Да знам што е најперспективен факултет, а јас тупам овде цело време дека џабе е ако завршиш перспективен факултет само затоа што е перспективен, а не затоа што тебе ти се учи тоа. Супер е да го студираш тоа што го сакаш и плус да се големи се шансите дека ќе биде потребен кадар од истото, што пак е огромна игра на среќа, затоа што тоа што е денес перспектива за 4-5 години може и да не биде. Реално за информатичари мислам дека најголема побарувачка имаше пред 10тина години и од тогаш е таа мода. Ама со оглед на тоа колку брзо напредува технологијата, не можеш да кажеш дека нема да е за долго перспективен. Од друга страна што ако има побарувачка за доктори кога не ги плаќаат, а плус има безброј невработени? А тие што успеваат некако да се пробијат често не сакаат да работат за 16 000 денари. Еве јас познавам една девојка т.е. жена, заврши медицина, во приватна ординација и нудат 15 000, а во средно школо да биде професорка 20 000. Што е смешно, ако е така можела Историја да заврши па да биде исто професорка. Ама нејзина желба била медицина и знам дека еден ден ќе успее. А мојата докторка што не знае основни работи, може цел живот да си ја има ординацијата ама никогаш нема да има епитет на квалитетен доктор и со тек на време ќе има се помалце и помалце пациенти. Тоа не е успех. Луѓе учете што сакате, оставете ги мама и баба, секој сака детето да му е доктор или некоја звучна професија, ама нема они да го работат тоа туку вие. Верувајте, се што е сработено со сопствена желба и труд ќе се исплати. И никогаш немојте да имате преголеми очекувања уште од старт, секогаш одете постепено.
А добро ако толку си го цениш факултетот дај напиши го со цело име, ова кратенкава ништо не ми значи прв пат ја гледам, морав да прогуглам да видам дека за универзитетот во Охрид зборуваш И немој да мислиш дека твојата диплома во странство ќе вреди повеќе од онаа на Харвард, Принстон, Јел. Леташ девојко, а тоа не е добро за тебе затоа што можеш многу да се разочараш. Без навреда ова, искрено мислење е само. Спушти се малку на земја. Оние екстра мулти максимум талентирани математичари и информатичари ги собираат Американциве и таквите си студираат таму со стипендија. Познаваме неколку такви од Македонија. Не слушаме често, но одвреме ќе се појави некое генијалче на вестите како му нудат стипендија на неколку факултети па тој ќе бира сега. Сите посовреме си ги собираат талентите. И ние на форумов се збунивме за момент за кој факултет станува збор, што се вели овде немаме слушнато, а не па во Америка, Франција, Германија, ги заболе нив за нас! Патем, покажуваш и доза на ароганција, јас разбирам дека си го цениш факултетот, ама ниту еден шеф не сака таков вработен. Не го пишувам ова за да те навредам, туку само малку да те спуштам на земја ако можам, ама гледам дека и другиве пробале. Убаво е да си самоуверен, но не до тој степен, затоа мој совет размислувај реално накај оптимистичко, а не научно фантастично. Факт е дека во земјава со ниту една диплома немаш сигурна иднина! Ако не ти фаќа кликерот еве и електро да завршиш, технологијата напредува, се менува, ти ако не можеш таа материја да ја совладаш сам, што ќе правиш, само на курсеви ќе одиш? И денес сите сакаат од врвот да почнат, а оние кои успеале почнале од нула Мораш сам да си го асфалтираш патот на успехот Едит: кога сите запнале за своите факултети, еве нешто од мене...Што ако вие учите медицина кога во оваа наша комедија од држава министер за здравство ќе стават правник! (што воопшто не е за оправдување, студентите добиваат идеја дека со правен може овде и супермен да се биде) Ама тоа е факт...Само партиска книшка отвора врати. И погоре си напишала дека не се грижиш воопшто за работа, т.е сигурна си дека ќе најдеш. Јас посакувам така да е, не само со тебе, туку и со сите други, ама факт е дека не е така, не паѓаат овде работни места од небо или пак се сервираат на тацна без јаки врски. Е сега ако не си некое генијалче кое знае ракети и сателити да направи и има ептен познавања од компјутери а не само фамозното C++ тогаш ти симнувам капа. Морам и ова да додадам. Жално е што и јакиве фирми без врски не примаат за пракса а не па за работа ( познавам и такви случаи). Тапкаме во место, затоа не е лошо да се биде на земја, а само одвреме на време да се пушти мозокот на пасење и на фантазирање
Значи вака, јас не го пишав постот за да почнам било каква полемизација со кого било - едноставно си го кажав моето мислење за тоа дека од медицински не бива ништо, туку дека техничките факултети се далеку понапред во оваа наша денешница. А, за тоа како одредени ме сфатија, не сум воопшто крива - тие почнаа да ги делат техничките универзитети и да го спуштаат мојот технички универзитет како да не вреди воопшто, јас не направив никаква поделба во мојот прв пост. И да разјаснам уште нешто: ниту еднаш не напишав дека некој во Америка ќе ја цени мојата диплома повеќе од тие кои дипломирале на Харвард; ама кои сте па вие да ја потценувате дипломата која јас ќе ја стекнам? И уште очекувате да се согласам со вас?! И да, ќе си давам целосно право да си го воздигнувам универзитетот каде што учам исто така како што тоа го прават сите, бидејќи мојот универзитет е илјада пати подобар од кој било во оваа држава -моментално, најпрестижен, бидејќи треба многу храброст, волја и знаење за да се учи на универзитет како мојот. Знаете ли вие колку многу се откажале мислејќи дека ќе поминат туку-така само затоа што универзитетот е нов? Се откажале не само поради тежината на предметите, туку и поради тоа што биле ќутуци по англиски јазик, бидејќи кај нас сите предавања се на англиски - дури и во ходник се зборува на англиски, и не им се мрднувало со прст да се потрудат за да се подобрат! Па, после ќе го плукаат Хилхаус или целиот академски персонал - сами треба да се плукаат што не фатиле книга и ширеле глупости по целата земја, па затоа и вие тука имате вакво мислење. Стручњаци сте, па за да процените колку е добар мојот факултет или тоа колку јас учам? Дали некоја од вас ме познава мене лично па за да знае колку јас учам и што се сум постигнала, па за да си давам за право да бидам арогантна и да си го ценам факултетот? Што треба, да го потценувам кога го обожавам тоа што го учам? Па, нема! И да, тие кои не учат на УИСТ или кои воопшто и не се потрудиле да слушнат за УИСТ, немаат никакво право да коментираат за тоа каде и колку ни е призната дипломата. Колку за информација, мои колеги кои беа во Америка минатиот семестар, студираа на Norwich University, а во исто време и работеа. И да, не работеа како келнери или касиери, работеа како програмери и веб дизајнери и добиваа дебела плата за тие 4 месеци дури беа таму. Па, чија диплома сега не е ценета и призната? Edit: Со ова што го учам имам дефинитивно сигурна иднина, нема да ги повлечам тие зборови. Огласите за работа се жив доказ за тоа, а плус мојот смер е нов и атрактивен - нема многу кадри, бидејќи е релативно нов и ние сме едни од првите генерации во Македонија, а има голема побарувачка. Плус, веќе сум добила понуда за работа во фирма за веб дизајн каде што одев на пракса - така да, има и пракса за тие чиј универзитет умее да им најде. Поздрав!
Никој не го потцени твојот факултет, никој не рече дека не вреди!!! Всушност ти си таа која ја омаловажува медицината, велејќи дека не бива ништо и ги омаловажува и сите други факултети! Преиспитај се малку што пишуваш! На крај краева од електронсково време и сето зрачење само болест може да се закачи (пу пу скраја да е) па тогаш компјутерот не те спасува, туку докторот! Срамота е ова што го пишуваш! Едит: среќно за тебе, да си најдеш работа и да успееш, ама ако си и во живо со ваков табиет како овде што се силиш, не знам колку ќе ја задржиш.
^^ Кога веке спомна за тоа дека твојот универзитет е нов и најбрзо се развил ај да си го побранам и јас мојот универзитет кој е инаку УГД, па е трет во државава, и го држи рекордот за најбрзо развиен универзитет. http://www.shanghairanking.com/Macedonian_HEIs_Ranking/index.html
Mедицинскиот секогаш ќе биде еден од перспективните факултети. Без разлика дали општа медицина, фармација, стоматологија. Утре секој дипломиран може да отворе своја ординација, аптека и секогаш ќе има пациенти. Зборот ми е дека може да има свој сопствен бизнис. А, дали тоа го може некој електраш да речеме?
Не знам, стварно сум индиферентна на темава и немам да додадам ништо друго освен тоа дека медицина и стоматологија не се перспективни кај нас (според мене) пошто како општи лекар, доколку немаш некој вработен во државна болница па да те пикни таму, си никој и ништо. Специјализација, е тоа е веќе друго, ама па кога ќе видам дека и државниве специјализации се доделуваат со врски, а не на некој кој навистина го заслужува тоа ми се гади. А нема секој пари за да си плати сам специјализација. Стоматологија, беше многу перспективно, ама веќе не, бидејќи реално гледано насекаде врие од стоматолошки ординации, а секој сака да оди кај некој кој е поискусен и попопуларен, никој нема да преферира некој почетник кој вчера дипломирал. Значи како стоматолог е екстремно тешко да започнеш. Јас одбрав фармација, тоа ќе студирам, не бидејќи сметам дека е којзнае колку перспективно овде кај нас, туку тоа ми беше желба, ама и фактот што е дефицитарна професија многу влијаеше на мојот избор. Па се надевам дека не погрешив во изборот, дека колку толку ќе најдам работа по струка, доколку не успеам да заминам некаде во странство со дипломата Што се однесува со електро и останатие слични факултети, според мене се перспективни, ама исклучиво во Скопје, во мојот град, иако е еден од најголемите градови во Македонија, има илјадници невработени програмери и електроинжињери. Јас едно ќе речам, кога ќе одбирате професија, прво одберете го она што го сакате, па ако се двоумите помеѓу две или три професии кои се ваша желба, одберете ја онаа според која полесно ќе најдете работа Но никогаш не учете нешто што не ве привлекува, само затоа што е перспективно!
Ако си ти задоволен од тоа што го учиш ќе го учиш со љубов, и желба за надградување на знаењето, ВИСТИНСКИ а не замо заради тоа што има работни места за тоа, еден ден, ќе имаш просперитет. Ви се молам не звучете како реклама на владата ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ЗНАЕЊЕТО МОЌ, па учи год што било,битно работа да имаш утре, а тоа што секое сабалје со мака идеш таму, мрзоволен си или несреќен па и ќе се рефлектира на странките со кои работиш, и воглавно на себе си. Џабе што на луѓено од работа им е загарантирана до 62/64 години, без страв дека ќе бидат избркани, кога тие и сега да им речеш да се пензионираат одма ќе трчаат да идат, од што сакат да работат таму. Тврдам, ма 102,3 посто и јас како Амди, дека задоволен човек од себе, од тоа што го учел и студирал со љубов, на соодветно работно место, работи со пол елан и интузијазам и има напредок. Тоа што во оваа наша држава нема веќе песпектива и најбарани работи,туку едно, најбарани партии и партиски книшки тоа е сосема друга работа. Знам електоро инжењери дома што седат, а знам дипломирани психолози или лингвисти што одма си најдоа работа. Се ти е до среќата, до ксметот што би рекле, како ќе ти се наместат коцките и колку си упорен и добар во тоа што го имаш завршено и барањето на работа, барем за оние кои е играат на картата партиска книшко, ко библија те носам. Добро, само јас ли останав едина што верува уште дека нема нешто подбро да учиш нешто со љубов, и дека од тоа поголем просперитет нема?
Јас сум на стоматологија и едно ќе кажам... Медицината е тешка (јас ја обожавам), ама во нашево државиче тотално неперспективна. Освен нели, ако наследиш именце и ординација од мама и тато. Ако се трудиш со сопствена пот, па богами ќе треба да се потрудиш. За разлика од нас, 80% од електрашите се вработуваат веднаш по дипломирање. Има недостаток на такви кадри во Македонија, платите се прилично високи за наш стандард. А од медицинските факултети, иако годишно има 50ина дипломирани, пак има вишок кадри. Конкретно стоматолози, има над 3000 невработени. Тоа е многу, со оглед на тоа дека една генерација брои едвај 100, од кои 60 дипломираат во рок. Не викам дека нема пари во оваа работа, ама додека стигнеш до парите косата ќе ти побели и челото ќе ти се збрчкоса. Јас си ја сакам идната професија (затоа и се запишав), ама кога се запишав гледав многу розево на работите. Сега, како годиниве поминуваат сфаќам колку сива е реалноста.
Не значи дека ако има некој нов факултет тој е најперспективен,кај нас е јасно што се бара, не можеме со еден факултет цела држава да смениме. Искрено денес да зборуваме останало она старо правило, ако татко ми е доктор и јас ќе сум (ако се потрудам), ако татко ми седи дома јас сама па како знам, ќе ми излезат милион пречки пред себе ако се снајдеш жив си ако не... Тешко е за еден студент да се опредило по перспектива каде да оди, не е како порано медицина, машински па да дојдеме до психологија, денес скоро секој се запишува и тешко е дека ќе се дојде до перспектива. Така да секој со своја среќа, на човек на стапка лесно ќе згазнеш, но на среќа тешко.
Моментално најперспективни факултети се оние од чие занимање произлегува дефицитарна струка. Значи најперспективни ќе бидат физичарите, математичарите, фармацевтите. Тие и уште неколку се дефицитарни. Една од појаките причини заради кои се одлучив да студирам фармација е баш тоа дека е дефицитарна струката и дека факултетот е перспективен. Физичар побрзо ќе најде работа од професот по англиски или па фармацевт од медицинска сестра. Ова за перспективните факултети најмногу зависи од состојбата во државата. Тоа што највеќе се бара, а е застапено во мал број тоа ќе просперира, а не обратно.
Јас целосно ја поддржувам идејата да се учи тоа што се сака, само повеќето забегувате од темата и мешате учење од љубов со перспективност на факултетот. И другарка ми го обожава филозофски, со љубов го учи но тоа не значи дека е најперспективен факултет, баш далеку од тоа. Разграничете ги поимите. Има луѓе што иако сакаат да учат едно, се интересираат дали утре ќе им се исплати учењето па се насочуваат кон нешто сосема друго. Животов не е бајка, а посебно па не Македонија, јас секако го поддржувам учењето од љубов ама ги поддржувам и тие што трезвено размислуваат.
Целосно се сложувам со Хипстер! Не забегуваме од темава, воопшто, тоа е наше мислење. А да ве прашам кого ќе примат побрзо на работно место? Оној кого со ентузијазам зборува за факултетот кој го завршил, оној кој кажува планови за иднината во областа на тоа поле или оној кој е без желба за живот и на интервју е ваков: амииии јассс не знааммм, штооо знаааам.?! Туку што зборувам и јас, ова е за во Утопија прашањево. Кај нас одговорот 90% би бил, оној со партиска книшка и пријатели! Инаку конкретно за фармација, јас колку што знам во мојов град моментално е исполнет бројот на отворени аптеки. Пред некоја година никнаа како печурки 10тина +. А мислам дека е ограничен бројот. Или пак не е? Исправете ме ако грешам. Еве и нотари има еден куп. Правници исто. Ама пак велам, сите одат кај најдобрите, другите дремат без работа. Морам да додадам и ова: Многу често, луѓето се запишуваат на оној факултет на кој ги форсираат од дома, на оној кој е општо прифатено дека е перспективен, на оној на кој мама и тате завршиле. И ајде факултетот ќе го поминат некако, мама и тате ќе им најдат работа. Ама тие таму се несреќни! И многу често покрај депресијата следува и зависноста од алкохол! Знаете ли вие колку доктори и адвокати се познати алкохоличари?! Затоа учете она што сакате да го учите! И никој не ми одговори и на претходното прашање Завршуваш електро, само затоа што е перспективен, а не ти фаќа кликерот за технологијава Се менува нешто ново, шефот те тера да направиш истражување, да го воведеш тоа во фирмата, што ќе правиш ти?! Ќе трчаш кај драгите професори од факултет да ти објаснат, затоа што ти сам тоа не можеш да ги совладаш?
Дечки, супер е ова што зборувате, и реков, и јас сум за да се учи тоа што се сака, и секој нормален е на таа страна, ама еве отворете тема да си дискутираме раат да не ја трупаме оваа со непотребни коментари. Пак ќе речам, амбиција и љубов кон тоа што го учиш нема никакво влијание на перспективност на факултетот, ти можеш да учиш и на најперспективен факултет и пак да го учиш со сила, да го завршиш колку да се заврши и пак ништо да не станеш во животот иако ете факултетот пружал огромни шанси за просперитет во животот, значи не зависи од тебе дали факултетот како факултет општо земено ќе биде перспективен, дискусијава е за факултетите не за тоа ние колку сакаме или не да ги учиме.
Нумерија, јас те сваќам тебе, и тоа што го збориш е до некаде така, ти мислиш конкретно на побарувачката на работна сила, во Македонија. Но таа постојано се менува, значи стрикно сте запнале за електо, да океј, нема толку студенти како побарувачка, т.е немало, зашто сега бројот троструко се зголеми, а искрено па и незнам дали ќе има толку многу работни места,сепак не сме ние индустриска држава па и затоа мал бил бројот на студенти, не сао зашто е тешко туку и има помал број на работни места. Јас не им верувам ама ич на анкетите на владата, зашто тоа не го прават со цел правилно да се распореди кадарот, туку да се пополнат празни места. Секаде во светот е така, на техички се запишуваат помалку студенти, повеќе на општествени. А и секој не го бива за да биде електро инжењер, а сега со фаворизацијата на тие техничките, знаше што ќе настане, хаос, за кратко време ќе има и за кај нив премногу студнти и вишок на работна сила. И што најмногу ми е криво, се запишуваат деца кои не само што е ги влече тоа, туку и што немаат капацитет заз тоа, па ќе се шлепаат на оние студнти кои имаат капацитет, што на препишување и че земе дилома, како и некој кој со свој труд завршил. И така за кратко време и таму нема да можеш да препознаат вистински квалитет од квантитет. Убаво си кажа тинкребелл, сите го сметаа медицински дека со него секогаш има работа, и јас знам многу лекари, дефектолози, физиотерапефти без работа,а одлични студенти, што не се вработиле од X причини. Сватете, има само еден просперитет во државава, а тоа е партиските книжки, само со тоа има сигурност каде и да се вработиш, па што и да учиш, за жал до тоа дереџе стигнавме. Не живеам во светот на бајките, баш напротив, премногу ми е јасно како функционираат работите. Само муебетот ми беше дека во зборовите на владата немам ич верба, се е тоа трик за како да си го напунат бужетот, и да ги исполнат сите празни места на факултетите.
http://www.crnobelo.com/zivot/kariera/1 ... -vo-idnina 2. Стаклар Просечна годишна плата: $36.000 долари 4. Дератизатор Просечна годишна плата: $30.340 долари сите наши контрања паѓаат во вода!
zdravo,imam zavrseno sredno tekstilno obrazovanie.dali nekoj znae dali moze so ova obrazovanie da se zapisam na visa medicinska vonredni studii. Vi blagodaram