Во било која лаб. можеш да работиш, а ако веќе зборуваме и за сопствен бизнис, можеш и биохемиска лаб. да отвориш како што можеш и аптека итн ... и разликата во тежината на факултетите не е толку голема, што лично мене на фармација мнооогу повеќе ми се допаѓа системот по кој се работи, овозможува многу полесно да ги поминеш испитите
сопствена лабораторија или пак во сопственост на некој друг, лабораторија е лабораторија.....и толку најверојатно се можностите, а пак за фармација можностите се огромни. далеку повеќе можности носи фармацијата за работа! а за тежината не сакам за зборувам дека сепак фармација спаѓа во еден од најтешките факултети и еден од најбараните воедно. учењето е засновано од хемија па се до математика физика технологија на производство и дизајн на нови лекови како и секакви биохемиски испитувања. за програмата се вика турносна програма и не дава можност за полесно полагање туку за концентрирање на учењето на само еден предмет а тоа воедно значи и полагање на колоквиуми секоја втора недела одприлика секако и струката спаѓа во најплатената кај нас а и во светот.
Е бизнис е најубав смер на свет, барем спрема мене. Отпрво кога тргнав на факултет не го сфаќав е бизнисот, не ни знаев што би можела да работам, не знаев што всушност е е бизнис. Ама сега, кога веќе почнав да ги учам неговите основи, сфаќам дека не сум го погрешила ни факултетот ни смерот. Е сега, за лесно- тешко, за секој посебно, пошо си е на англиски, во прва само еден предмет, ама натака по 1-2 само на македонски Ако ти оди англиски, тогаш ок. А ако не, бадијала ќе се мачиш. Инаку низ текот на студирањата на тие предмети на англиски ќе имаш вежби, од кои добиваш поени за оцена, а најбитно е тоа што те тераат да размислуваш. Да бидеш креативна, иновативна. Друго што да ти кажам, слободно пиши ми лп и ќе ти објаснам А инаку и е бизнисмени е дефицит, ако се прашуваш и за тоа
Спојлер Фала Богу дека секој ќе си пишува за својот факултет, но те молам барем зборувај си за она што го знаеш подобро... а за биохемија баш и не знаеш
Супер си е смерот, можам да кажам дека е еден од потешките смерови на Економски, иако по новата програма некои задолжително предмети се укинати (зборувам за Скопје). Предноста на Финансиски менаџмент во однос на другите департмани е тоа што можеш во иднина да работиш на повеќе позиции. А дали е перспективен, тоа не можам со сигурност да тврдам. Знаеме и самите дека на пазарот на труд во земјава има суфицит од кадри дипломирани на Економски, вклучувајќи ги и оние на финансиски менаџмент. Но, тоа само по себе не е доволно. Тоа дали ќе се вработиш по дипломирањето и дали ќе работиш за тоа што си студирал зависи и од други фактори како што се: твојата индивидуална способност, среќата, состојбата на слободни работни места во моментот, па дури и врските.
Да ви кажам не се оптеретувајте толку со смеровите ... на мајка ми другарка завршила маркетинг па ревизор е у влада .... а види дали ревизија и маркетинг имаат допирни точки така да сеедно на кој смер си пак си дипломиран економист
Имам желба да се запишам на музичка академија,имам доста солиден талент за пеење сум пеела и по натпревари,но немам досега посетувано никакви часови по соло пеење..значи професионално не сум се едуцирала дали сега некои приватни часови би можеле да ме извадат да се запишам и да го положам приемниот то ест дали воопшто имам надеж ? Ако некој е случајно на МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА го замолувам да ме исконтактира во лична порака
^ Не се влегува така лесно на музичка академија. Најголеми шанси имаат тие што завршиле и средно музичко, сепак има многу работи од теорија и солфеж кои мислам дека не се учат толку брзо, посебно не на начинот на кој си замислила - преку приватни часови. Потребно е време да се научат сите тие молови, дурови, потребно е да знаеш да баратиш минимум еден инструмент, а уште повеќе време ќе ти треба да почнеш да ги разликуваш тоновите (пример, на клавир) и да определиш во кој дур или мол е отсвиран. И ред други нешта од теорија кои не се учат преку ноќ, па ни за нешто помалку од половина година. Не е музичка академија играчка. Ниту ликовна академија, ниту архитектонски, па и економски и електро. А и шансите се многу мали, затоа што секоја година примаат максимум 5 студенти, па ти види си.
И двата ти се перспективни факултети, но и за двата треба да се откостиш од работа и учење. Ако си спремна да се жртвуваш ич не се мисли, види кој те влече повеќе па одлучи се. Да те предупредам значи, овде немаш опција ти се иде не ти се иде на факултет, мора да идеш, имаш за учење преку глава на Електро а на Архитектонски за цртање. И со двата имаш доста опции за после тоа, мислам на работа.
конечно некој да напише нешто позитивно за фармација... јас планирам да се запишам на овај факултет, ама некои коментари поврзани со него ме исплашија... а за најперспективен факултет, во нашава држава не знам дали воопшто постои некој таков. Кај нас просто си постои едно правило- СНАЈДИ СЕ ПА ЖИВЕЈ!
Фармација е тежок факултет , доколку имаш финасии можеш да си отвориш аптека и да бидеш носител на дејност, и тука имаш многу пари. сметам дека е потценувачки што на фармацевти во аптеки им даваат 200 евра плата ...а за работа во лаборатории сите таму се фрлаат ама таму ќе работат 5 % , факултетот не е лош ама е потценет кај нас , впрочем ако имаш врски и среќа имаш се , факултет перспетивен нема во чудеснава ни земја ..
Фармацијата е доста перспективен факултет и општата медицина секако. Само кај нас немаме квалитетно образование сите сме свесни што и како учат на медицинскиот факултет. Доколку би отвориле на приватните факултети медицина со опремени лаборатории и квалитетна пракса тогаш би излегле и квалитетни кадри.
Jas sum na finki, matematikata na site smerovi ti e kako u cetvrta godina sto si ucela gimnazija, i plus imas matematicka analiza
me interesira dali nekoj e na industrisko inzenerstvo i menadzment na mashinskiot fax?i kako se sprauva dali e epten tesko kako sto nekoj vikat?
Хм.. најперспективен.. Можеби да, се бараат од електро, од машински, од финки.. Но незнам дали можам со сигурност да ги наречам НАЈперспективни, воопшто, незнам дали за некој факултет можам да го одделам така. Не е дека студирам на економски, па сега тој да ми е најдобар, не.. не е ни тој најперспективен. Според мене покрај дипломата Дипломиран..... што и да е, треба да имаш и знаење, фактор среќа што секогаш игра улога, да знаеш да се избориш, да се покажеш на работното место, затоа што денес е такво време кога луѓето газат еден преку друг за да стигнат до целта, до нешто повисоко. Така да треба да се покажеш инаку одиш во аут. Според мене тоа се фактори кои се многу битни. Е сега, за барани, барани се од електо, машински затоа што ги има малку. Исто така и на архитектура е добро, и тие имаат некоја светла иднина, но пак, треба да се покажеш, да се избориш. Уствари кога ќе сфатиш, се е борба. Правници и економисти.. да не се лажеме, во секоја фирма требаат. А дека ги има - ги има и тоа многу. Тоа е, не му оди на секого да црта, да решава задачи 24/7... На крајот на денот, секој со својата среќа. Само едно сум сигурна и секогаш стојам зад тоа - идни студенти, иако е потешко, сепак одберете ги државните факултети. По барани, и поперспективни се дефинитивно. Тука правам јасна распределба. Посебно сум против тие МИТ, БАС и слично, затоа што тие незам дали воопшто се и признати, и дефинитивно дипломата од државен и од приватен - не се споредува!
Ако не ти оди математика и другите природни науки како физика на пример, и ако претходно се немаш сретнато со програмирање барем колку да знаеш што всушност претставува, ти препорачувам многу добро да размислиш. Од лично искуство ти го кажувам тоа, затоа што после ќе биде касно, и ќе биде само губење на пари и време.