Што мислите за аналитичка биохемија-пмф? Го бива? Или да си продолжам фармација? Какви би ми биле шанси за работа?
Информатика дефинитивно, ако научиш и ако после факс знаеш да се снајдиш или ако имаш кој да ти помогни да се снајдеш..
Морам да одговорам, еве јас сум на ФИНКИ и не знам зошто сите викаат дека програмата е упростена кога реално не е. Да, немаме електротехника и физика, ама па имаме Дискретна Математика ( дискретни структури ) уште во прва година, Архитектури на компјутери во прва, Веројатност во втора. Калкулус материјалот е исти со Математка 1/2,еве лично јас кажувам пошо јас ги решавав испитните задачи од електро и исто е. Се согласувам дека е неорганизирано и тоа во голема мера, и има голем број на студенти со презапишани предмети бидејќи селекцијата на факултетов започнува тек откако ќе се запишеш,а не при упис. Така да, мој совет до сите што планираат да се запишат овде, да имаат многу воља и издржност, бидејќи е навистина напорно и бара многу одрекување.
^ Па ти ако имаш капитал и мозок да го разработиш, од БАС, па и од било кој друг факултет, немаш никаква корист.
Не е само до мозокот и идеите, сепак треба да имаш некое познавање за тоа подрачје, не е се така едноставно
Здраво Феминки. Еве овде ќе го изложам моето согледување и со тоа што се имам јас соочено, па можеби некому ќе му биде добар совет или поттик Имам завршено Информатика на ПМФ. Нормално и јас кога се запишував главната цел ми беше на крај да ме чека вработување, а и ако ги земеме предвид изложувањата на нашите политичари, како информатичарите се најдефицитарни, ехее, топ Е, ама не е се така розево. Зошто? Ние сме релативно мал пазар, има многу фирми (за жал најголем дел од нив концентрирани во Ск) ама повеќето од нив се доста мали (со по 10-15 вработени, или многу помалку) и постојано некои од нив пропаѓаат, а нови никнуваат, а нашиов пазар може да се каже дека веќе е заситен со информатичати (излезени од ПМФ, ФЕИТ, приватни факултети, дисперзирани студии итн.) Но, квалитетот не е ист, и верувајте дека во голем дел од фирмите се обрнува внимание и на тоа. Е сеа зошто кажав дека пазарот е заситен? Има доста луѓе, што се сеуште невработени, или такви коишто после завршувањето одат 2-3 пати, по 3 месеци на пракса (која најчесто не е платена, формално 50 евра за основни трошоци) и ретко која фирма после тоа задржува на работа (секоја чест на исклучоците). А со оглед на тоа што само лани се запишаа на ФИНКИ 650 - 700 студенти (не ме држете за збор) па што очекуваат тие, дека за сите ќе има работа кога ќе завршат? Еве да речеме и нека завршат само 40% од нив. Таа е реалноста.Како до вработување: партиски книшки за оние кои сакаат да работат во државниот сектор (пр, Министерство за информатика), и многу врски за оние кои саакат во приватните фирми. Значи, има и огласи каде се пријавуваат по 50-100 луѓе, а им требаат 2-3јца. Освен, ако си многу добар, те бива па можеш да си трчкаш сам проекти и сл, или друга опција која почнаа да ја практукуваат е работа од дома, на oDesk, Freelance и сличните такви, што е доста исплатливо, но треба исто така многу посветеност, труд итн. Платите .. секаде различни, и далеку е од тоа дека почетна плата 500 евра, дрн, дрн. Значи зависи од "јачината" на самата фирма, има некаде се почнува и со 400 - 450 евра, што е доста солидно, ама ретко, а некаде и со 200-250 евра. Напредокот зависи од самите вас. Трудот секаде се цени. За самиот факултет: сега нели ФИНКИ, професорите се истите кои што ми беа мене на ПМФ, комбинирани со оние од Електро. Тотална неорганизираност, ко преживи причаче е муабетот ... да, бара ногу напор, одрекнување од многу ствари, ако сакаш да завршиш на време. Ако малце скршнеш од патот, не ти бега уште една година плус. Ако зборуваме за нешто што е перпектувно во моментов, и би се вработиле еве да кажеме веднаш по завршување, Градежен или Архитектонски. Па мислам дека и речиси да нема луѓе кои се без работа уште по завршувањето. А за самиот начин на учење ... онака од слушање, не е едноставно, значи си бара посветеност и учење, да кажеме на некое исто рамниште во тежината е со информатика. А тоа што не треба да го одберете во никој случај, се нормални Економски и Правен (без некој да се осети навреден). Тогаш неизбежно ви е бирото за вработување. Со среќа на сите идни студенти
Капучино се согласувам со тебе. Но, не значи дека ако сега, во моментов има услови за вработување од одредени професии, ќе има и за четири или пет години, т.е. кога ќе го завршиш факултетот. Многу се залетуваат, точно, и после се чудат како работа да најдат.
Моментално многу поголеми шанси имаш со фармација. Постојано има огласи, каде аптеките барааат фармацеути
Кога јас би требала да бирам помегу овие, би избрала општа медицина А јас се двоумам дали да се запишам на Биологија или Англиски...
Според мене доколку ти оди англиски запиши се тоа бидејќи имаш повеќе можности а доколку сакаш биологија тогаш подобро оди биохемија или молекуларна биологија тоа ти е најдобра опција
Цел текст напиша за тоа како пазарите на труд се презаситени и во последната реченица сама се поби со претходните ставови. Заклучокот за тоа кој факултет е поперспективен, а како што увидовме дефицитарноста на студенти на некој факултет не значи и дека тој факултет е перспективен,е следниот: 1.партиска книшка 2.јаки врски [+3;+~] многу труд (што всушност и самата кажа) Сега мислам дури се опаметија и почнаа да им ги стеснуваат квотите на економски и правен. Во глобала за идните академски граѓани моја препорака е на прво место да се ставите самите себе. Она што сакате вие да го учите. Она што ве привлекува, она што ќе ви биде интересно да го учите. После да видете колку реално има барем некаква побарувачка на пазарот за вашиот факултет(освен,како што кажа капучино, ако можете и по самото дипломирање да се ставите во некое министерство и оп за 4 години ќе ве стават дури и министер ) и за крај да си ги прашате дома што мислат. Бидејќи родителите го плаќаат студирањето, пример за архитектура тешко е за некое семејство да си го финансира детето,а има скоро подпросечни примања. Јас не направив грешка со изборот на мојот факултет, но се каам што не можев тоа што го сакам да го учам. А, сакав факултети за кои требаа пари и пари.