Јас студирам на Филолошки отсек Толкување. Не е баш толку лесно колку што ми зборуваа кога сакав да се запишувам (демек јазик е, како курс да одиш, ти и онака си го знаеш...итн), но мислам дека е многу перспективен и добро платена професија е. Сега завршив трета, па ќе видиме. Убаво напиша некој погоре дека сепак најголема улога при изборот треба да биде она што сакаш да го студираш, затоа што ако гледаме кој е најперспективен...некој не може да се пронајде во конкретната професија, а ќе ја работи цел живот (мрзоволно и без ќеф), а така излегува 2 пати потешка. А дали ќе успееш зависи од личната мотивација, барем според мене. Ако доволно си мотивиран и решителен, и ако од срце сакаш да ја работиш баш таа работа, тогаш напред. Порано или подоцна ќе успееш. Не смее никој да те обесхрабри во твоите идеали и замисли за ТВОЈАТА иднина.
Мој другар е асистент на Европски факултет - Скопје и вака уз муабет кој е факултѕет е најдобар тој ми го посочи Бизнис Академија СМиленски ... Се учело во мали групи и имало доста практична работа ! Ама 2000 евра е и тој ...
Медицина, мислам дека и информатика донекаде има преспектива ама не за долго време, пуни се факултетите по сите градови каде што има информатика факултет а денеска секој може да го заврше, така да за неколку години ке има и вишок информатичари како шо државата ни е пуна економисти.Додека ако те бива за доктор, болни секогаш ке има и -вишок доктори, такво нешто не постое, секогаш ке има работа. јас лично архитектура ке се запишам, ама објективно гледано за у македонија само медицина, ама до крај нели, не само со општа медицина туку и со специјализација.
би рекла техничките факултети,ама пак кога ќе размислам не е така...ако јас не си го сакам факултетот и струката,колку и да е перспективно,јас нема да бидам перспективна...затоа треба да се оди кон тоа што најмногу сакам,каде се гледам и замислувам,што ми одговара...со сила убавина нема...особено во професиите
глупаво е да се кажува кој е лесен, кој тежок, кој перспективен факс, зошто за секој факс треба да загрееш столица, а за работа, ретко кој денес работи по струка, така што секој со среката. Јас сум на Филолошки и многу се нервирам кога друштвово кое е на Економски се жали како Економски бил најтежок бла бла бла бла, само они учеле, и никој друг, само тамо имало корупција. Па не е фер бе да се потценува. Еј, ја учам математика и ај најтешко ми е, а ај да те видам бе полагај (пишувај) есеј од 8 страни на француски за матерјал од 200 страни на друг јазик.
Најперспективни факултети мислам дека се медицина и електро, бидејќи немам уште слушнато да има некој невработен (со добра плата) од тие факултети. Јас планирам да се запишам на електро, бидејќи тоа ме влече, а и ми оди математика и физика, само уште не знам кој смер точно. Се мислам помеѓу програмирање и телекомуникации. Ако има некој на форумов од електро нека даде совет кој смер е подобар
Економски не е најтежок факултет, но сигурно не влегува ни во лесните факултети !!! А за Филилошки неможеш да кажеш дека е тежок факултет кога за полагање сами си пишувате прашања (Лингвистика), предавата семинарски и од тоа ви пишуваат оценка, а имам слушнато дека по некои предмети имате по 15 страни за учење btw не е само математиката на економски, дојди полагај менаџмент од шуклев, маркетинг, статистика ... запознај ги убаво професорите па после зборувај
Значи цело друштво ми е на економски и ги знам сите професори до еден (дури седам на предавања некогаш) . Разликата во твојот и мојот факултет како и сите останати се ствар на интерес. Јас немам предмет лингвистика, ниту нас ни дозволуваат да правиме семинарски. На Филолошки имаш различни смерови и затоа неможеш да генерализираш и да кажуваш дека на сите е исто (исто како и на економски нели И уште една разлика. Ти за твојот професор си шифра, он нити те познава, нити го интересираш. Ние, заради тоа што сме по 15 луге во група, сите не знаат до еден, не полагаме со шифрарник, и ДА можеш да паднеш ако на професорот не си му симпатичен. И ти кажав, не сакам споредби зошто не верувам во најлесен и најтежок факс туку верувам дека се е работа на интерес. А за маркетинг, менаџмент и статистика сигурна сум дека ке положам побрзо отколку што ти би положила Француска граматика или Историја на Франција (од 400 страни - на француски) Поздрав
Значи цело друштво ми е на економски и ги знам сите професори до еден (дури седам на предавања некогаш) . Разликата во твојот и мојот факултет како и сите останати се ствар на интерес. Јас немам предмет лингвистика, ниту нас ни дозволуваат да правиме семинарски. На Филолошки имаш различни смерови и затоа неможеш да генерализираш и да кажуваш дека на сите е исто (исто како и на економски нели И уште една разлика. Ти за твојот професор си шифра, он нити те познава, нити го интересираш. Ние, заради тоа што сме по 15 луге во група, сите не знаат до еден, не полагаме со шифрарник, и ДА можеш да паднеш ако на професорот не си му симпатичен. И ти кажав, не сакам споредби зошто не верувам во најлесен и најтежок факс туку верувам дека се е работа на интерес. А за маркетинг, менаџмент и статистика сигурна сум дека ке положам побрзо отколку што ти би положила Француска граматика или Историја на Франција (од 400 страни - на француски) Поздрав[/quote] имам другарки и другари на Филолошки и знам какви се работите кај вас ... како и да е, ако ти треба помош за да положиш француски граматика и историја на Франција слободно обрати ми се, јас ги учев овие работи во средно поздрав
пс. да беше толку тешко на економски, немаше 600+ луѓе само на Економски во Ск да завршиуваат годишно
Кукличка има таму горе над постот едно копче редактирај. Можеш да го користиш да не праќаш две мислења едно по друго. И секој факултет има своја тежина(освен филозофски). Темава е кој е поперспективен, а не кој е потежок. Забегавте малку. Мислам дека информатичките смерови имаат голема иднина.
Јас се извинувам што не го употребив тоа редактирај. Инаку јас си се изјаснив дека кај нас ако немаш врски за работа, ниеден факс не е перспективен. А за темава дека забегавме, знам,ама се нервирам кога економистиве мислат дека само они учат.
Најперспективен факултет ниту еден . За тие што си имаат парички и талент, малку смисла и многу креативност, си одиш во Семос или Александрија, си запишуваш курс - веб дизајн, графички дизајн..., има значи избор, за 9 месеци си готов, меѓународен сертификат и толку. На завршната изложба доаѓаа луѓе да им ја разгледаат работата и ако им се допадне некој, за 3 дена си на работа. Ама па пустото, нема секој талент, волја, желба и пари за тоа. Ако морам да одберам од факултетиве наши, пак би рекла нешто во врска со компјутери и дизајн или архитектура. Другото, тешко нас ако сме со надеж дека ем ќе работиме по струка, ем ќе си живееме поубаво од сосем пристојно. Инаку, не знам што е препирањево, не зборуваме за тежина на факултетот, туку за перспективност во Македонија, така да...
Излезе дека економскиот е најтежок мижи асан тулумби паѓаат.тогаш оние на медицина што треба да кажат? И какво е тоа понижување на филолошкиот факултет? На книжевност ако си треба да читаш дела на стар англиски мислисш тоа е лесно?Повеќето Шекспир на македонски не знаат да го анализираат не пак на Англиски.Ами драма поезија и да не набројувам....Јас ќе се запишувам на преведување и толкување но брат ми е на книжевност и ред други и не е толку лесно..Ти имаш математика ама англискиот има многу зборови кои треба да ги знаеш и богат фонд треба да знаеш да се изразиш да имаш побогат речник.Тоа лесно ли е? Како што имам слушнато преведување е полесно од толкување но не сум доволно упатена и не знам.Секој факултет си има своја тежина затоа не се препирајте
Секоја планина, своја тежина шалата на страна, секој факултет си има своја тежина и своја вредност. Факултетот само те доизградува како човек. Човекот се прави "човек" уште во средна школа, кога е во пубретет и највеќе поприма од околината и школата. Факултетот те подига на едно повисоко ниво, ти дава повеќе самодоверба, знаење, побогат речник и начин на изразување. Како и да е, секој факултет е перспективен на свој начин. Ако си навистиан добар во својата струка, факултетското образование станува второстепено. Пробајте да најдете добар (ама мислам навистина добар!) мајстор за било што...Перспективноста на факултетот е едно, но нејзиното осварување зависи од личноста.
Јас сум на толкување. Супер се и двата смера, ама толкување мислам дека е попреспективен, зошто помалку одат на толкување . Ама имаш време, тоа тек на почеток на 3 та бираш