Сметководство dear! Да не ме разберат погрешно оние што имаат завршено фин. менамент (и ја сум со истиот смер), ама после со барање работа кога ќе сакаш да работиш со финасии, сегдека се дава поголемо значење на оние што имаат сметководтсво, иако истите предмети се учат. Фин. менаџер можеш да бидеш и со обичен смер-Менаџмент.
Напротив, познавам многу невработени електро-инженери и тоа не такви кои дипломирале пред многу години. Ни електро не е тоа што беше пред 7-8 години, ама сепак таква е ситуацијата кај нас и не би рекла дека постои перспективен факултет во денешно време без разлика дали се работи за најтешкиот или најлесниот, затоа што на крај ситуацијата се сведува на добро познатото „кој како се снајде“.[/quote] хахах па тоа зависи од кој смер на Електро завршиле. Сигурно не се на исто ниво завршените компјутерски инжињери и програмери со оние што завршиле роботика. Македонија и роботи, магаре и козметика. ЗАтоа и на Електро коа се оди и за смерот се размислува а не само на ЕЛЕКТРО студирам па да биде после некој програми во странство да развива а друг дома батериите на количките да си ги пуни од мал шо му останале
Се извинувам за мислењата едно по друго ама кога го прочитав коментаров- не можев да одолеам да не искоментирам ако е најперспективно во државава не значи дека сите сакаат тоа да бидат Има многу што го делат истото мислење а завршиле општествен факултет, можеби од искуство зборуваат Јас лично ФИНКИ го сметам за најперспективен а не сакам тоа да бидам (ниту ме интересира тоа, ниту знам математика, ниту информатика ниту физика- од тие науки ја поим неам а сепак најбарани се денес електрашите. За џабе сигурно не е. Или сигурно не си рекле... дај бе видии на фемина.мк сите сакаат програмери да бидат- дај на сите работа ќе им најдеме ) Моја животна желба е да бидам педијатар пример но тоа нема да го остварам ради тоа што не можам да си дозволам специјализација а не сакам да учам толку многу и на крај упати за Ревматологија за пишувам и да слушам за снаата што го изгорела ручекот вчера.. И не е само желба, медицината ја разбирам, ја сакам, учам средно медицина -сестра смер и одлично ми иде. И планирам медицина да продолжам, но тука имам страв еден што ме кочи во одлуката- општа медицина или смер-медицинаска сестра.. имам уште една година да размислувам па ќе видимее што ќе студирам :geek:
Добар ден девојки. Нова сум на форумов. Годинава сум матурантка во средно медицинско училиште,така што во последно време,често размислувам кој да биде мојот следен чекор односно на кој факултет да се запишам. Колку што можев да прочитам ,бар сега за сега голем акцент се става на електротехничките факултети . Па , затоа сакав да ве прашам што мислите за смер- прехрамбена и биотехнологија на Технолошко-Метарлушкиот факултет? Доколку,има некој што таму учи би сакала да ми објасни малку поопширно што е и како е . Би се запишала тука,но сепак малку ме кочи тоа што има математика која што и не ми е баш најјака страна. Фала однапред.
Кај нас искрено, нема перспектива за ништо, оти едноставно нема. Таква државичка сме си, дури и најперспективен факултет бараме. Жално е и неправедно кон другите струки кои се изучуваат и во науката, за доброто на човештвото секоја толку напори вложила и толку дала. Ако сте отворени и многу трудољубиви, ќе си ги проширите хоризонтите сигурно, и ќе успеете што и да имате завршено.
Не знам за најперспективен, ама знам дека најНЕперспективен е Филолошки. Јас студирав руски јазик и знам како мачев мака за работа. На смеровите од типот, англиски, италијански, албански и сл. има премногу студенти и поради тоа не се цени многу а и има преголњма конкуренција за кога ќе аплицираш за работа. За другите смерови, има малку побарувачка! Јас конкретно предавам во приватно училиште, ама ни од далеку немам доволен број на часови за са бидам таму во редовен работен однос, па морам да работам "што се најде". Затоа сега размислувам да запишам втор факултет. АМА кај нас нема ништо што ме "влече"...
Дали некој може да ми каже како е на рускиот факултет во св.николе за информаткка дали има многу за учење на тој смер и дали е добар факултетот...??
Знам дека прашањево ми бега од темава..но стварно незнаев каде да го поставам На факултетов во Скопје, Кирил и Методи..има смер за јавна адмиистрација? Средно сум сакам да се запишам тоа..но незнам дали има, ако знае некој да ми каже?
Информатиката и математиката ми идат и поради тоа што ФИНКИ го сметам за најперспективен факултет сакам таму да се запишам.. али од секад сум имала поголема желба за медицина но страв ми е дека ќе заглавам на пола бидејки викаат дека е многу тешко. А медицината ми е далеку поитересна од прграмирањето, но сметам дека со ФИНКИ ќе имам поголема перспектива во животот понатаму.. и појма немам кој факултет ќе идам..
За да се поштедиш од нерви оди на електро или ако одиш на ФИНКИ оди на смерот е-технологии или ИНФО. Сите знаат математика дури не дојдат на ФИНКИ. Знам многумина што никогаш немале проблеми со математика и ги презапишале математиките на ФИНКИ, исто така има многумина кои ради математиките жртвувале и државна квота и се префрлиле на е-технологии само да не заглавуваат со математиките. На електро е многу понатрупана математиката се е во прва година, ама како факултет се полабави оти нема многу студенти. Плус на ФИНКИ кога беа прва генерација смееше еднаш да презапипишиш предмет без да падниш во приватна квота од годинава еденаш да презапишиш одма паѓаш во приватна квота. Плус голема е веројатноста да треба да одиш на ПМФ оти има многу студенти и редовни и заглавени со математики, а факултетот нема зграда, електро барем си има своја зграда и не ризикуваш да треба во еден ден да треба да трчаш за 15 мин од ПМФ на ТМФ или на електро, бидејќи предавањата и вежбите на ФИНКИ се одржуваат во просториите на ТМФ(Технолошко-металуршки факултет), електро и ПМФ.
БЕЛИВЕР доколку имаш поголема желба да студираш медицина немој воопшто да се двоумиш, дека е тежок да, дури можам да речам најтежок факултет, но верувај многу полесно ке ти е да совладаш нешто што стварно те интересира, одколку да учиш нешто за кое немаш желба. И не, не е финки најперспективен факултет...
Феминки, а што би ме посоветувале меѓу дизајн на мебел и ентериер и македонски јазик ? Македонскиов го сакам од дново на душава а дизајнов ме вади со креативноста. Македонскиов ме кочи со перспективата за која сите тврдат дека ја нема, а дизајнов као подобро...ете гледате пак се збунив ....
^^^ случајно налетав на мислењево, и морав да пишам дека факултетот за дизајн ти е многу подобра опција. Го фалеле во повеќе наврати, позитивни искуства се на се, такада ти препорачувам за него да се решиш.
Вака јас да си се распрашам...шо да правам чиста љубопитност Кои факултети во Битола се суупер вака мислење нешто?