Најперспективен факултет?

Discussion in 'Образование' started by Annika, Jan 27, 2010.

  1. nicolekidman

    nicolekidman Активен член

    Joined:
    Mar 2, 2013
    Messages:
    14
    Likes Received:
    2
    Но не го земај муабетов здраво за готово..тоа се само 2 3 информации кои ги слушнав јас..како што реков можеш да се распрашаш на друго место и повеќе да се информираш..И јас сум матурантка и јас исто се двоумам за факултетите :D
     
  2. Chasicka01

    Chasicka01 Истакнат член

    Joined:
    Aug 3, 2011
    Messages:
    38
    Likes Received:
    9
    девојки ајде ве молам нека ми каже некоја подетално за филолошки фак., сестра ми е 4год сега и сака на филолошки да се запише.....
    дали е тешко, професорите какви се...и дали може да се одбере англиски албански и италијански(или германски) ? и ако има искуство некоја...дали откако ке се заврши фак. имаш перспектива и работа...зошо некои велат као демек професорите по анг ј. и општо проф не биле почитувани во ск...дали е вистина тоа....зошто сестрами навистина сака да биде проф по анг ј....ајде ве молам совети ааа да ке забораев и ако може да ми кажете кои предмети да ги одбере за матура ...пошто сака да иде на овој фак. она е у гимназија....?? пишете ком, мн ке ни помогнете...фала однапред :*
     
  3. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Joined:
    Oct 2, 2012
    Messages:
    2,972
    Likes Received:
    18,348
    ^ Девојче предмети се бираа до Нова година, сега нема што да бира.
    Нормално дека секој почеток е тежок, нема ништо лесно. Секој факултет си има своја тежина.
    За непочитувањето - како што ќе се поставиш така ќе те почитуваат.
    Околу групите не знам, прашај во темата за Филолошки.
     
  4. Westlife

    Westlife Популарен член

    Joined:
    Jun 7, 2011
    Messages:
    642
    Likes Received:
    618
    Изгледа ке одам на општа медицина во штип..незнам на што друго да одам :(
     
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Joined:
    Nov 4, 2011
    Messages:
    2,095
    Likes Received:
    3,630
    Најперспективен факултет е уличниот верувајте во денешно време само тоа те спасува. :)
     
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Joined:
    Mar 16, 2012
    Messages:
    1,846
    Likes Received:
    5,253
    Gender:
    Female
    На ова време, ништо не е сигурно. Кој како го служи среќата. Па и врски и некој да те бутка е пожелно да си имаш. А ако ги немаш, се снаоѓаш како знаеш. Перспективата сами си ја правиме.
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,944

    Е вака, точно дека на ФИНКИ има многу што немаат положено, ама тоа е затоа штонема никаква селекција на студнтите и секој може да се запише. Квотите се огромни, и секој што слушнал за ФИНКИ и ги видел рекламите мисли дека таму ружи цветаат. Не е тешко, упростена е доста програмата, плус си се насочуваш на едно нешто и тоа го учиш. Калкулус е далеку полесно од Математика 1 и 2, и ред други предмети се со упростена програма... Лично познавам личности штонајмногу на свет мразат математика ипрограмирање и се запишаа на ФИНКИ... епа како да положат. Мој совет, ако сакаш програмирање, запиши се на ФИНКИ, ако не-не си го губи времето затоа што "за таму се наоѓало работа". Така само ќе заглавиш.
     
    Mishela likes this.
  8. ivana.iva

    ivana.iva Истакнат член

    Joined:
    Jul 5, 2011
    Messages:
    26
    Likes Received:
    7
    Искрено, ја сакам математиката а и програмирањето не ми претставува никаков проблем. А од друга страна пак, ги сакам и јазиците, ми одат, лесно ги учам и разбирам а и интересни ми се. Затоа и не можам да се одлучам, па некако одам на варијантата: Што би било поперспективно? Затоа што кога веќе вложувам труд во нешто, вложувам до максимум, таква сум по природа :) а и добивам многу совети од постари дека со филолошки можеш да бидеш само професор или евентyално преведувач а ги има се повеќе, и на темава скоро секој член пишал дека се двоуми за филолошки, а од друга страна е ФИНКИ т.е. народно кажано информатиката која сите ја сметаат за попочитувана па и побарана работа/струка а и поплатена. Ете тука лежи мојата дилема xD Каде да го вложам трудот? За "влечење" ме влечат двата факултета.
    Фала ти на мислење :D
     
  9. be.unique

    be.unique Истакнат член

    Joined:
    Feb 14, 2013
    Messages:
    26
    Likes Received:
    31
    Чисто од аспект на перспектива:
    Сестра на другарка дипломираше лани на Филолошки факултет, Италијански јазик, бара и нема никаква работа. Италијански јазик е слабо застапен кај нас, а и тие неколку работни места што се нудат се веќе зафатени. Од друга страна ФИНКИ е факултет во подем, студенти со висок просек имаат загарантирана работа и пред да завршат... Доколку те интересира информатика, оди на ФИНКИ, во информатиката е иднината :) се надевам помогнав.. :$
     
  10. ivana.iva

    ivana.iva Истакнат член

    Joined:
    Jul 5, 2011
    Messages:
    26
    Likes Received:
    7
    Малце касно пишувам, но бев зафатена xD Фала ти на мислење и за информацијата за Италијанскиот јазик. Искрено, баш и заради таа незастапеност на Италијанскиот јазик и се предомислив, проблемот не го гледам во самиот јазик туку во нашава државичка, во која што Италијанскиот јазик, освен професор во 2 средни училишта не би служел за ништо друго :/ По се изгледа ФИНКИ ќе изберам и некако сум среќна со изборот хахах :D Фала ви на сите за мислењата :*
     
  11. bpotter

    bpotter Активен член

    Joined:
    Mar 13, 2013
    Messages:
    2
    Likes Received:
    0
    Читнав назад нешто начнато за Индустриски дизајн на Машински факултет ... има некој од овде што го студира тоа или има завршено ? ... Ме интересира како иде со предавања, вежби, колоквиуми испити .. дали се учи нешто реално или смерот е чисто онака за џабе ?
    Иначе сум на Финки и во план ми е да се презапишам на индустриски дизајн.
    А за тие што сакаат на финки ... нервите ќе ви опаднат ради неорганизираноста во се. Од термини за предавања и вежби, колоквиуми, до чекање по 1 месец секој семестар за материјали по барем еден предмет... електронски тестови по предмети со прашања сосема различни од материјалот (стари прашања), списоци за полагање во простории на колоквиуми/испити строго после 00:00 а ти утре полагаш сабајле во 8, гужви при зимање потписи, оцени и консултации (не е за луѓе со слабо срце), преклопување на вежби по изборни предмети. Така е на кратко.
    За сето ова да се претрпи желба за информатика треба да се има мнооогу голема ... а и секако ако немате предзнаење или заинтересираност за учење надвор од факултетските обврски ... ништо не бива ... тоа што се учи на финки е пребрзо и недоволно.
    Ова може да звучи претерано и дека иде од некој што му е тешко да положи испити, но не е претерано а и до сега ми се положени предметите, така да реалноста е таа на финки.

    Иначе ако знае некој нешто поврзано со индустриски дизајн на машински нека каже. :D
     
  12. nicolekidman

    nicolekidman Активен член

    Joined:
    Mar 2, 2013
    Messages:
    14
    Likes Received:
    2
    И јас би сакала на Машински да се запишам...Само на некој смер со 4 години.. Индустриски дизајн е 3 год. мислам :D
     
  13. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Joined:
    Oct 7, 2012
    Messages:
    320
    Likes Received:
    395
    Gender:
    Female
    Јас знам само дека е најлесен смер на машински :) Имам неколку другари што се запишаа таму ама не ми текнало да ги прашувам за предмети или професори.. така да неможам да ти помогнам во врска со ова.
    Моја препорака е да се запишеш на смеров, мислам дека нема да згрешиш :)

    И да, 3 години е..
     
  14. bpotter

    bpotter Активен член

    Joined:
    Mar 13, 2013
    Messages:
    2
    Likes Received:
    0
    Да знам дека е три години ... иначе фала. :)
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Joined:
    Dec 31, 2009
    Messages:
    14,369
    Likes Received:
    14,828
  16. nicolekidman

    nicolekidman Активен член

    Joined:
    Mar 2, 2013
    Messages:
    14
    Likes Received:
    2
    Некој да не има информации нешто случајно за Производно инжинерство или Транспорт Механизација и Логистика на Машински.. :P
     
  17. yokoono

    yokoono Истакнат член

    Joined:
    Oct 11, 2012
    Messages:
    72
    Likes Received:
    18
    Јас сум на педагогија како ги читам муабетиве така сваќам дека се помалку си го сакам факултетот,ми треба мислење од повеќе луѓе па затоа прашувам тука :
    Ако имате 24 години и не си го сакате факултетот не сте исполнети со тоа што го правите дали би се префрлиле на ликовна академија (во мојов случај) па и макар што знаете дека ке дипломирате дури на 28год. ама важно ке бидете чисти пред себе дека си го следите својот сон, м ?
     
  18. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Joined:
    Feb 22, 2013
    Messages:
    770
    Likes Received:
    7,172
    Gender:
    Female
    секакоо дека да,следи си ги соништата , да не се каеш еден ден за она што не си го направила а со годините ќе си дојдат и повеќе обврски но ќе работиш повеќе на себе
    никогаш не се откажувај од тој сон ! бај бај
     
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Joined:
    Mar 20, 2011
    Messages:
    4,133
    Likes Received:
    6,034
    Соништата вака, соништата такаа... од соништа не се живее. Не е само во тоа, секако дека треба да го учиш она што го сакаш ама ако е ич неперспективно што фајде? Не е така црно-бело, треба да се гледаат утре и можностите што би ги имал, ти не моеш да сакаш да бидеш не знам... космонаут и да очекуваш вработување тука. Исто како што и знам стории за луѓе се утепале од давање илјадници евра за да станат пилоти дошле тука и што? И после бегале во странство... значи не сме во таква ситуација да си ги следиме само соништата, треба да се гледа и од другата страна малце.
     
  20. iwanna

    iwanna Активен член

    Joined:
    Mar 5, 2013
    Messages:
    10
    Likes Received:
    0

    Читкав така низ темава и прво се извинувам што цитирам мислење од пред една година,ама сакам да појаснам некој работи, бар да им помогнеме на следните матурантки :D Високата Медицинска Школа во Битола- нека не ве залажува зборот ШКОЛА, спаѓа во Универзитетот Климент Охридски и е факултет.И правниот факултет е со 3 години, па е факултет. И дипломата е призната секаде во Македонија и надвор,само што кај нас сеуште се вработуваат кадри од средно образование-пример физиотерапевт или медицинска сестра,зошто? Зошто Министерството за Здравство сеуште нема одредено дека мора да е со Високо образование позицијата, а и нив му се исплаќа бидејќи платата за со средно и за со високо образование е различна.