Микробиологија. Во државните институции не примаат лица кои имаат завршено логопедија на медицински. Бараат да имаат завршено и програма со магистерски, нели одеше 3+2..
Медицински, хумана професија, барана, платена и можност за бегство во друга држава доколку постои желба.
ај те молам ти (или било која ) што знае подобро за микробиологија нека ми објасни, дали е тоа смерот од ПМФ? а и некој да ми објасни за запишување на факултет како малцинство, предности и негативни страни?
ТОА НА ПМФ НЕ Е МИКРОБИОЛОГОЈА, ТУКУ МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА ЕВЕ МОЖЕ ДА РАЗГЛЕДАТЕ ВО ВРСКА СО ПРЕДМЕТИТЕ http://ib.pmf.ukim.edu.mk/MolekularnaBiologija.html
[/quote] ТОА НА ПМФ НЕ Е МИКРОБИОЛОГОЈА, ТУКУ МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА ЕВЕ МОЖЕ ДА РАЗГЛЕДАТЕ ВО ВРСКА СО ПРЕДМЕТИТЕ http://ib.pmf.ukim.edu.mk/MolekularnaBiologija.html [/quote] Аххх имаш право, се збркав јас Посебен смер микробиологија на ПМФ нема, само се изучува како предмет. Претпоставувам можеш да магистрираш на микробиологија.
Има време до факултетот, но планирам да одам на Филолошки за англиски. Едноставно обожавам да учам јазици и ги учам со љубов и не ми претставува тешкотија. Сепак ќе видиме, може ќе ми се смени мислењето
Здраво.. размислувајќи за факултет наидов на делима помеѓу ПМФ и ФЕИТ...иако прво мислев да се запиша на ПМФ-математика (пошто едноставно обожава математика и ми оди од рака) , а после се премислив за ФЕИТ, сега пак размислува за ПМФ ама физика (малце ми е проблем тоа што во средно има пропуштено и нема некоја јака основа за физика, ама сепак мисла доколку би се потрудила би упеала), па ме интересира фаше мислење... ќе направам добар избор доколку се запиша на физика, или сепак е подобро ФЕИТ? А и некои ми рекоа дека од в година(или годинава, незна точно) на ПМФ- физика ќе било бесплатно. Точно е тоа ?
јас ни за миг не би се двоумела меѓу ФЕИТ и ПМФ веднаш би го избрала ФЕТИ со ПМФ немаш можност на напредуваш, додека со ФЕИТ можеш и овде и во странство да одиш и да земаш плата почетна плата 50 000 додека со пмф ќе се отепаш од учење а на крај пак ќе земеш само 20 000 ништо повеќе (дали и толку мислма дек имаат дури и помали плати) Баш неќни гледав еден оглас за вработување со почетна плата за обичен вработен беше 30 000 а за некој повисока функција беше 50 000 од евн мислам дека беше и си велев е сега да си бев дипломирана на ФЕИТ Затоа не се мисли и оди си на ФЕИТ
епа фала за помошта има уште време, ама најверојатно ќе ода на ФЕИТ.. само уште да ги разгледа подетално смеројве и да се одлуча
Значи аман со мислењава! Создавате ептен погрешна слика дека електраши ведаш по завршување ги чека место во канцеларија! Затоа и се запишуваат по 600-700 студенти годишно на ФИНКИ, полошо од економски стана. Факултетот не е во никој случај лапни-голтни и само желбата за висока плата не е доволна. Факултетот е тежок,било електро било финки,значи размислете дали навистина сте за таму ( пошо имам колешки, колеги кои еден проџектор не знаат да поврзат на компјутер, значи информатички тотално необразовани ) и дошле да студираат пошо читаат по форуми или од дома им рекле дека со овој факултет ќе најдат работа. И да завршиш на овој факултет, дипломата во раце не е доволна за да се вработиш некаде, многу побитна е праксата и практичното знаење ( што по мое мислење е многу малку застапено на факултетов ). Мора уште од сега да ви фаќа кликерот и да ве бива ако сакате да се запишете на ваков факултет.
мислам дека претходно имам коментирано на долго и на широко за моите ставови за финки и феит ама ова болдираново ми брцна во око Мора уште од сега да ви фаќа кликерот и да ве бива ако сакате да се запишете на ваков факултет имам конкретен преимер-братучедка ми,на девојката незнаеше и прашина да му избрише на компјутерот за инсталирање на игричка било каква програма да не збориме и се запиша на ФИНКИ,си викав што и е на оваа попрво македонија ке влезе во еу одошто таа на финки ќе заврши па еве сега е 2 година и дури 10ки во индекс има(не велам дека има 10,00 просек ама битно има од 8ца до 10ка оцени) и што да не и пречеше претходното неразбирање да добие 10ки? верувам дека и ќе го заврши факултетот, а сите луѓе што ги познавам рекле дека е најперспективна струка така што болдираново не мора да важи А и тоа со платата од 50000 е точно го видов самата на факултети.мк мислам дека беше
^ Мене никој не може да ме убеди дека на ФИНКИ или ФЕИТ може да заврши некој кој не е добар математичар. Без разлика, вакви примери како што кажа ти можеби имало и ќе има, ама не е тоа тоа. Во последно време ми се чини дека сите се трудат да поминат ради реда со некоја ќелава шестка, него ли да стекнат вистинско знаење какво што и се бара од да речеме експерт во електротехниката и компјутерското инженерство. Не е секој за на електро и за работа со компјутери (и при тоа не мислам на работа која вклучува инсталирање игрици, туку дизајнирање програми, програмерска работа), исто како што не е секој за општествени науки. Не знам, такво време дојде, секој сака она кое ќе го учи да фати место и да резултира со наоѓање на работно место некој ден, но се забораваат суштински нешта, како на пример желбата за учење и спремноста за совладување на тешкотиите кои ги нуди факултетот кој сме го одбрале. Секогаш го давам истиот пример. Во последно време почна да се форсира смерот Е-бизнис од Економски факултет. Јас на пример, сум тотално индиферентна кон темите од економијата и едноставно не умеам мојата логика да ја искористам на таков начин каков што бара факултетот и 4 или 5 години на истиот според мене би биле залудно потрошени. Би положила и јас со осмици и деветки можеби, но тоа би било само механичко учење кое се сомневам дека некој ден ќе ми излезе во пресрет. Сепак, на крајот секој со својата среќа. К'сметот и таксиратот на човека никој не може да му ги земе.
Значи не. Како што рече Мишела, тоа е тоа механичко учење, учи за да положиш, дали ќе научиш нешто не е битно. Не може човек кој ти како што викаш бил тотално незаинтересиран во таа област сега да е експерт. Не оди. Башка брачедати може е запишана на тие смеровите без математики каде прва година пола предмети се економски ( пошо на финки има и таков смер, не знам шо инжињери ќе излезат од таму без математика ама ајде ). Факултетот не е просперитетен,просперитетна е струката. Знам дечки тата мата прават програмирање а не завршиле факултет. Не си ни запишале. И јас еве јавно си кажувам дека никогаш нема да го достигнам нивното ниво. Можеш да се бавиш со веб дизајн, со програмрање апликации, едноставно сам да си вежбаш и да си научиш и да си вадиш леб од тоа.Па CISCO инжињерите се едни од најплатените систем администратори а сертификатот се добива со едногодишен курс. Ама треба да те бива. Факултетот те учи само на начинот на размислување, не можат да ти всадат нешто ако ти го немаш.
Јас живеам во Швајцарија, и сум студент овде. Можам да ти кажам дека прва работа што мора да имаш се документите, а за студенти надвор од ЦХ е сложено. Мораш да имаш околу 20 000 фр на сметка или некој др што ги има тие пари, како гаранција за факсот дека ти можеш да студираш и живееш овде со овој стандард и се разбира, да ги плаќаш ратите. Друга работа, ако правиш мастер на англиски, најниското ниво што можат да ти го побараат е Б2, обично бараат Ц1. И сега не знам за другите универзитети, ама во мојот секој што нема завршено средно во ЦХ плаќа дупло од нормалната цена на ратата за семестар. Јас плаќам 4000 додека другите плаќаат 2 на пр. Ако те интересира уште нешто, слободно прашај
според мене најперспективни факултети во Мк се ФИНКИ или ФЕИТ и Медицински факултет. правници, економисти, наставнички, историчари, социолози, маркетинг менаџери итн итн. има на секој чекор и како што може да се забележи нема работа за нив веќе, што е жално бидејќи и тие како и сите други вложуваат труд во учењето и нивниот факултет е еднакво тежок со останатите, а на крај остануваат со дипломата во витрина дома приватните факултети се УЖАС, освен ако татичко има фирма- па таму да си мавташ со дипломата
Срценце, не постои тоа поперспективен, понеперспективен факултет. Има само факултети чија диплома повеќе вреди бидејќи моментално за таа струка има дефицитарна понуда на труд. Медицина перспекитвен, тикви со расол. Медицина повеќе е начин на живот, него факултет. За медицина да се запишиш, не е толку тешко штом нема приемни. По средниве школи повеќето на жими мајка завршуваат со сите 5ки. Ај што ќе се оставиш од учење, вреди и презимето што го носиш. Еве познавам човек, заврши медицина, со сите почести шта да ти причам. Знаеш што работи сега? Шанкер. Се пика, пробува по медицинскиве центри за 6000 денари плата, за на крај место да се плетка со докторите, тој се плетка со болничарите. А, болничар можам да бидам и јас. Жално е и за нивниот факултет и све што вложиле за вака да им се враќа. И воопшто не е целта, нека завршат сите факултет, па нека има конкуренција. Баш при запишувањето на факултет нека има конкуренција, после нека се разретчи, нека останат да учат најдобрите. Истото е и за Финки и Феит. Kaко што рече American Woman. Од дома ќе ви речат ова е перспективен, па оди шта год. Те бивало-не те бивало. Ќе излезиш со диплома,а без знаење. Секој да си го бираше факултетот спрема она што го бива, отколку за она што му е поперспективно ВО МОМЕНТОТ, ќе имаше многу поквалитетни кадри.
јас сум сеа четврта година и сакам да се запишам на педагошки факултет во битола... доколку знаете нешто повеќе за овај факс пишете... сакам да одам воодредно...
Планирам, и најверојатно би се запишала на економски. Е сега, Сметководство или Финансиски менаџмент?