Завчера многу се смеев на ова - зошто се запишуваш на факултет, по ти се исплака да се запишеш за бугарски документи
Ви зборува паталец-никако да не се запишувате на општествени науки (сите од филозофски, правен, новинарство,.. ), тоа се мртви професии со кои нема да мрднеш во странство. Најдобри се електротехнички, машински, пмф (информатика), медицина (ама ако веќе одите медицина студирајте во странство за да не бидете овде потрчко за малку пари, освен ако немате некој да ве "гурне" во професијата). Сега се би дала да ми се врати времето за избор на факултет, ама нема враќање, затоа подобро размислете пред да изберете, разгледајте ги сите можности.
Во право си за напишаното. За жал, повеќето се запишуваат на општествени науки затоа што таму е полесно. А со тие факултети потешко се наоѓа работа.
Зашто сте толку стереотипни дека на општествените науки е полесно? На кој тоа е најлесно а на кој е најтешко има накаде со закон пропишано? Секоја личност си има одредени афинитети во животот и за нешто што е надарен и што може со леснотија да го прави. Нема лесен и тежок факултет туку само луѓе кои се запишале на вистискиот за нив факултет. А ако сте приметиле кај нас нема работа за оние кои немаат врски, не само на оние што се запишале на општествени науки. И за оние кои не се упорни, зашто упорноста се исплати верувајте ми
^Вчера со другарка зборевме баш за ова. Она е на еден факултет што не е баш така познат кај нас и вели абе се ок ама кога ќе слушнам дека кај мене е лесно вели желудник ми се превртува, а тупам мозок од 500 страни една книга. И не, општествените науки ни малку не се лесни, впрочем како и секој факултет што си има своја тежина. Нема најперспективен факултет. Тоа можеби за надвор може да се дискутира, а за кај нас тешко. Еве нека бидат и машински, медицина итн. ама еве јас лично немам дарба за машински и сега што да правам? Ете едноставно не ми оди тоа. Има 100 математики, а јас за тоа сум си приглупа. На секого различни работи му одат, не е секој надарен за медицина или правен. Секој си влече за нешто. Според мене многу зависи и годината кога ќе дипломирате. Може баш таа година да се вработуваат кадри и да има побарувачка баш од вашата струка и ќе речат ете за тоа има работа. Ама наредната година да има побарувачка за други кадри. Значи многу фактори имаат влијание. А да не збориме дека најголем фактор кај нас се врските и партиските книшки. Секако дека има и исклучоци ама или треба да си со просек 10 или да ја имаш најголемата среќа на светот па да си најдеш соодветна работа. Зборам ова кај нас.
Хипстер потполно се согласувам со тебе. Кај нас нема перспективен факултет. Знам многу луѓе со електро завршени и немаат работа. Секој си има квалитет за нешто и не може да се речи дека овој факултет е полесен од некој друг. Секој си има своја тежина, но секој си има разл квалитети и се определува за тоа што го сака. Навистина е неубаво кога ќе слушнам да овој е потежок, на твојот факултет не се учи мн. Е не е така бре луѓе!!
И двата се јаки факултети така да супер е и медицински и фармацефтски. Е сега зависи што сакаш повеќе да работиш и дали си издржлива за се и сешто на медицински, бидејќи е посериоозен и поодговорен, но и двата се пресупер со среќа во изборот
Се извинувам,но ако моѓе некој совет за на факултет?Имаме приватна млекара и се мислам да идам на прехрамбена технологија,само се мислам помеѓу Технолошко-металуршки факултет и Земјоделски исто прехрамбена технологија.Имам 96 бода за упис на факс,но не ми иде математика,затоа се предомислувам за на Технолошки,само што викаат попризнает е од Земјоделски и полесно се наоѓало работа со тој отколку со другиот.Помош
Па у случајов тебе работа и не ти треба , имаш веќе млекара ,подобро гледај да стекнеш знаење шо може да ти помогне во пракса
Феминки,планирам да се запишам на бизнис информатика на Гоце Делчев но во конкурсот гледам дека го има истиот смер со предавања на англиски..Е сега,никако да пронајдам некој кој ќе може да ми даде барем некои информации за тој на англиски,барем малку да сум поупатена и да знам што правам..Ве молам за помош,утре се запишувам
Можеби ви дале драги девојки објаснување, можеби не... Но јас да напушам..Со завршен правен факултет се поголеми шансите да си вработен отколку со медицина.Затоа што со медицина факултетот кој е тежок и напорен може да работиш како доктор и до таму да стасаш треба треба...А со завршен правен факултет може да работиш како правник во некоја фирма, како професор по право низ некое средно школо, може како извршител ( со дополнителен испит ) нотар, судија, адвокат.Може да работиш кај адвокат.Сакам со други зборови да кажам дека со правен факултет може да работиш и во државни институции и како приватник.
Најперспективен факултет е уличниот,бадијала вие и два факултета да завршите ако го немате овој гореспоменатиот.
Не им ја сфаќам логиката на луѓето за најперспективен факултет. Ако тројца ти кажале со економски или електро 100 % се вработуваш сите на тоа? Јас сметам дека факултетот е само едно скалило во успехот. Колку многу има успешни луѓе кои не работат ништо поврзано со факултетот што го студирале? Факултетот ти дава шанса да научиш (ако сакаш) но пред се те става на тест за тоа каков човек си. Дали ќе се гребеш за врски, дали ќе молиш да оценка, дали ќе седнеш и ќе научиш или ќе препишеш од некој друг? Да, сите не нервира неорганизацијата на факултетите ама јас тоа си го сфаќам како искуство плус. Ќе дремам 100 пати на студентски прашања, ќе ме враќаат и праќаат по пошти и банки, ама утре, во вистинскиот живот, ќе знам троа подобро да се снајдам. На факултет се соочуваш со најразлични луѓе и тие пак се само тест за тоа како ќе се вклопиш на работа. Иако знам дека малку се тие што постапуваат така, одберете факултет што ви го прави меракот. Психологија те интересира? Иди учи тоа. Криминалистика, нутрициониазам, право, и не знам ти што? Ене ги, чекаат за луѓе. Малку бидите покреативни, истакнете се меѓу масата 'вообичаени' и истражувајте. Денес буквално од се може да се направи бизнис ама за тоа треба да се биде способен, спремен за работа и истраен. И бидете бе луѓе малку попаметни. Има милион економисти така? Ќе одам јас да студирам земјоделски, ќе земам мастер економија и одма имаш поголема шанса од друг. Вакви комбинации се безброј, ама на кој да му текне.
Ако не ти оди математика за на технолошки фати си врски за првата година оти маф ти е работата одма ке заглавиш,имаш две математики,а и основата на техничките науки е математика,се е со пресметки,мораш тоа да го совладаш добро.Незнам за на земјоделски,но овде имаш предмети за млеко и млечни производи што ќе ти бидат од корист,распрашајсе убаво на земјоделски кои предмети се изучуваат бидејки незнам за таму но за технолошки можам да те посоветувам .
За Најперспективен факултет кога станува збор тоа е веќе дискутабилно прашање. Според мои лични видувања сметам дека највеќе перспективна е тука среќата,и снаодливоста и секако да се погоди моментот. Значи кога зборуваме генерално би рекла дека во секоја фирма бараат и правници и економисти па затоа можеби овие факултети се повеќе застапени и има повеќе студенти. Треба да се даде шанса и на техничките и природно-математичките.