Ќе учам математика, ќе ја земам изборен, ама нема да учам информатика и физика :/ Сепак имам уште 2 години време размислување, ќе се одлучам
Дали имате некое мислење за природно математички факултет, конкретно одделот за физика? Дали имаш некаква друга можност за вработување освен како професор/ка во основно, средно и факс?
Ниκаκва дρ можност нема да имаш за ρабота.И мн тешκо е..т.е пρофесоρите многу малтρетиρаат не попуштаат.И во една генеρација мн малκу деца се запишуваат а ни пола не завρшуваат.
Фемники сакам да прашам во име на мој близок другар. Тој сака да оди на ФИНКИ на смерот интернет и мобилни технологии, е сега не е добро запознает со смерот бидејќи нема некој да го воведи во истиот. Ако има некој од вас кој студира на овој смер или познава некој што студира, да ми кажете каков е дали е тежок, какви се предавањата и слично и да ми дадете мислење во споредба со смерот е-бизнис на економски факултет. П.С. Другар ми се мисли помеѓу овие две насоки.
Јас можам да ти кажам за е-бизнис на Економски Епа вака: Сметот е ептен зезнат! Не е ни економски ни електро. Пред 10-15 години кога прв пат беше воведен имаше бутканици и турканици за упис на тој смер бидејќи се учеше на англиски. Кој како завршуваше веднаш работа наоѓаше. А,за разлика од порано сега кој како завршува чека милост и многу јаки врски за работа! Се учат 70% економски предмети 30% информатички. А тие што се од информатиката дел се на раскажување дел преку шифрарник, нигде нема компјутер во приказната. По дипломирањето е дипломиран економист на департман е-бизнис. Ништо повеќе. Пример, на дечко ми другарка заврши со над 9 просек,чекаше 2 години за работа виде нема фајде и сега заврши на електро постдипломски и сега работи во сивус како програмер: ) чуден е животот,знам Ако нешто заворавам слободно прашај ме
Сакам да прашам дали има некој кој планира да се запише на факултет во Бугарија, фармација? Или познавате некој таков?
Јас мислам дека факултетот не ти гарантира работа уште помалку добра иднина..и тоа само поради тоа што живееме во Македонија и тука се иде со врски..жално,но вистинито.Настрана од тоа,секој факултет си има своја тежина..нема тука лесен тежок
Toa e malku tesko da se kaze, zosto kaj nas mnogu cesto se menuvaat rabotite. Na primer, jas koga se zapisuvav na Angliski jazik I knizevnost, kvotata ni bese 200 studenti I imase dosta potreba od toj kadar.Dodeka stignav treta godina, kvotata ja zgolemija na 400 I so toa ovoj kadar veke stana suficit,sto znaci sega ne ima premnogu so ovaa profesija. Kako I da e, vazno e da go zapises ona sto navistina sakas da go ucis, za sto imas zelba.Jas zavrsiv ekonomsko-pravno a sosema drug fakultet zapisav zatoa sto dodeka ucev sredno, sfativ deka toa ne e profesijata koja ja sakam.
Сакам да прашам дали некој има искуство на Технолошко-металуршки факултет, поконкретно прехранбена технологија и биотехнологија, ме интересира, колку е перспективен?
Се имаш на нивната веб страна. Моjата цимерка е на тој факс, онака многу лабаво и опуштено е како што вели таа, ни се замара да учи ни ништо. А, сите и се 8,9,10.
Јас сум прехранбен технолог , имам дипломирано пред 4 години и не работам, затоа што воопшто и нема оглас на кој можеш да аплицираш ! А тие што ги има се веке примени . Од колегите на факултет што дипломираа со мене дали 2-3 работат како технолози, а дипломиравме повеке од 40 . Инаку факултетот ти е доста тежок , секој испит се полага писмено ,усмено , а има околу 40 испити ! Размисли убаво
A другите смерови на ТМФ, како Неорганско инжинерство и Дизајн и менаџмент на технолошки процеси? Колку се тие перспективни, и дали воопшто има студенти на нив?
Сакам да се запишам био-хемија на ПМФ. Ама малку ми е страв да не е прмногу тешко, нека ми каже некој како е.
@Kala., јас исто така завршив на ТМФ (дипломирав пред речиси 4-5 години, не знам веќе) и можам да ти кажам дека во нашава земја - тешко со тоа образование. Имам некои колеги кои се вработија по струка, но повеќето работат нешто сосема друго или се невработени. Спомнуваа некој закон според кој прехранбен инженер ќе мора да има во секоја индустрија од таков тип и мислам и дека почна да се спроведува, па ќе ти дадам пример за тоа како изгледа. Пример, Специјал објавуваат оглас за инженер-технолог, ама тој ќе мора да прави се' што другите прават, освен тоа што всушност би требало да го работи (унапредување на процес, следење на процес, следење и контрола на квалитетот на производите, контрола на хигиената и санитацијата). Значи ти во Специјал ќе правиш леб и толку, а тие технички ќе си ја имаат остварено законската обврска. Пример, во Пивара на процес не примаат женски (а во лабораторија работат жени со економско, па сега ти види како одат работите во нашава земја). И во секоја индустрија се работи во три смени. Јас се запишав на факултетов бидејќи во брошурата пишуваше дека ќе можам да работам во лабораторија за контрола на квалитет на прехранбени производи (а тоа е најмалку точно). Инаку, со прилично голема сигурност можам да ти кажам дека прехрана и био се најинтересните смерови (најбројни беа во мое време), таму се запишуваат најспособните и прилично се бара. Завршив една година после рокот, бидејќи истовремено и работев, па малку заостанав, а е турбо со предавања и вежби (кои ми беа многу интересен дел). Како и да е, не се каам затоа што научив многу интересни работи и станав свесна за доста аспекти поврзани со храната. За другиве смерови - што да ти кажам: на неорганско и на другиве се запишуваат многу помалку, полежерно е, попуштаат, ама не можам да ти гарантирам дека баш ќе се вработиш по струка. Дизајн и менаџмент ти е всушност петрохемија, што кај нас не знам колку ти е перспективно. Колку што имам информации (од мојата свеки to be), сега има стипендии на речиси сите смерови (но само за одлични ученици). Разгледај ја страната добро, има информации за се', а ако ти треба некоја дополнителна информација околу предмети и слично - слободно кажи. Се надевам не те расколебав. Инаку, по мое мислење, најперспективни факултети кај нас се: економија и менаџмент (банки и штедилници има колку сакате), правен и геодетски (поради имотно-правни односи) и информатика на ФИНКИ (ако се осуди некој да оди таму, зашто е многу тешко, а од друга страна јас невработен информатичар не сум сретнала до сега). Друго се' е пропадната инвестиција, зашто земјава ни е катастрофа. Или, запишете се и завршете нешто за кое сте сигурни дека после со врски може да ве вработат. Така оди тука се' за жал. Квалитет не се гледа многу, образование исто, така да... Или најдобра опција - бегајте од тука.
^Јас секојдневно ги следам од факсот што објавуваат по фб, тие гарантираат вработување, се фалат дека ТМФ бил меѓу првите три факултети од коишто недостасуваат кадри за вработување.. А реалноста била сосема друга. Решена бев да се пишам таму, но што знам, сега од кога ги слушам вашите мислења, и оние некои околу мене, се разочарав. Но од друга страна, сакам да останам оптимист, и си размислувам, кој знае какви ќе ми бидат шансите после 4-5 години.. Можеби вистина ќе има голема потреба од прехранбени технолози и биотехнолози. И што знам сега, ајде после матура дефинитивно ќе се решам. А за овие стипендиите читав и јас, а никако не се спомнува како и каде да се аплицира
Хахахаха, па нормално дека така викаат затоа што малку луѓе се запишуваат таму. Се' на се', од 140 запишани, на средина на студии останаа едвај половина од нив. Како и да е, во право си, не знаеш како ќе биде во иднина, а од друга страна, позитивното е што дипломата е признаена, па ако не иде тука - слободно можеш во странство да одиш. Имам двајца колеги кои, на пример, си запишаа постдипломски во Франција после тоа. Во мое време не беше задолжителна летната пракса, сега колку што ми е познато - задолжително е, па може и така ќе можеш да се протнеш во некоја фирма. Ако се решиш за ТМФ, цело време комуницирај и консултирај се со професорите и слободно обрати ми се за да ти кажам со кого да си правиш муабет. (Не се секирај и брат ми таму ќе се запишува ). Со среќа!
Сестра ми е на ова Дизајн и менаџмент, всушност тоа се викаше хемиско процесно инженерство кога се запиша она, а сега е преименувано. Од нејзината генерација (2010 се запиша она) беа само двајца на тој смер. Неорганско заврши моја другарка која веднаш најде работа во фабрика, пред една година се вработи во една од новоотворените фабрики и е многу задоволна, ја пратија на обуки 3 месеци во странство и плата и се е задоволна, како што ми кажа е без врски едноставно си аплицирала на оглас, на огласот 10тина луѓе имало пријавено само сите технолози и сите се вработени. Сестра ми сеуште студира но кажува дека сите нејзини дипломирани колеги од другите смерови се вработени по струката, е сеа дали со врски или не незнам... Навистина се зачудив @Lady Phoenix затоа што познаваме доста луѓе кои се прехрамбени технолози и сите имаат јаки работни места по струката, ај да не набројувам многу сега ама Здравје Радово, Алкалоид и Европа познавам технолози што работат и тоа одма по завршување на факултет. Колега на сестра ми незнам од кој смер на пракса одеше во Алкалоид и така го задржаа на работа исто и за Окта ми кажуваше дека ги задржувале на работа... Според мене ова е најперспективен факултет во државава, најголеми се шансите да најдеш работа затоа што навистина фали кадар и нема многу конкуренција за добивање работа... Јас планирам од септември да се запишам на Неорганско инженерство и заштита на животна средина како втор факултет. Запишувајте се таму каде што има многу малку студенти, помала конкуренција, поголеми шанси за работи и секако полесно ќе си поминете и нема да ве буткаат за џабе.
@mims-89, баш ми е мило за вашиве позитивни искуства. Имам колешки од моја генерација и мој смер кои имаа огромна желба да се вработат во фармацевтска индустрија како технолози, но на крај се вработија како нешто друго (поврзано со нивните желби, но далеку од работното место кое го посакуваа). До скоро во Пивара на процес работеа полимерни инженери (види ја поврзаноста), а дури од скоро се вработи мој колега по струка, но пак ќе речам, таму не примаат жени на процес (лично ни соопштија). За во Здравје... што да кажам, ако имаат добро искуство, многу ќе се радувам. Мој другар и колега од смерот едвај издржа година ипол тортура во таа фирма, а не познавам повредно и потолерантно дете од него (работеше во процес плус таму работеше се' и сешто, платата мизерна, слободни денови , ужасен однос од надредени, а да не зборувам за тоа што се случува со производите, може да го окркам ако некој го прочита и ова ). Во Окта примаат само роднини на вработените, па сега дури и ги редуцираат (информација од прва рака е ова), а кога мои колеги отидоа во Европа на пракса (една многу јака колешка и еден послаб колега), беа навредувани дека поим си немаат од животот и дека ништо не знаат. Се интересирале и прашувале за процесот, божем да научат нешто - одговори никако. И таму прилично врскаџиски се примани (колешкава сигурно знам дека дури и само за праксата бркаше врски). Не знам, можеби се смениле некои работи од тогаш, можеби се менуваат, навистина не можам веќе со сигурност да зборувам. Тоа се искуствата од мојата генерација. Веројатно не сме биле до толку баксузи. А инаку, морам да признаам дека (со чест на исклучоците), работата во фабрика во нашава земја е исклучително лошо платена, условите се еднакви на експлоатација во секоја смисла. Како и да е, ако некој има нерви да го издржи сето тоа до можеби стигнување на некое подобро работно место - ја има мојата поддршка. Јас не се чувствувам способна да работам во 3 смени, а да примам толку ниска плата. Од искуства (прво свое, а после и на луѓе околу мене), најдобронамерен совет ви давам на сите, за да не се разболите од нервози и трпење неправди: ако вашите родители можат да ви збркаат врска за вработување, т.е. ако имаат познати некаде, завршете си го тој факултет за да не ви ја вадат душата на нос, туку да се сретнете со каков-таков нормален однос кога ќе тргнете на работа (не ме сфаќајте погрешно, не ве советувам да не учите, а после да се вработите на готово ). Само заради односот.