Ниту еден.. ахахахха се зезам. Најперспективен според мене е финансиски менаџмент но и маркетинг не е за фрлање
^ Што ако ви кажам дека перспективата не ви зависи од смерот на факултетов? И што ако ви кажам дека финансиски менаџмент е преценет? И што ако ви кажам дека откако ќе дипломирате работните места прво ќе ви ги земат тие со врски и тие од приватните, а ако вие не сте такви, факултетот ви е џабе ако ја немате природната снаодливост? И што ако ви кажам дека работа во банка како што повеќето мислат дека смерот финансиски менаџмент по дифолт им ја обезбедува (нема врска, со било кој смер можеш да работиш каде сакаш и што сакаш и пред се за што те бива) е најглупата работа која можете да ја работите со овој факултет? И што ако ви кажам дека најубаво ќе ви биде да гледате да се упишете во државна квота на било кој смер затоа што факултетов пет пари не вреди? На крајот, учете ја животната снаодливост и видете каде сериозно се гледате себе си, а не да трчате по перспективност на смерови. Можете да гледате перспективност, ама ако природно не ве бива или не го сакате тоа или не се гледате како работите нешто, ништо нема да биде. До тогаш смерот ви нема врска. Со општа економија работат како банкарски референти по банки, а со финансиски менаџмет келнери по кафани и кафичи, тру стори... Гледајте да се насочите кон нешто што е занает, како што е сметководство, маркетинг и слично, затоа што секогаш ќе можете да играте независно доколку сакате, се останато се учи на самото работно место како рутина и никаде на друго место не можете независно да го примените, како што е работата во банки. Тинк смарт.
Добро има објаснето членката погоре. Јас да ви кажам едно искуство кое кажува дека се е до природната интелегенција и искуство од животот како и снаодливоста одошто вештачката интелегенција. Имам двајца пријатели, кои што со мене завршија средно и до ден денес се дружиме. Едниот примерен, културен, со речник и пријатен, другиот хохштаплер, нигга бој, али секад праведен и многу бунтовен. Првиот беше трет по јачина во Македонија ученик, а овој вториот заврши со 4 сите години. Дојде ред и двајцата се запишаа на факултет правен, првиот влезе како ПРВ со 100 поени и секакви дипломи и пофалби, а вториот влезе во приватна квота со 71 поен. Еве ги, сега магистрираа и двајцата пред 2 години и тоа и двајцата на кривично право. Првиот дипломираше и го заврши факултетот со 9.7 просек и земаше стипендии сите години, а вториот си го тераше со 7 ци и 8 ци и по некоја 9 ка и го заврши со просек 8.1 што е навистина огромно достигнување за него. Првиот доби златник од факултетот што магистрирал со 10.00 а вториот ништо. Ама, вториот се запосли ! И тоа е член на либералната партија, а не на ДПМНЕ. Првиот ем член на дпмне, ем одличен успех. Што е работата ? Вториот на часови се препираше со професори, искажуваше теории имаше политика на отворени врати и беше настроен анти-дискриминаторски кон се. Првиот им ги лижеше газојте на професорите ( да ми извините), и мада и да не беше со нив согласен, сепак во се се сложуваше. Две години стажираа кај различни адвокати, вториот го запосли адвокатот како асистент адвокат и зема плата од 20.000 денари, а и највеорјатно ќе му станува партнер. Првиот пак, со партиски врски стажирал кај адвокат прочуен и многу јак, ама ете го, си седи дома !!!! Ем дпмне член, ем 10.00 студент, ем стипендист и со одлични препораки, но никаква БОРБЕНА АКТИВНОСТ И ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ! Сакам да ви кажам, дека оној вториот ОНАА БУНТОВНОСТ И ЦВРСТ КАРАКТЕР ГО ДОВЕДЕ ДО ВРВОТ КОЈ НАЈВЕРОЈАТНО ОВОЈ ПРВИОТ НИКАД НЕМА ДА ГО ДОСТИГНЕ !
Да ве прашам дали може повеќе од една пријава да се напише,на повеќе факултети, па потоа да се дадат документи на едно место?
Да ве прашам дали може повеќе од една пријава да се напише,на повеќе факултети, па потоа да се дадат документи на едно место?
prasanjevo neznam kade da go postavam ama nemam mnogu vreme ke moze nekoj da mi pomogne...? vo vrska so taksena marka za prijavata za upis na fakultet... kako sto znam ukinati se tie takseni marki sto se kupuvaa vo knizari treba da uplatam 50 den.. ama kade na koja smetka.. so koja doznaka sto da napisam na uplatnicata
Ве молам кажете ми нешто повеќе за биотехничкиот факс во Битола,кои смерови ги има и дали е лесно или тешко? Кои документи се поднесуваат и уписите дали се на 16и17 Август ..
Извади си дупликат диплома од средното. Поарно дај 1000 денари, мислам дека толку е, отколку да испуштиш рокови. Јас лани така се зафркнав.
Me интересира од прилика,ако знаете кога се почнува на факс,како е првиот ден? од каде знаеш каде треба да појдеш таму и во колку часот? И лаптопи треба ние да си носиме ?
Абе какви лап топи од прв ден. Си идеш на факултет, обично во амфитеатар е прв час, деканот зборува, па зависи од факултетот дали ќе имате предавања или не. Ние немавме, ама архитектите имаа И на 15ти септември се почнува. Саат не знам ќе си ви кажат на страната или на меил кога да појдете.
Од септември сум четврта,па планирам да продолжам на драмски факултет Што ми препорачувате? Ако некоја студира таму,нека ми пише нешто повеќе.
И јас сакав годинава да си одам на драмски, ама наместо тоа еве ме сега запишана на општа медицина. Мислам, факт е тоа дека кај нас со драмски си никој и ништо, ептен тешко (скоро невозможно) се наоѓа работа, и нема перспектива. А да не го споменувам фактот што се примаат само по 10 души па затоа влегуваат само мамини синчиња со јаки врски и астрономски длабок џеб. Би ти препорачала, искрено, одбери нешто со кое колку толку ќе најдеш работа кај нас, и нешто кое утре ќе ти ги плаќа сметките, зашто во оваа наша држава Недојдија само тоа се гледа, не се гледаат желбите и соништата на младите. А и онака сега ќе си четврта година, имаш уште време, знаеш уште колку пати можеш да се премислиш околу оваа тема додека да завршиш средно.
^ се согласувам апсолутно, е е поентата само да се запишеш и да завршиш, битно е и што те чека таму на крајот после 4-5 години и колку тоа што го гледаш е реално и навистина остварливо
Девојки гледам годинава е голема заинтерисераноста за медицински факултет - општа медицина. И на Уким и на Угд речиси оваа студиска програма беше пополнета целосно. Па да слушнам кое вашето мислење за просперитетот по завршувањето на студиите.