^Колку ќе биде перспективен еден факултет , зависи и од тоа какви можности имаш . Пример татко ти е адвокат најдобро е да завршиш правен за да наследиш канцеларија
Нема грешка,најдобро. Ами еве ако татко ми е доктор а јас врска немам од хемија и биологија и кога ќе видам игла се онесвестувам? (не дека е така,само давам пример ). Најдобро е кога ќе се запишеш на она што стварно сакаш да го работиш. Спојлер според мене
Денес факултетот игра многу мала улога. Зошто? Затоа што денес ако имаш партиска книшка ќе имаш и работа. Денес ако тато или мама се на висока позиција и имаат доволно парички да фрлат ќе те наместат на убава позиција... Денес се се базира на врски а не на знаење... Жално е што е така, но во повеќето случаи е така. Не сакам да навредам никој, но денес на факултет се запишува и шуто и рогато... Имав школски кои ама поим си немаа од ништо, јас им ги решавав тестовите за да имаат 2ка, а сега ќе дипломираат пред мене и утре можно е да ми бидат директори... Или си имаат доволно врски за да си се наместат на работа, а јас да си седам дома и да си ја чувам дипломата за украс. И тогаш зошто ми е мене трескањето глава од книгата? Зошто толку многу ноќи сум останала будна над книгата, кога моето знаење нема да биде доволно платено... Во какво лошо време живееме што ми е жал за парите што ги фрлам за факултет... Инаку за да не се одалечам многу од темата ете ќе кажам кои факултети според мене се најперспективни. Економски и информатика!
Тие уште тогаш знаеле дека ќе дипломираат,магистрираат, докторираат со партиска книшка и неколку евра во џеб. Но сепак, подобро е кога знаеш дека вредиш,кога знаеш дека знаеш и знаеш дека заслужуваш. Тогаш не ти треба ни партиска книшка (добро,ти треба понекогаш,партијата е страшна работа), ниту евра во џеб. Затоа не треба да гледаме кој како, туку за себе. Можеби тие што одвај 2ки имале,знаат повеќе од нас но миленичиња на мама и тато знаат дека нема потреба од труд за до успех кога имаат помош од родители.
Споредбата што ја даде не е соодветна , медицина и општествени науки не се споредува баш . А и адвокатурата е бизнис кој се темели на име , долгогодишен труд , искуство и база на клиенти па греотка е да не ја пренесеш на свое дете . Се сложувам дека треба да се студира што се сака, ама за жал условите во Македонија не го дозволуваат тоа посебно со оваа хиперпродукција на дипломи ... Треба да се размислува практично И не ме смејте со перспективноста на економскиот
Тоа што го кажа на почетокот е точно. Најлесно е да се запишеш на факултетот на мајка ти или татко ти ама нема врска медицински јас тоа го кажав како пример. Што ако е филолошки а на детето не му одат јазици? И да е економски? Што ако не е снаодливо и не му оди математика? Физика? Што ако учи на памет како мене? Хемија? Што ако едноставно не сваќа? Што ако едноставно не сака? Така е најлесно, но не и најпрактично. Тоа ми беше муабетот
Толку многу постови за ФИНКИ, ФЕИТ, Машински, Електро и не знам што уште, а на никој не му текнува да го спомне Земјоделски Факултет. Што мислите за него?
Бидејќи Македонија е држава која што има услови за развој на земјоделските производи, мислам дека овој факултет не е за понижување. Нема да оди вака вечно, многу луѓе избегаваат од земјоделството. Ќе помине некое време сепак некој ќе треба да и се врати на земјата, најсигурно.
Од денешен аспект би се запишала стоматологија.Од мојата генерација има 3 девојки-жени со по неполни 30 години (возраст) и сите работат турбо, со клиентела и со многу добра заработувачка.
Мислам дека перспективен факултет во земјава нема. Барем во нашава. Имам братучед кој има завршено електро и има магистратура, па не работи по струката, иако велат дека тој е еден од најперспективните факултети. Денес треба да имаш среќа пред се, и да имаш пријател кој би те вработил. Еве и уште еден пример би дала. Имам другарка која има завршено економски факултет, а економисти има со лопата да ги риниш, па се вработи во владата, кај Груевски...каква среќа само...Затоа велам не е важно кој факултет го имаш завршено, доколку немаш пријатели немаш ништо...:/
Има ли некој кој не е од Битола, а ќе оди на ФАМИС на форумов? Иначе ме интересира дали вреди да се запишам на тој факултет, ако има некој информации нека ми пише , многу ме интересира, имам желба и волја ама немам подршка од најблиските, било далеку,немам баш никој познат таму.. бла бла