Девојки, се мислам помеѓѕ ФИНКИ и Медицински.. И тој и тој го сакам, никако да се одлучам. Што мислите вие?
Зависи што сакаш на Медицина, ако ти е за рентген или физиотерапевт тогаш подобри ФИНКИ, а ако сакаш нешто повеќе рачунај дека ќе ти требаат премногу пари за специјализации и чуда ако можеш да си дозволиш тогаш ич не се мисли. Ако ти е за стоматологија сметам дека ФИНКИ ти е далеку подобар избор, многу познаници завршија им требаат јаки врски за да влезат на клиника само како асистенти, а во приватните ординации не зимаат повеќе од 15000. Секако ако имаш после некаде да се бутнеш за сигурно тогаш ти е супер избор.
Луѓе се двоумам меѓу Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ) од ФЕИТ и Мехатроника од Машински факултет...Што би одбрале вие? Некои ваши искуства од истите?
Феминки ваше мислење, Филолошки факултет - Катедра за Англиски јазик, Градежен - Геодезија или пак ПМФ - Географски информациски системи ???????
Геодезија! Градежен инженер си е градежен инженер, со Англиски нема да направиш исто, а за ова со ПМФ немам истражувано така да незнам. Геодети се бараат многу, колку за информација градежните инженери во Гранит и Бетон зимаат повеќе од 1000 евра плата.
За перспективен, не знам колку е. Но, пред се многу хумана работа. Работиш ( слично како воспитувач/наставник, но сепак многу повеќе од тоа, заради специфичноста на работата ) со деца со оштетен вид, со оштетен слух, со ментална ретардација и со телесна инвалидност во рехабилитациони установи и во посебни училишта. Понатаму, дефектолози се среќаваат како дел од стручните тимови на редовните детски градинки, основните и средните училишта, на здравствените и социјално-заштитните установи. Кај нас само на филозофски факултет во Скопје се образоваат вакви кадри, така да нема некоја преголема бројка што се запишуваат или завршуваат, како што е случај со правните факултети на пример, што ги има речиси во секој град, на сите приватни и државни универзитети. Но, не знам колку се признаваат дипломите од филозофски факултет во странство ( освен нели во земјите од Европа вклучеви во Болонскиот процес а за пошироко изгледа не се признати). Мегународното се признаваат дипломите од ПМФ, ФЕИТ, ФИНКИ, машински и не знам можеби има уште некој др.
Барани се и градежни инженери, а и ПМФ е ценет факултет. Ако пратиш огласи за вработување позастапени се градежните инженери. Меѓутоа, кој знае што се’ се менува за 4 години. Англиски јазик не би препорачала. Пренатрупани се факултетите со јазичари. Полесно е од другиве што ги имаш како опции, ама барем сега потешко работа се наоѓа со англискиов. Ако ти е за платата , не се залетувај. Така јас се залетав на електро. До сега ги имам положено сите предмети и имам одличен просек , за натаму ќе видиме. Ама платени се инженери во ЕЛЕМ, МЕПСО... Некој реномирани фирми каде што треба да имаш и врски за да влезиш. Реална плата без работно искуство, онака да влезиш во фирма без ниту година работно искуство од струката, е 23-24 илјади денари. Овие што има пишано Мимс, можеби земаат плата 1000 евра, ама имаат најмалку 5 години работен стаж. Треба да размислиш и за одговорностите што ќе ги имаш. Да речам, ако завршиш ПМФ ( зависи и кој смер сакаш од ПМФ, еве пример земам за проф. математика или физика ) имаш доста полесна работа од еден градежен инженер. Некој ќе рече, е како полесно , работење со деца, треба да се “расправаш“ со секакви, невоспитани/воспитани, секакви ги има, одговорност е. А не носиме одговорност како инженери ? Еве, имам некој професори и нон - стоп гледам де само некој проекти, пресметки прават, се советуваат со други колеги дали имало загуби,немало загуби Земаат пари луѓето, ама имаат турбо работа. А како проф. работа дома ти останува само тестови да прегледаш и некако ми се чини порелаксирано е. Мое мислење е дека градежништво, електро, машински, повеќе некако како машки струки се. И баш се имам соочено со пример во размислувањето на работодавачиве во смисол : без разлика на просекот, машко си е машко за овие работи. Дискриминација или сепак вистина ? Онака, мое лично мислење и искуство. Твое е да ослучиш. Со среќа каде и да се запишиш. Инаку, мислам дека се немам изјаснато во темава. За мене најперспективен факултет е економскиот. Во секоја фирма бараат економисти, а платите воопшто не им се за потценување од аспект на работата која ја имаат .
Девојки планирам да се запишам на ФЕИТ, но се двоумам помеѓу два смера: електроенергетски системи(ЕЕС) или електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија(ЕАОИЕ). Би можела ли некоја од вас да ми каже нешто повеќе за смеровиве? Кој од нив мислите дека би ми донел поголеми шанси за вработување? Некои ваши искуства од смеровиве..?
Девојки.. Сакам да завршам стоматолошки факултет. Е сега се мислам дали да се запишам со 3 години како Забен техничар (и после ако имам можности да се специјализирам) или да земам Дентална медицина со 5 години. :/ Дома баш и не сме многу богаташи и не сакам моиве да го трошат многу и тоа што го имаме, но се надевам дека во наредните години ке ми се пружи некоја добра прилика за да добијам некоја пара. Е сега муабетов е дали со овие професии ке се најде работа ии колку ке биде платена. Го ценам секое мислење.
Со ова шансите да најдеш работа се поголеми одошто например со некои други факултети. Но, сепак големата невработеност од 30 % во земјава може да се попречи и на тоа. Неодамна по медиумите имаше млад брачен пат кој и двата завршиле медицина со добри оцени, нема што да работат па ќе заминуваат в странство. Се е променливо се е релевантно Дентална медицина можеби би ти било по перспективно одошто забен техничар, зашо можеш да работиш и на приватно, а со забен техничар не знам, како секретарка ќе изиграваш на некој стоматолог или пак во некоја техничарска ординација во некоја болница каде ги има само по 1.
Што и да бараш каде и да одиш, и со 10.00 да си завршила на Европски, а пред тебе има некој со правен 6.00 завршено но од Уким, знај дека ќе го примат него а не тебе
Драга ЈКТ ,зашто делиш грешни информации? Дали ти воопшто знаеш што е тоа Забен техничар?Да не помеша малце со стоматолошка сестра? А да и каква ти е таа техничарска ординација? :О да не мислиш заботехничка лабараторија? Спојлер Пс. Не е дозволено едно под друго мислење да пишуваш!!!
Јас се мислам меѓу ФЕИТ (компјутерски технологии и инженерство) и ФИНКИ (компјутерски науки и инженерство). Бидејќи се некако слични некој ако знае на кој било нешто да каже дали е интересно, како му оди или каде би можела да работам со овие факултети? И мислење општо кој е подобат ФЕИТ или ФИНКИ? Благодарам однапред!
Според вас кој смер на економски факултет е најпердпективен за во иднина полесно да се дојде до работа?