Бидејќи сакам да запишам Филолошки, шпански како прв јазик ,италијански,2 и турски,3 .. Дали ќе биде тешко?Шпанскиот го имам учено 2 години и немам никакви проблеми а со италијанскиот и турскиот ми е страв да не имам проблеми,тешко ли е?
Последна информација што ја имам е дека не може да се изучуваат два јазика паралелно.. Инаку италијанскиот не е тежок, и многу е сличен со шпанскиот. А турскиот е малку потежок знам има и некои терсене професори, но за тоа информирај се подобро.
Дали има некој што студира на „Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер“ во Скопје или пак познава некој, ако сака да ми објасни подетално информации, како примаат се.
Здраво сакам некој да ми помогне да ме советува да ми каже кој факултет е најдобар моментално за студирање.Средно бев економски смер и планирам да се запишам на Економси факултет смер сметководство и ревизија или финансиски менаџмент но се уште се двоумам.Сметам дека изборот на овој факултет не е баш соодветен со принудена сум поради тоа што учев во средно.Ве молам за совет
Мислам дека има премногу студенти на економските смерови и е најтешко за работа. Сепак ако тоа е онаа што го сакаш, запиши се. Зошто би учела нешто што не те влече? Од овие два смера би ти го препорачала сметководство и ревизија. Не дека јас нешто ги разбирам смеровите но кога сестра ми требаше да се запишува голем број искусни личности кои студурале на некои од тие смерови и го посочија овој смер како најдобар.
Сега го видот твоето прашање, а гледам дека никој ти нема вратено. Инаку на ПМФ има два смера на биохемија; на Биолошки Институт - Биохемија-Физиологија и на Хемиски Институт - Аналитичка Биохемија. Ако немаш најдено одговор и ако сеуште си заинтересирана пиши. Поздравче
Здраво феминки! Знам дека темата е за најперспективен факултет,сепак јас го избрав Економскиот факултет,па сега сум во дилема,се мислам дали да изберам Сметководство и ревизија или пак Финансиски менаџмент.Би сакала да донесам правилен избор.Па ми е потребна ваша помош.Дали би можеле да ми дадете совет,ве молам.Пишете ми порака или пак овде,секое мислење е добре дојдено.
Moze nekoj da spodeli iskustvo za masinski? Planiram da se zapisam proizvodno inzinerstvo no nekakko ne sum sigurna pa bi mi pomognalo nekoe vase mislenje
Доколку имаш добро познавање математика воопшто не се двоуми факултетот е одличен.Со оглед на тоа дека сакаш ПИ ќе ти треба навистина добро познавање на математика не само поради тоа што ќе ти биде потребна како основа и за останатите предмети туку предаваат проф.кои бараат многу повеќе.Сепак со навремено завршување на обврските можат да се постигнат одлични резултати како и на секој факултет.Разликата е што ќе имаш и цртање и задачи и теорија што на почетокот можеби ќе ти изгледа премногу,но секако со текот на времето ќе се уходаш и нема да имаш проблем. Доколу сакаш подетално за предметите и проф. пиши ми ќе ти објаснам.