Некој што студира на Машински факултет Скопје? Ме интересира конкретно за Индустриско инженерство и менаџмент...
Некој да има искуство со биохемија и физиологија ( ПМФ ), наставна биологија ( ПМФ ) ( ако се запишам на некој од овие два планирам да магистрирам форензика ) или Географски информациски системи ( ПМФ ) ? Кој е најдобар според вас?
Нема лесен факултет сите се тешки и сите бараат учење. Така да за кој и да се одлучите исто ќе ви биде. Ако сте желни да се мачите 3,4 или 6 години(архитектонски и медицински факултет) и да имате милион непроспиени ноќи запишете се и напредувајте. Секој напредок е ваш успех во животот.
сакам да се запишам на ПМФ математика - физика а имам завршено средно економско дали ќе можам да се снајдам со факултетот
здраво, дали некој од вас студира социологија на филозофски факултет - скопје ?? и како е , лесно тешко ??
А за педагогија да ми кажете како е. Има некој што студира педагогија или некој што планира да се запише оваа година на педагогија?
Јас сум од физика. Да ти кажам искрено, може ќе слушнеш од некој дека без разлика на кој факултет да се запишеш, се учи се одново. И да тоа е точно, ти можеш да се запишеш од економски на медицина на пример и нема да ти биде тешко, ќе се снајдеш и без да имаш некакви предзнаења. За да можеш да бидеш во тек со предавањата, на математика - физика треба да имаш доста предзнаења од средно. Еве, колку за споредба ке кажам, на физика минатата година, се запишаа околу 30 и неколку студенти, мегу кои двајца имаат одено на светска олимпијада по физика ( неколку пати ), неколку на олимпијади по математика, а неколку се ученици на генерација во средно. Што е со останатите.. неколку се откажаа уште пред Нова Гопдина, неколку на крајот на година, и има неколку упорни што уште се мислат дали да продолжат или во Август да се запишаат нешто друго. Добро математика - физика е малку полесно, во смисла со оптовареноста со предавања и материјалот, но немој да очекуваш дека ќе биде лесно. Иако не е предуслов, мој совет ти е да се запишеш, доколку навистина знаеш ( не да мислиш дека знаеш ), туку навистина да знаеш, односно ако имаш положено математика матура барем основно ниво, најмалку со четворка ( и четворка е малку, затоа што доста од моите колеги имаа положено напредно ниво со петка ). Ти размисли саи повторно, не ми е целта да те разубедам, но верувам дека нема да ссакаш да се запишеш прва година и наредната година да се запишуваш на друг факултет, како што е случај со барем 50 % од студентите што се запишуваат на физика. Сега знам дека си амбициозна, си велиш ќе бидам упорна и ќе успеам, и јас минатото лето си мислев така, дека нема нешто што не може да се положе ако навистина си упорен и го сакаш и јас бев ученик на генерација, но и покрај тоа верувај од септември до сега илијада пати помислив дали да останам на физика до крај. Совет + ( За сите ова важи ) Пред да се запишете, добро размислте далли навистина го сакате тоа или е само моментално и што е уште поважно прашајте некој зошто, што, како идат работите на конкретниот факултет. Затоа што понекогаш не е доволно само нашето "сакам".
Дечки, мене ме интересира смерот ИНДУСТРИСКО ИНЖЕНЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ од Машински факултет. Има некоја на овој смер? Било какви информации се добредојдени. И каде на пример би можела да се вработам во иднина, кога би дипломирала на овој смер?