Ме интересира за Англиски јазик конкретно на Филолошки факултет -Скопје и Педагошки факултет - Битола. Слушав дека Скопје ако завршиш можеш потоа да работиш и како професор и како преведувач, а Битола само како наставник по англиски до основно. Нема ли дипломата исто звање? Сепак е Англиски јазик и книжевност, па да можеш сегде да работиш каде што е соодветно за со јазикот?
Најперспективни се економски и филолошки според мене. Но сепак многу зависи и од тоа колку си снаодлив и каква ти е среќата (читај врските).
пред 4 години колку политики и стратегии разгледував во врска со оваа тема... после 4 години можам да заклучам дека: 1) од секој струка, област, наука или како сакате наречете го има ПРЕМНОГУ. нема дефицитарни тоа е мачкање на очи 2) нема непросперитетен, значи секој на свој начин е просперитетен 3) учете она што сакате, ако доволно се трудите и со малку повеќе пријателчиња ќе успеете
:up: Приказни има милион, не можеме со никој да се споредуваме. Секој успеал на различен начин, ама гледано во глобала, дефиницијата е: учење + труд + врски
Ме интересира за педагошкиот, завршив средно пред две години,не запишав ништо , сега почнав да работам нешто што може да се каже дека е колку да не сум дома и да имам пари за себе, ама не е ништо од што може да се надевам на посветла иднина. Сакам да се запишам на педагошки во штип(вонредно) ме интересира дали вреди да вложам труд, дали ќе ми се исплати?
Каков просперитет имаш со економски факултет? Е па вака знам дека во денешно време во насава земја најпросперитетни се медицина и техничкиве факултети(електро, ингорматика, архитектура, градежен) и плус се признати во странство но не секој може да ги заврши овие факултети. Некој не им одат природниве науки а се трудат и учат а економисти и правници има многу во македонија а во странство не се признати факултетиве. Што мислите вие, дали со економски може да се успее некако? Еве јас на пример сакам економски ама се мислам каква иднина ке си обезбедам со тој факултет, втора година сум гимназиа и сега треба да го одредам смерот, сакам да одам општа А, но се мислам и за природна А а физика пак ич не ми оди математика и така и така ама физика не. Некој совет ако може, какви се вашите мислења и ставови?
Ќе ти одговорам најискрено. Имам многу блиска личност што заврши педагошки во Штип - сестра (истата ситуација би била и во Скопје да завршеше) и ете ја, си седи дома веќе цели пет години. Факултетот е навистина убав, да описменуваш деца е нешто најубаво, најчисто, ама ако си немаш врски во општина, ваму-таму подобро немој. Секако, не мораш да ме послушаш мене, не знам како ќе биде во иднина, но перспективата за со педагошки факултет не е баш најсјајна. Уствари е, за поедини личности што си имаат врски. Мој совет е да си завршиш нешто со кое ќе можеш да работиш и приватно и државно. Со педагошки не можеш нигде да одиш освен по училиштата, а знаеме какви се работите таму. Синови на професорки, па на директори па слични работи. Сепак, се надевам дека нејзиниот труд ќе и се исплати, како и твојот во кое и поле да го насочиш. Поздрав, ти посакувам да успееш што и да одлучиш.
Колку и да сакам нешто, прво а и најбитно ми е да имам некоја иднина со тоа, т.с побрзо вработување, несакам да се малтретирам и повторно да работам по продавници за мали пари. Во голема мисла сум, сакам и несакам, а колку и да сакам незнам што сакам.
Нема најперспективен факултет тоа е факт ... секој со својата среќа според мене. Многу луѓе не работат според тоа што завршиле така да ...
Со ниеден факултет не ти се гарантира ништо, ништо не е сигурно, само за некои факултети е поголема веројатноста побрзо да се најде работа. На пример, потреба од медицински лица секогаш ќе има. И во странство и тука. Јас кога се запишував гледав само да можам и приватно да работам со мојов факултет. Имаш време, размисли си убаво. Ако толку го сакаш педагошкиот може и ќе имаш среќа, којзнае.
Економски(Финансиски менаџмент) или Фармацевтски? Толку сум очајна околу ова, и размислувам цело време каде би одела, што би правела со животов..Едноставно не знам. Би можела да го учам и тоа и тоа. Но, според вас, со кое би имала поголеми шанси да најдам работа? Со кое би си поминала полесно? Многу лошо се чувствувам, дојде момент кога треба да одлучам што всушност сакам да бидам во животот, а јас не знам. Го менувам мислењето секој втор ден. Помогнете ми ве молам.
Офф , во потполност те разбирам... И јас се наоѓам на истото скалило од животот. Секој ден ме измачува помислата што сакам да бидам,каде се гледам себе си и ред други прашања,но, едноставно не знам.Инаку mili4ka123 мислам дека во секој случај подобар избор ти е финансиски менаџмент... За фармација далеку тешко за учење е но не е тоа и толку важно,секој факултет бара загревање на столчето, но сепак..И да секогаш скоро крајниот резултат е работејќи во аптека за лоша плата . Но, доколку добро се снајдеш и ти се посреќи да се вработиш во некоја од големите веле дрогерии како алкалоид на пример ќе ти се исплати многу. Сепак учи го тоа што повеќе те влече и што ќе те исполнува. Јас ете учам средно медицинско и сега се двоумам дали да одам за медицинска сестра дали за физиотерапевт... искрено не знам што повеќе ќе ми биде исплатливо.Воедно колку што можев да видам годинава драстично се намалени квотите за државна квота што значи сега на уписи ќе биде тутканица..
Дискутабилно е прашањето, кој од двата факултети е повеќе перспективен. Според мене, пазарот на работна рака е презаситен од економисти, би додала и правници. Како економист, имаш широка палета на работи, кои може да ги работиш-и во јавна администарација и во приватен сектор, наспроти фармацијата што е ограничувачка, ама за која секојдневно гледам огласи, повеќе од огласи за вработување на економисти. Друго, економисти има со лопата да се ринат Но нели, секој со својата среќа. Се надевам ќе ја донесеш правилната одлука!
здраво би сакала да знам дали има некој што ќе се запишува стоматологија и дали има некоја информација плус за уписите?