Една другарка заврши на тој смер лани. Незнам што и како се учи меѓутоа исто малку луѓе се запишуваат, а се што е малку многу лесно наоѓа работа. За геодети секогаш ќе има работа, што во катастар, што во приватни фирми... Добар избор.
индустриски дизајн-машински факултет и дизајн на мебел и ентериер Може ли мислење за овие два факултети и кој е повеке перспективен?
Дозволено е, исто како што нема ограничување за средно образование при запишување на факултет. Може со средно економско на медицина, на пример. Но не знам колку некој би се снашол со економски факултет да магистрира на прмиер на математичка економија, зашто сепак станува збор за ПМФ.
Прво едниот со другиот факултет нема допирна точка иако исто звучат како ДИЗАЈН. На машински убаво ќе треба да се стегнеш за да можеш да го завршиш овој смер. Прва и втора година (прв семестар) ќе те напнат со математики и физики (ако не ти оди ова подобро не се ни обидувај да се запишеш), а останата половина од семестарот и 3та година ќе си имаш работа со компјутерските програми за цртање кои се доста комплицирани. Значи ни малку не е интересно како што звучи. Друга работа со машински и дизајнирање е што тебе ќе те обучат да дизајнираш делови за машини, цели машини, амбалажи, моторни возила итн... За перспективен незнам нависитна, повеќе сум за тоа дека не е нешто многу перспективен за кај нас треба или да те послужи среќата или многу да те бива ама пак нема нешто многу за дизајнирање. Једино ако сакаш да завршиш во Џонсон Мети и да дизајнираш штрафчиња. Ај да имавме некоја автомобилска индустрија па да речеш, исто и со амбалаживе не дека нема за амбалажи ама греота е да завршиш машински и да дизајнираш пакетче за смоки за друг вид на амбалажи станува збор да речеме од метал или пластика, штознам... Луѓево што ги познавам и што имаат завршено абер немаат од дизајнирање иако се по фабрикиве, али па и од плата не се фалат нешто многу. Сметам дека по перспективен ти дизајн на мебел и ентериер, ем е полесен, ем повеќе е како за девојче , а кај нас има и доста фабрики за мебел. Дека ќе имаш звање инженер верувај дека не е ништо посебно.
Aj ve molam vase mislenje za faklutetot Makedonski jazik i knizevnost dali e dobar faklutet dali e lesen tezok ??
[/quote] Ќе треба да вложиш многу пари, труд и години. Специјализација, магистратура... Но, вреди. После години макотрпна работа, веројатно ќе те следи добра плата
Точно дека немаат допирна точка факултетиве како што кажа мимс.Јас сум на дизајн на мебел и сметам дека е поперспективен од аспектот што го објасни мимс.Прво не е многу тежок, но далеку од тоа дека е лесен, друго треба да си спремен да црташ програми и по цела ноќ, значи напорен е.Теорија не се учи многу, но оние предмети по кои се учи се главно за машини за производство на мебел, за својства на суровини, материјали, дрво и сл и има некои предмети од тие што се доста тешки.Онака е интересен и професорите се супер.За работа сметам дека поради тоа што е нова струка, јас сум прва генерација на факултетов откако се одвои од Шумарски и годинава сигурно од 10тина фирми имаше апел до факултетот да им пратат студенти на пракса со можност за вработување, бидејќи им фали кадар од оваа струка. Инаку секој ќе рече е што треба да си толку стручен да уредиш ентериер или да проектираш мебел, ама не се обесхрабрувај на ваквите излишни коментари, затоа што нашиот менталитет е таков.Во странство секаде се барани дизајнери. И уште нешто и со овој факултет имаш звање инженер, затоа што факутетот е биотехнички факултет. Ако нешто подетално те интересира пиши ми лп.
Здраво девојки. Дали има некој да ми каже нешто повеќе за Дефктологија. Ги подадов моите документи електронски сега чекам да дојде 14.08 и да се запишам, но сакам да знам дали има и некој од вас заинтересирани за на овој факултет. П.С. Нека ни биде со среќа на сите
Најдобра другарка моја е на тој смер и е препрелесно испитот им е 40 страни , ептен е лабаво , на приватен факултет повише учат.. а за просперитет незнам колку работа можеш да најдеш со него ама и со најниски поени влагаш без гајле
Со тоа би можела да работиш во било која индустриска дејност како планер на логистиката. Тоа опфаќа на пример како финалниот производ најбрзо, најбезбедно и најефтино да пристигне до потрошувачот и обратно да речеме како суровините потребни за производство на некој производ на најбрз и најефикасен начин да стигнат до фабриката. Со најпрости зборови тоа е тоа.
Во кој град сакаш да студираш ? Доколку сакаш Струга сигурно ке те примаат се надевам си доволно информирана дека на правен ги има следниве предмети:Социологија,Историја,Бизнис и Филозофија.....се надевам некој од овие наведени предмети имаш учено в средно иначе точна е информацијата дека има мн правници ама неможеш да се запишиш нешто што не сакаш ти....она што ти лежи на душа треба да го продолжиш
Телекомуникации на ФЕИТ Има некоја на овој смер? Било какви информации се добредојдени. И каде на пример би можела да се вработам во иднина, кога би дипломирала на овој смер?