Девојки што мислите за кинезотерапија Дали некоја од вас студира на тој факултет, бидејќи планирам да го пишам него, но во Бугарија.
Драга моја факултет како дефиниција во Македонија за оптика нема. Но има Виша школа во Штип за оптика, ФОТОМЕТРИЈА се вика струката и со овој да речеме факултет иако не е факултет покрај што можеш да изработуваш очила можеш и да поставуваш дијагноза,диоптер да одредуваш итн. Но ако сакаш да не остануваш само со вишово....можеш да си идеш на медицински 6 години учење + 3 години специјализација за офталмолог и завршена работа но ако имаш волја за учење и време секако
Јас се извинувам но луѓе нитуеден зар не рече дека сака да оди на ПМФ или е на ПМФ нешто у областа на биологијата,физиката,молекуларната биологија и генетика?!?!!
Со економски менаџмент е исто ко без факултет да си, ќе треба нешто сам да си отвориш, самопослуга едно друго или вентуално во кафич да работиш, ама и таму деца со средно ги земаат или студенти од факултети што немаат врска со менаџмент, во државава има многу малку менаџери што работат на струката во поголеми компании, а да развиваш било каков бизнис тука, па да вработуваш други луѓе на работни места според нивната струка генерално е неизводливо. Со менаџмент можиш да ги работиш сите работи што ги работат и луѓето со средно, продавачка, касиерка, службеничка итн. А ако одиш на филолошки од на германски има дефицит на професори по германски , а ете во државава и многу од тие што се по француски се стари баби пред пензионирање, па имаш реални шанси за вработување. За англиски ги има толку многу, па уште да одиш на Филолошки ,има еден куп тикварки од другите градови што завршиле на диперзираните или на Педагошки факулет- Битола и слично, што со партиска книшка и лижење задници , ги земаат местата. Му е гајле на некој дека ти си била од Филолошки -Скопје или од Педагошки или од дисперзираните од с.Свирипичино, јазик си е јазик. Освен ако држиш часови дома или си судски или било каков преведувач .
По правило би требало да се запишуваме на факултетите кон кои срцето не води. Да ја избираме професијата во којашто имаме реални шанси за самоактуелизација. НО...едно големо НО, за жал кај нас во државата не можеме да просперираме само со нашите желбички така да најчесто се избираат факултети коишто нудат просперитет односно професија со која по лесно може да се најде работа. Јас сум дипломирана на Факултет за Безбедност, поранешна Полициска Академија (значи државниот) и реално можам да ви кажам дека сум доста ограничена за вработување. Според мене како најперспективни факултети би ги посочила оние од областа на информатичките науки, и јазиците, значи било кој јазик. (ако ништо друго, барем држење на часеви по дома доста се исплаќа)
машински факултет - индустриски дизајн, дали мислите дека насоката е перспективна? Што би можела да работам со овој факултет и дали е тешка математиката пошто не ми оди баш .. ??
Аngie.Аngie Секој факултет е перспективен ако знаеш да се снајдеш, дали со знаење,со искуство или со врски. Буквално секој. Нека не ве лажат дека само зошто некој факултет или смер на истиот бил дефицитарен автоматски значи дека по самото дипломирање те чека работата. Такво нешто кај нас не постои. Еве конкретно за индустриски дизајн прочитај си http://www.mf.ukim.edu.mk/%D0%B8%D0%BD% ... 1%98%D0%BD Според она што ни го нуди Македонија во поглед на работа можеш да приметиш дека не сме баш многу многу по иновативност. Убав смер е,ама да работиш буквално според струка тешко дека ќе најдеш таква работа, првенствено зошто кај нас индустријата никогаш не била во полоша состојба. Ако сепак толку те привлекува проектирање, дизајн или што и да е, нека не те спречува математиката. Кад-тад ќе научиш и ќе положиш и во случајов најмал проблем е математика, со оглед на тоа што само со математика си запознаена,а имаш тон стручни предмети со кои прв пат ќе се соочиш.
Со мислење сум да се запишам на некој од опшествениве науки како социологија,или на психологија или педагогија.Како е на овие факултети ако можи некој да ми одговори?
Зошто толку лоша перспектива даде на одделот Менаџмент, оној што ке се специјализира на оваа струка заслужува почит, перспективен е според мене , толкму поради недоволното познавање за менаџментот како една целина за организирање , управување многу фирми пропаѓаат јас го препорачувам ако си упорен и ако гледаш во себе лидер , или ако сакаш да си водиш споствен бизнис
А што мислите за ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ?? Смер комуникациски и информациски технологии или компјутерски мрежи и е-технологии Има иднина во ова??
Сакам да ве прашам за фак. ДИф? Дали е тешко,има ли перспектива понатаму што може да се работи и дали некој знае дали има кај нас курсеви за фитнес инструктор,дали е доволно само со факс да може да се работи?
Јас сакам да се запишам на Машински факултет во Скопје..Има ли друго девојче од форумов на тој факултет дали е тешко инт..
Јас се двоумам помеѓу ФИНКИ, смер: е-технологии и Филолошки факултет, Италијански јазик. Што мислите, што е поперспективно? Свесна сум дека на ФИНКИ треба да се вложи повеќе труд и да се одвои повеќе време но тоа не ми е битно, би вложила колку и да треба, само да знам дека после факултетот ме чека работа во областа која што сум ја учела на факултет. Затоа ме интересира ваше мислење и искуство околу перспективноста на двата факултета. Ви благодарам однапред
Искрено јас колку што имам слушано за ФИНКИ информации од прва рака-деца кои се сега 2ра година скоро ништо немаат положено од прва год...покрај тоа што е се математика, Финки е нов факултет, професорите си експериментираат со учениците...Тие информации ги имам јас за ФИНКИ инаку и јас размислував таму да се запишам..Размисли убаво распрашај се.. Позз
Јас пак се двоумам помегу медицински факултет или да продолжам да учам внатрешен ентериер, посеизгледа второто ке е Ама има време, здравје и живот
Фала ти на мислење, навистина не знам што да правам :/ Филолошки е се топ ама пак во Македонија, па со италијански јазик, незнам баш каква иднина би имала, а за ФИНКИ и јас сум слушнала дека е тешко но немам никаков податок за професорите, така да фала на информацијата А сум слушала и деца кои буквално ништо не учеле во средно и наеднаш им дошло многу на ФИНКИ кога се запишале, ах навистина не знам што да правам :/ А за други факултети, искрено ниеден друг не ми "фаќа" око, а јас како што сум неодлучна, знам дека ќе се мислам до уписниот рок xD Позз