Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најперспективен факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од Annika, 27 јануари 2010.

  1. bickag

    bickag Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    38
    Зборувај во женски род,не сум машко :D (професиите немаат машки,женски род,професорКА,докторКА.....) нема врска,мислам дека нема да ми замерите за исправката :D Не сум лепела плакати,затоа немам државна работа,нажалост тоа што го кажа е апсолутна вистина,но тоа е тоа,да се надеваме на бодобри денови :D Поздрав и секое добро!!!!
     
    На veronikaveronika му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sunrise17

    sunrise17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    17
    Дали е перспективен Земјоделски Факултет ?
    Ако има некој кој е запишан на земјоделски нека ми пише лп :)
     
  3. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    3.991
    Пол:
    Женски
    медицински ! Па електро и машински :)
     
  4. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Ма, ајде те молам.
    Медицински одамна падна под електро.
    А, зошто воопшто го спомнуваш машински?

    Само електро и точка! Се знае каде е иднината денес, убаво си пишува во насловот на групата - најперспективен.
    Односно, јас да појаснам, не мора да значи електро само ФИНКИ и ФЕИТ, туку и УИСТ. :)
     
  5. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Медицински никогаш нема да падне, секогаш има потреба од медицински персонал, каков и да е.
    А електро за 10 години и не се знае баш колку ќе биде потребен, имено, со неколку завршени курсеви можеш да работиш како програмер, електро-инжењер, а медицината за жал, не може да опстои само од неколку курсеви. Баталете глупави пропаганди од владата за да се популаризира новиот факултет (за ФИНКИ зборам), сега за сега има потреба од таков кадар, ама за неколку години не.
     
    На Name и Ingvild им се допаѓа ова.
  6. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Да, има, ама надвор од нашава земја - кај нас, дипломирани доктори по општа медицина работаат како волонтери за 5000 денари, што е БЕДНА плата за еден доктор.

    И воопшто не се согласувам со тоа дека електро нема да е потребен за десет години - тоа нема смисла!
    Технологијата од ден-на-ден се развива се повеќе и повеќе, и ќе има многу голема потреба од тој кадар, а особено од новите професии кои произлегуваат.
    И да, факултетот е секогаш повеќе ценет, остави ти курсеви, тоа никој не ти го признава - прашај кој сакаш од која било фирма за веб дизајн и програмирање.

    И јас, воопшто не алудирав на ФИНКИ, баш напротив повеќе алудирам на УИСТ, бидејќи јас учам таму и кај нас има далеку подобри смерови од тие на електро во Скопје.
    Кадрите кои излегуваат од мојот факултет се најбарани во моментов, бидејќи професијата е толку нова што се повеќе и повеќе се бараат професионалци во таа област.
     
  7. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    201
    Перспективен факултет?!
    Во Македонија?!
    хахаха
    Одамна такво нешто немаме овде!
    Зошто се силите со тоа јас учам ова, па тоа е најперспективно?
    Ако не поседуваш квалитети (амбиција, способност, желба, харизма и комуникативност, знаење, маркетинг способности ) и ако немаш пријатели џабе ти е се.
    Познавам доктори кои ги затворија своите ординации заради тоа што немаа пациенти
    Познавам личност со 10ка просек на ФЕИТ кому му ветуваа работа на факултетот, па сега седи дома.
    Познавам професорка по математика која се вработи на 37години
    Познавам стоматолог кој исто така ја затвори ординацијата заради преголема конкуренција и заради немање на пациенти
    Познавам личност која дипломира ПРВА ГЕНЕРАЦИЈА маркетинг менаџмент и има одлично познавање на грчкиот јазик па еве 20години седи дома
    Да продолжам да набројувам??!!
    Само најупорните и најамбициозните успеваат
    Џабе ти е тебе диплома доктор ако си арогантен, препотентен и ако не знаеш како со луѓе да се однесуваш
    Џабе ти е и диплома од ФЕИТ ФИНКИ и сл... ако не знаеш една проста реченица да сврзиш,
    ако си тумрук што би рекла баба ми...
    Секој треба да учи на поле каде може да ги покаже своите квалитети, а не на она поле за кое е општо прифатено дека недостига кадар
    Велат правници и економисти ги има многу
    Во мојот град знам четворица кои ги држат сите в раце
    Врвни адвокати кај кои сите се упатуваат
    Познавам стоматолог кај кого цел град оди
    Познавам гинеколог кај кого сите одат
    А другите, дипломирани синови и ќерки на она поле на кое дипломирале нивните родители.. Ете тука е грешката! Не значи дека ако татко ти или мајка ти биле успешни дека ќе бидеш и ти!
    И за да не бидете залутан Блаже Конески на електро или Бил Гејтс на филолошки- учете го она што сакате да го учите, она за што сметате дека имате предиспозиции, а не она што некои личности ви го препорачуваат! Затоа што на крај краева вие треба да ја работите таа работа цел живот!
    И вие треба да бидете среќни со вашиот избор!
    Замислете само иден доктор на кој му се лоши од крв :lol:
    Ако ја имаш желбата, амбицијата, знаењето и квалитетот, способностите нема да останат незабележани ;)
     
    На МевикаатАнчи, Anonym123, yandec и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Факултети со кои се стекнуваш со добар ЗАНАЕТ , и си биваш после сам свој газда .
    Според мене овие ИКИ, ФИНКИ, минки :D , се што е околу програмирање ( поправете ме ако грешам за истиве ) , зашто познавам многу што ем имаат работа , ем во " слободно време " нон стоп работат на некои проекти, било да е тука, било да е нешто преку интернет.
    И медицината е занает, ама да си пример кардиохирург и да те бива се разбира , иначе со општа не си ништо.
    Па и да си добар фризер , без диплома можеш да зимаш добри пари ако знаеш да им угодиш на муштериите.
    Муабетов ми е , не е битен толку факултетот ( зашто искрено кај нас и не можеме да се пофалиме со некоја јака пракса ) колку што е битно инвестирањето во себе. Диполомата сама по себе ништо не гарантира ( добро сега ако немаш некој чичко, вујко, баба, тетка претходно на некоја фотеља таму :lol: )
     
  9. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Па ако беше за надвор од нашава земја, секој факултет е перспективен. А поединечни случаи за работа од 5000 има од секоја област, не само од медицината. Земено во глобала, медицината не може да падне значи, секогаш ќе има болни и е наука која не може да ја работи никој друг освен човекот, додека за информатичките смерови има многу решенија. Инаку, кај вас можеби има најмногу смерови, ама како што кажа ти, ако повеќе се ценат факултетите отколку курсевите, дипломата од ФИНКИ и од Електро далеку е поценета отколку од Охридскиот факултет, мислам без навреда. Инаку, реалноста е таа што луѓе со завршени курсеви ги работаат истите работи што ги работи некој со диплома, дури и некои курсеви имаат предност, што не е случај во медицината. Јас не учам медицина за да ја бранам толку, ама реално ако гледаме не може ништо да ја собори, моментално можеби е на исто место со информатика, ама никогаш нема да падне под неа.
     
  10. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Па ако гледаме така и Земјоделски е перспективен, затоа што Македонија секогаш ќе биде земјоделска земја. Особено оној смерот за храна, како и да е точно името - луѓето стално ќе јадат, нема бегање од тоа. Или некоја феминка што се запишала за нутриционист, пак е истото луѓето цело време ќе јадат, за зошто да не јадат здраво ако има кој да им каже како?!
    Секогаш ќе ти треба економист или правник во фирма, секогаш ќе ти треба некој со електро или информатичар, дали да ти помогне за компјутер, дали да ти изгради електро централа или што ја знам што се работат со Електро.
    Ниедна професија не умира, ама многу убаво пишала девојката погоре - колку тебе те бива во тоа што го работиш, толку ќе бидеш успешен.
    Да, врските денес се на прво место, ама може е време да тргне секој да се преиспита дали стварно сака да го работи тоа што го завршил, и ако е така дали стварно ќе му е толку проблем да работи за почетна плата од 10 000 денари. Мене искрено после факултет да ми понуди некој плата за 10 000, а при тоа живеам кај моите, немам деца, одма би прифатила. Многу е модерно сега да се туфка и квичи, за плата од 10 000 не искачам од дома. Не мораш, ама никој не тргнал од врвот, а и тие што тргнале брзо се симнале 1000000 нивоа подоле.
    Кај нас ем се сите апла сиромашни, ем никој не сака да работи за просечна плата.
    Само желба и упорност, ништо друго.
     
    На Anonym123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Па земјоделски и Е перспективен во Македонија, само што никој не сака кај нас да биде дипломиран земјоделец, не им звучи убаво на ушињата.
    Видете, точно е тоа дека колку ќе се снајдеш толку ќе си живееш, ама тука се збори за најперспективен факултет а не за најснаодлив македонец. А нутриционистите исто ко психолозите во Македонија ... преиспитај колку луѓе во твоето опкружување одат на обичен лекар а колку на нутриционист или психолог. И точно е тоа што си набројала, дека секогаш треба економист или правник, не збориме тука дали некоја професија ќе изумре, гледај колку има невработени економци или правници и спореди со лекари.
     
    На Anonym123 и baby-star им се допаѓа ова.
  12. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Јас сметам дека не може да гледаме туку така на работите.

    Перспективата е индивидуална.
    Еве да ја земеме медицината на пример. Што ако не те влече? Не дека не може да се научи, може, ама колку и да е перспективно, лично јас, мислам дека ниту 15 минути не би издржала да работам како доктор.
    Истото важи и за другите струки.

    Не ме влече, не сакам тоа да бидам, едноставно за мене не е перспективно.
    Треба да си приземјен и да одбереш нешто што ти е прикладно тебе и исклучиво на твојата иднина.
    Не велам треба да се зафатиш нешто што апсолутно нема да успее кај нас, само затоа што ти го сакаш тоа, но треба да се пронајде во најмала рака нешто приближно.

    А после факултетот, кој како ќе се снајде. :)
     
    На Anonym123, Hipster и MandyLane им се допаѓа ова.
  13. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Па јас би рекла дека има исто, ако размилиш дека од лекариве по 10 години стажираат за 3 000, а некад ни за толку. За тоа со Земјоделски апсолутно се слагам! Македонија има толку можности за развој на земјоделието, а спротивно на тоа исто толку е во минус со економија, индустрија, технологија. И пак сите летаат по тие факултети, затоа што се звучни на име.
    Мене искрено срце ме боли кога гледам какви доктори имаме, за жал последниве 2-3 недели неизбежно морав да отидам на општ лекар и не сакам да коментирам за тоа колку се неписмени, или па не им се работи затоа што се исфрустрирани од тоа колку се они потценети кај нас, а реално се ужасно потребни сите го знаеме тоа. И затоа, нареден пат кога ќе имам проблем јас ќе одам кај друг лекар, кај некој кој ќе ми посвети малце време и кој нема одма чим кажам што ме мачи да ми даде упат за на друго место, туку ќе знае барем отприлика да ми каже што ми е. Јас да учев 6 години општа медицина и пак да не знам основни работи ќе ми беше неописливо срам! И таков доктор не може да биде успешен, џабе му е приватна ординација, ќе отиде некој 1-2 ќе види дека докторот не му баш од корист, па сакал нејќел ќе отиде кај некој што сака да се посвети и што ЗНАЕ затоа што му било мерак да научи. И на крај, најбитно од се џабе е таа диплома за завршен Медицински факултет, кога да ми извините на речник, не знае у гз да се брцне.
     
    На Anonym123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    3.991
    Пол:
    Женски
    Како можеш да кажеш дека медицински паднал ? Како прво никој не може лесно да го заврши тој факлутет 8 години е или више врска немам ама сигурна сум дека со тој факлутет полесно се наоѓа работа зошто како и да е на земјава и итребат искусни лекари не можеш да кажеш дека медицински не е перспективен !
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  15. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Чекај малце! Не мешај ми ги зборовите!
    Јас никаде не спомнав дека дипломата од мојот факултет не важи - кажав дека курсевите не ги признаваат, а не мојот факултет!
    И да извиниш, ама дипломата од мојот факултет е призната и надвор од нашава земја, а особено во Америка, па со тоа доаѓа дури и над ФИНКИ и ФЕИТ. Така да, тоа ме води до заклучокот дека јас воопшто не морам да се секирам за тоа дали ќе најдам работа кога ќе дипломирам - ќе најдам во секое време и тоа без врски.

    Јес да повеќето работни места денес се пополнуваат со неартикулирани мајмуни, т.е. со врски, ама не мора да значи дека човек не може да успее ако сака. Успехот им стои на сите кои се обидуваат да го постигнат, дали овде или надвор од земјава. Познавам толку многу личности кои се амбициозни и своите вештини ги докажале надвор од нашава земја и се успешни луѓе.

    Често ги разгледувам огласите за вработување, иако во моментов немам потреба од работа, бидејќи сѐ уште студирам, па затоа и тврдам дека информатиката и нејзините гранки се најбарани професии во моментов. Многу ретко гледам огласи за доктори и медицински сестри во нашава земја, туку најчесто има повик за македонски доктори и сестри во Германија, бидејќи таму моментално има недостиг на медицински персонал, а не кај нас. Кај нас само се натрупуваат нови и нови невработени кадри.
    А, кога станува збор за мојата професија, има над илјада огласи од фирми за веб дизајн, програмирање, анимација, кои бараат PHP, HTML и Java дизајнери, C, C++, C# програмери, итн.

    Не ми е намера да се карам со кој било, само докажувам поента и реалност!


    Искусни лекари, да, ама ретко кој лекар се откажува од работата за да му отстапи место на некој млад, тазе дипломиран со очајна желба за работа. Лично познавам докторки кои работаат за 5000 денари месечно, а дипломирале на медицински универзитет во Романија. Жално е, ама тоа е судбината на докторите во Македонија.
    И не, не се наоѓа полесно работа. Јас учев медицина во средно, ама се откажав од идејата да одам на медицински, иако моите родители се во медицината, поради истата таа причина што во Македонија нема работа, а дипломата како дипломиран доктор по медицина не би ми била призната во странство, па за да толку лесно најдам работа. Одново ќе треба да учам таму и да преполагам.
    Чиста среќа, како што сте напоменале погоре дека е важно да те привлекува нештото што го учиш, мене ме привлекува и информатика и јас си го љубам факултетот од тука до месечината и назад, па воопшто немам проблем да се адаптирам и никој не ме натерал да го учам ова, наместо медицински.

    Тоа е тоа, ова се сите факти. :)
     
    На Anonym123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Извини женска, за технички факултети Електро е закон!

    А дека дипломата од тој факултет што не знам ни на кој мислиш ќе ти вреди повеќе од Електро па и финки ете, мало морген. :rofl: Ќе се смее ако те слушне некој. Ако, ти теши си се, ама немој да мислиш дека сме амеби ние овде на форумов и глупи и не знаеме како стојат работите во државава.

    Уште еднаш од мене, најтежок во буквално секоја смисла на зборот, воедно и најперспективен факултет е електро. Крај. Нема дискусија бе народе.
     
  17. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Плавуша за електро.
    Инаку некој кој ке каже дека најперспективен факултет е Економски ми се лоши. Точно е дека со него можеш да работиш повеке работи, пошта, банки, итн итн. Ама де нека ви текне колку малку работни места има а ПРЕМНОГУ кадар. Само јас познавам 10-15 души кои имаат завршено Економски и седат дома оти си ја ценат дипломата. А и со овие приватниве веке секој втор завршува Економски иако не знае 2 и 2 колку е. Пример двајца мои школски во средно беа дупка математика, бизнис, и економија. И ево ти сега се дипломирани Економисти. Е затоа веке на диплома верба се нема. :!:
     
  18. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141

    Не знам на кого ќе му се смеат. Не знам зошто воопшто се обидуваш да навредуваш и што мислиш дека ќе постигнеш со тоа.
    Ако ти самата себеси се ословуваш како амеба, а и останатите тука, значи ти го имаш тоа мислење за себе, а не јас, бидејќи јас никогаш не сум го употребила тој збор за да го опишам некого на форумов или себеси.
    Јас убаво пишав дека не дојдов да се карам, само докажувам поенти и очигледни работи.

    Ние веќе два семестри имаме студенти на размена со универзитетот Норвич во Америка - а, што има електро? Повеќе истражувања од нас и поголеми училници?
    Плус, на рангирањето на универзитетот од Шангај, УИСТ имаше 100ка за Teaching & Learning, бидејќи ги имаме најквалитетните професори во земјава, односно изживеани луѓе кои студирале и дипломирале на престижни светски универзитети.

    Така да, женска, не сум ти јас крива ако ти не си доволно упатена и ако си ги сфатила во погрешен контекст моите зборови кои беа најмалце упатени до тебе.
    Да, УИСТ е прилично нов универзитет, ама се развива со неверојатно голема брзина.

    Толку од мене.
     
  19. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Епа тоа е муката бе луѓе. Се залетуваат сите по „перспективни“ факултети, без желба да го учат тоа со надеж дека ќе имаат ПАРИ. И после цврц, пренатрупан ист кадар, ми се фали учи на Финки, а не знае англиски и не знае едно програмче да направи. Завршил медицина, а за настинка ме праќа да правам алерго тест! Ми дава антибиотик затоа што ми течел носот! Или обратно, одам со алергија а ми вика да не се нервирам и да јадам овошје и зеленчук!! Па нели е тоа срамота?!
    Дискусијата е дека џабе студираш перспективен факултет ако немаш желба за тоа. Ќе ја имаш дипломата, ама никад нема да бидеш успешен. А на крај, ќе бидеш и незадоволен и после крива е државата, факултетот не нуди добра подготовка и слично.
    Бирање на факултет според перспектива во моментот, на страна од желбата, не е обид за успех туку АЛЧНОСТ по пари. А тоа не води ама баш нигде.
     
    На Anonym123, Name, JoxyTheFreak и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Луѓе, сфаќате што значи зборот најперспективен? Што мешате баби и жаби? Што има врска субјективна желба, амбициозност и снаодливост со перспектива?
    Најперспективен, значи со најголема побарувачка за работа, најмала стапка на невработеност, моментално информатика и медицина.
    Мене муабетот ми беше дека информатика нема да биде за долго најперспективен, додека медицина секогаш ќе има побарувачка.

    А инаку Малечката (и сите идни студенти), не се лажете дека во државава има факултет што е признаен некаде на друго место...освен можеби некој од приватните. Ќе видите кога ќе завршите која песна ќе ви ја пеат. И да, Плавуша во право е, колку и да не сакаш да признаеш, Електро повеќе е ценет од УИСТ, всушност, најценет универзитет е Кирил и Методиј, после него доаѓаат другите, ама темава беше за најперспективен колку што се сеќавам. И јас не реков дека не ја важат твојата диплома, секоја диплома ја важат, а за курсевите дека се признати имам луѓе што ги познавам што земаат поголема плата од луѓе со факултет.
    Дај боже сите да се вработите како што се надевате и дај боже да грешам.
     
    На doll.a и Plavusa.17 им се допаѓа ова.