав, знам дека ќе најдам работа веднаш. Зашто во болниците нема акушерки со факултет. Ни овде, ни во Кочани. Преска беше братучед ми од Кочани и кажа дека барале акушерки таму. Плус оваа насока е нова, од оваа година. Така што после ќе најдам работа полесно. А за тоа дека има невработени дефектолози, има, во мојата населба имало 2. Демек имало дефицит на дефектолози, нема врска. Ако има ќе ги вработат. И се зборува дека секое школо треба да воведе дефектолог, ама кое школо има дефектолог? Никое. Не вработуваат, не зашто нема, туку зашто не сакаат да вработат. А и плус со овој сега можам да работам приватно и самостојно, да отворам ординација.
Девојки, ме интересира дали факултетот за Дизајн и технологии на мебел и ентериер (во склоп на Архитектура и дизајн при УГД) и оној за мебел на УКИМ се всушност исти ? И дали на насоката Просторно планирање и урбанизам (Архитектура и дизајн - УГД) упишуваат студенти? Зашто читав демек не ни постоела таква насока, а е наведена таму во додипломските студии, додека ја нема во постдипломските. Малку нелогично ми е тоа, па затоа прашав - ако има некоја тековна студентка која се запишала на факултетов нека ме контактира преку ЛП.
Здраво на сите од форумовЈас дипломирав на природно-математички факултет во Скопје,професор по математика.мислам дека е доста перспективен и дека нема многу кадар така да големи се шансите за добра работа....Што се однесува до перспективноста покрај ПМФ ги препорачувам и Електро,Машински,Технолошки,Градежен.......тешки се али се исплаќа тоа се факултети за поздрав!!!
Ахам, да А бре убаво што си позитивен, ама и мојата најдобра другарка заврши математика, па запиша и постдипломски, па откако 5 години не најде работа се пресели од земјава, но благодарение на нејзиниот сопруг! Е сега, штом со професор, засукај ракавите и почнувај со лепење на плакати-партиски. Друг избор ...тешко!