Јас се запишав годинава општа медицина на УКИМ, а предходно завршив тука во Скопје средно медицинско, отсек сестра. И искрено, како и секоја друга професија кај нас, работата е „турни ме да кинисам“. Ако немаш или длабок џеб, или влијателни пријателчиња, или ако не ти е дедо владика, тогаш колку сакаш биди интелигентен и образован, пак нема да најдеш сам по себе асална работа. Искрено, не сакав медицина, не сакав ниту такво средно, ниту сега овој факултет, ама што е тука е, мора нешто да се запише, па се потпирам само тоа што сега ако ништо друго има студентски размени, и на тоа што можеш сам да си аплицираш на некој странски универзитет, зашто, искрено речено, кај ќе ги гурам тие 6 години (ако испраднат само 6) за општа, па после за барање работа ќе е тешко, па специјализации, а тука сето тоа и на крај пак ќе завршиш, ако си екстремно среќен, со максимум 45.000,00 плата, што навистина не се исплати после толку труд, барем според мене. Значи, да скратам, во државичево наше сеуште владее она „с ким си, такав си“, па напоредно со тоа ќе ти зависат и идното работно место и просперитетот.
Велат дека еден меѓу најпреспективните факултети бил ФИНКИ. Сето тоа е супер, но јас се чудам каде ќе го вработат сиот оној кадар со кој располагаат? Бидејќи последниве години може да забележиме дека за таму се пројавува најмногу интерес...
Валерин, за ФИНКИ да, има огромен интерес бидејќи сега има многу инвестиции од тој тип во државава во последно време и таков кадар е најпотребен, но морам да ти кажам дека ФИНКИ вршат селекција, и на испити и на дипломи. Имам кажано за тоа, но мислам беше во темата за ФИНИКИ и ФЕИТ, но ајде пак ќе повторам. Селекцијата ја вршат на тој начин што они имаат одредена превидена бројка колку студенти ќе пуштат годишно да дипломираат за да не се случи да има вишок на дипломирани и невработени, туку да дипломираат онолку колку што во моментот после дипломирањето ќе и бидат потребни на државата и ќе ги вработи. Исто и на испити се врши таа селекција. Пример на прв колоквиум ако има десет 10ки, вториот колоквиум го прават потежок и покмплициран зза да има бројка од 2-3 10ки. Ако полагаат пример 120 души еден испит, го положуваат околу 40, не пуштаат толку лесно баш од оваа причина. Ова го зборам од "искуство", бидејќи имам член во семејството што студира на ФИНКИ и е од првата генерација запишани на ФИНКИ т.е кога се отвори ФИНКИ, тие студенти што сакаа се префрлија од ФЕИТ. Исто затоа и на Медицински е воведен новиот модул со екстерен испит после претклинички студии, за да се изврши селекција најдобрите да продолжат со клинички студии, а не кој стигне. Пошто последниве неколку години Медицински е најбаран факултет во државава. Бидејќи ако Медицински продолжи како досега, ќе останат вишок на кадри како на Правен и Економски. Бидејќи оваа година само имаше само 200 дипломирани доктори. Каде тие доктори ќе се вработат сите наеднаш?? Вака со селекцијата, ќе се намали годишниот број на дипломирани за да се пополни вработеноста во државава со онолку кадар колку што е потребен во моментот, да не остаануваат со факултет невработени поради вишок што е многу логично и одлично според мене и тотално сум ЗА вакви селекциии и тоа на сите факултети каде што матурантите и студентите пројавуваат преголем интерес за студирање на истите.
^ искрено не бев запознаена со ваквата селекција. Тоа е многу добра работа за колку-толку да се намали невработеноста. На Економски и Правен под итно треба да се воведе такво нешто, а не буквално секој што ќе се запише да дипломира.
Абе многу добра работа прават веќе, подобра и неможе да смислат. Затоа после по 10 години учиш еден факултет пошо они мора да пуштат само 10 студенти да дипломираат ете затоа. Гадови Го плаќаш секој семестар, едвај чекаш да дипломираш и ќе те ј*бат вака, а зошто тогаш прават толкави слободни квоти за примање? За пари нели, знаат да пишат конкурс дека примаат 200 студенти ама види од тие 200 само 20 може да дипломираат другите нека се мачат. Како и да е јас мислам дека ова нема врска, нема шанси на ваков начин да функционираат. Они ако се секираат за невработеноста имаат милион начини да ја решат, а не вака. Плус многу од луѓето што дипломираат чарето си го бараат надвор затоа што тука никој нема да им води сметка за невработеноста. Или може сакам невработена да седам од кај знаат они?! Невработеноста ќе се намалела? Абе не ме смејте, а во која категорија ќе бидат сместени студентите кои неможат ни да дипломираат само затоа што нема работа во државава? Да немаат никаква шанса ни на друго место да си ја пробаат среќата. Ќе се создаде нова категорија „вечни студенти„ и ќе расте од година у година, затошо бројот на луѓето кои ќе отидат во пензија ќе биде минимален во споредба со бројот на студенти кои ќе се запишат на факултет и оние кои ќе чекаат да добијат диплома. Е тогаш да, ќе имаме мала невработеност ама зошто? Зошто македончето неможе да заврши факултет!
Во ред, во право си не викам не, но само кажав како е на ФИНКИ селекцијата, и тоа професорите им го кажале и е од сигурен извор. Плус на мн блиска другарка татко и е професор на ФИНКИ па и од таму знам за работиве што е и како покрај дома кажувањата
- ФилАлошки за да научиме јаз`к и праилно да зборуеме македонцки - Туризам - пошто доаѓаат многу турци па да си туриме ќар со тури правење
Ако гледаме реално на работите, факултетите што најмногу ги потценуваме треба да бидат најперспективни. Без разлика дејлајт колку е сериозен/а туризмот треба и те како да биди важен,така да факултетот за туризам треба да биди дефинитивно еден од најперспективните факултети. Зошто? Затоа што Македонија има толку убави дестинации кои можат да бидат туристички атракции, првенствено заради природните убавини што ги нуди. Најтрагично е ние самите не си ги знаеме убавините што ги нуди државава,а очекуваме некој друг да ни ги знае. Прекрасни пештери, водопади, за малку пари. Све имаме да понудиме, само ни треба поттик и вложување во туризмот, што истовремено би значело вложување во овој факултет. Факултет за земјоделски науки и храна- често слушам муабети за факултетов дека бил селски. Браво на размислувањето. Факултетов треба да е можеби и најперспективен од сите тука со оглед на тоа што сме земјоделска држава,имаме плодна почва,имаме покрај тоа да се прехраниме самите себе,можеме да понудиме и извоз на земјоделска храна која можеби ќе биде една од повкусните и не вештачко произведена. За сето тоа треба да се има комплетна стратегија како и што би се вложило, треба да се заштитат насадите, наслението што живее од земјоделство треба да се поттикни да произведува, да напредува, а не еден дожд заврнал и отишол цел род. Има решенија и за заштита од невремиња, има за се решение. Да бидеш агроном не е нешто потценувачко, напротив тоа треба да биде вистинска платена работа, бидејќи од тоа корист ќе имаме и ние како обични граѓани, и земјопоседниците и државата и останатите држави кои би ги користеле нашите производи. Педагошки- се смета за најлесен факултет, и можеби навистина е, не знам. Но педагошки е првенствено најважен и затоа треба да биди и еден од најтешките факултети кај нас. Самиот поим педагог со себе носи одговорност. Не може секој да биде учителка, бидејќи од најрана возраст децата се учат на се, без разлика дали свесно или несвесно. Треба со нив да имаш квалитетен пристап, треба да ги почитуваш, да ги мотивираш. Бидејќи животот во детството понатаму се одразува во понатамошниот живот. Све е тоа супер што се вложува во денешно време во индустија, техничките факултети се позахтевни. Но, сите тие странски инвеститори доаѓаат со претходни барања и зацртани планови. Знаат дека нудиме ефтина работна сила и место каде што инжињерите ќе бидат платени можеби дупло помалку. Наместо ние да ја вреднуваме сопствената работна сила, ние се пикаме онаму каде што не ни е местото. Отворање на малечки погончиња, каде викаат дека ќе вработат 700 луѓе, се ништо во споредба со индустриска Германија, Јапонија. Зошто државата ги заборави вистинските професии од кои денес сите би имале придобивка? Ги потцена до максимум, иако тие можеби би биле и клучниот фактор за раст и развој на нашата држава (онолку колку што имаме можности за истото) Во моментов перспективата се гледа во програмирање, меѓутоа конкуренцијата е преголема. Треба да си над сите за да успееш и да ги исплатиш вложениот труд и знаење. За економисти секогаш ќе има работа, тоа е јасно. Но, немаме толку работни места колку што годишно завршуваат дипломирани економисти од трите универзитети. Филолошки исто така перспективен факултет,доколку се земи во предвид дека денес не сакаме да бидеме затворена земја, напротив да комуницираме со сите останати земји. Фали, многу фали конкретизирање на работите што ни значат и од кои можеме да добиеме сите. Но, не. Најлесно е да викниме некој од страна да ни направи све на готово и ние да мизеруваме за едвај 200 евра плата, во време кога 1000 евра во месецот стануваат потреба,а не луксуз.
ФТУ Царина и шпедиција-Охрид,мислење за факултетов, да ми каже некој што е на него запишан или пак завршил, како е? што? какви предмети има? Јас инаку средно завршив транспорт и шпедиција.
Иако напишано на вицкаст начин, мојот став е сериозен во тој поглед. Потполно се согласувам со тебе за кажаното, навистина Македонија има огромен туристички потенцијал, дури и без проектот „Скопје 2014„. Прашањето е само како и дали има кој тоа правилно и интересно да го презентира и дали има доволно развиена удобна и безбедна инфраструктура сето тоа да се види за (по можност) релативно кратко време. Браво, големо браво за кажаното!!! Ретко кој размислува за фактот дека земјоделците (школуваните и нешколуваните) се тие кои всушност ја хранат Македонија (и светот!)! Што ќе беше сите да бевме информатичари, машинци, правници и сексолози? Ќе цркнеше нацијата од даунлоадирање готвачи и hrana.jpg слики.
Феминки ме интересира дали во Велес има факултет за туризам и логистика, знам дека пред некое време бил отворен а дали уште е незнам? Ако некоја има информација нека ми каже.
Што дека некои ќе заврши и докторат, ако нема врски и пари нема да се вработи, ќе треба дома да си ја урами дипломата и да си ја чува закачена на ѕид и да му фаќа прашина. Во Македонија не барајте најперспективен факултет, туку најперспективна политичка партија.
Девојки можеби прашањево не е за овде , но не знаев каде на друго место да го поставам . Дали овде има факултет за судска антропологија ? Ако има каде е ? И уште подобро , ако некој од вас студирал на некој таков факултет нека ми се обрати во ЛП , имам неколку прашања во врска со ова .
Ази, ти одговарам многу касно, можеби веќе и си се предомислила, ама ете можеби на некој друг ќе му биде од помош или ако ништо повеќе поттик да се обиде и да проба. Врснички сме и јас сум четврта година средно, ама до пред една година бев скоро убедена дека ќе се запишам баш на ФДУ. Желба се' уште имам, ама не знам колку можам да ја реализирам во вакви услови, па си викам подобро да запишам нешто друго, а ако продолжи да ме влечи ова и понатаму, ќе се обидам некоја наредна година. Ако ништо повеќе, барем упис за драмски актери вршат секоја година, за разлика од останатите класи каде што се избираат дупло помалку студенти, а уписи се вршат на секои 2 или 4 години, зависи на која катедра. Колку што имам слушнато, предност даваат на Албанци, Роми, Бошњаци, Турци и Срби. Не знам колку е вистина. Ама најважно од се' е тоа да поседуваш талент. Во спротивност ни најголемите врски нема да можат да те спасат. Чист пример, син на дипломирана актерка на ФДУ годинава се одбиде на приемен. Не продолжи. Вујко ми е влијателен човек во скопските кругови, ама кога дојде приемниот на братучеда ми, не се мешаше воопшто. Македонка, со огромен талент, ја примија во турската катедра бидејќи конкурираше за истата. Ете ја, веќе неколку години дипломирана, со постојана работа во престижен скопски театар. Друг пример, братучед на познаничка, дипломираше во последната класа на Милчин. Сега работи нешто сосема друго. До упорноста е, до степенот до кој што ќе се бориш за она што го сакаш и издржливоста. Ако си навистина загреана за ова, јас ти ја посакувам сета среќа на приемниот. Само совет плус, посетувај часови кај некој актер, информирај се и вежбај ги монолозите.
Дали ако напоредно студираш два факултета на истиот универзитет има можност за попуст на партиципацијата на еден од факултетите? Вонредно секако, имам слушнато дека во штипскиот факултет имало таква опција, а мене поточно ме интересира за скопскиот Кирил и Методиј дали постои слична можност?
Не знам дали е точна информацијава ама имам слушнато дека ако си запишана на два факултети истовремено едниот ти е бесплатен Е сега колку е точно,стварно не знам
Еве јас да кажам, мислам дека можам да ви бидам татко на сите овде, пошто имам 27 години. Имам дипломирано на Електро. Отворив една тема за втор факултет, бидејќи планирам пак да се запишам на Електро, ЕДНАШ дипломирав таму, во 2011 година. Не сум задоволен со насоката што ја одбрав, затоа сакам да се запишам на друга насока пак на Електро. Немам афинитети за други струки, освен еве за јазици (ко сунгер ги впивам сите полиглотски финти) и јас друг факултет освен Електро на УКИМ не би одбрал, ако правиме муабет за територија на МКД. Ајде да речиме нека биде и ФИНКИ тука, ама ЕЛЕКТРО си е ЕЛЕКТРО. Строги професори, се бара учење, нема да ти се испулат ако сакаш со лесно да поминиш, таман е за да научиш како да учиш. Без навреда за другите профили, ама техничките струки се најбарани и највредни, се уверив откако дипломирав. Не мора да е техничка, ама ако занимањето вклучува мајсторлук, ако вклучува некој човек да има потреба од твојата услуга или знаење, тогаш за тебе нема зима. Искрено кажано, никогаш не би се запишал на историја, на уметност, на филозофија, на дизајн на мебел, на музика, на глума (НА ГЛУМА НИ-КО-ГАШ), на правен никогаш, на економски може, на јазици може. Ако студирањето вклучува природни науки или измислени науки (пример економија, но не правен), се запишувам без проблем. Извинување до сите кои ги навредив со искрениов пост.