Ќе видиш дека во четврта година ќе се решиш..и ја дури при крајот на четврта се решив се мислев меѓу класично право и политички науки но на крај се одлучив за вторто...и морам да ти кажам ,мислам вака како постара за една година хаха (се шалам ) , да не бираш факултет според тоа кај ќе можеш да најдеш работа зашто ништо не е така црно-бело во животот никогаш не можеш да знаеш што ќе се случи до тогаш , него бирај си она што сакаш да го учиш , па за работа здравје боже
па се ориентирам според тоа бидејќи немам некоја посебна желба , не ме влече некој предмет посебно .Во сите предмети пронаоѓам по нешто интересно , ете можеби физика единствено не сакам бидејќи не ни се погоди професорот ни во средно ни во основно и останавме без знаење во тоа поле, па никогаш не сум сакала физика бидејќи и не сме ни учеле по тој предмет така поминуваше ... а баш ми е криво .Друго се ми оди може да се каже , сеа не да се фалам далеку од тоа , ама се трудам и немам некои потешкотии да го совладам материјалот . Ете можеби право ме влечеше повеќе и интересно ми беше да учам во 3та ама незнам... Затоа барем да се запишам на нешто што е перспективно , за да можам утре да се снајдам полесно и да успеам . Секако дека треба да се сака нешто за да може да се учи , ама барем малу од малку и да се размисли што и како потоа
Во ред е тоа се но сакав да ти кажам доколку не сакаш нешто да учиш не се запишувај на тој факултет само затоа што е перспективен бидејќи како прво во Македонија добра работа не се наоѓа без врски а како второ и оној факултет што изгледа најнеперспективен сега за неколку години можеби ќе имаш подобра перспектива со него отколку со тој што сега изгледа перспективен и обратно...се надевам дека не ме свати погрешно
Никако еве на пример медицина колку да е перспективен нема шанси да одам таму , неможам да поднесам крв , или пак нешто поврзано со физика ........секако треба да ме влече тоа , ама сепак и да е нешто што подоцна ќе ми се исплати , а не да си ја чувам дипломата за украс фала за советите во секој случај секој предлог е добредојден ....сеуште сум во дилема
Фармација според мене е еден од најтешките а најнеперспективен факултет дефинитивно!!!толку мака и толку време за после без работа да си ,а и да работиш колку си платен да незборам...неќам некого да навредам но и единствен факултет да е не би се запишала на него!!!
Апсолутно се согласувам,другарка ми е дипломиран фармацевт и работи во аптека за 10 000(како најобичка продавачка),а една медицинска сестра со средно што е зима над 20 000....тоа само кај нас го има
И навистина е точно , воопшто не е лесен а не е перспективен .Не вреди на толку труд да работиш како аптекарка за минимална плата , па макар и сам аптека да си отвориш...Неодамна правев муабет со една аптекарка скоро вработена, и ми вика -Толку се трудев да учам за сега да бидам продавачка во бел мантил , ехх кај ми беше паметот .
Според мене сега за сега најперспективи факултети се англиски или нешто поврзано со компјутери мислам дека имаше еден таков смер на електро. Јас кога се запишував и веќе бев одлучена да одам на правен сите ми викаа дека е многу перспективен имало работа итн, али сега еве две години сум дипломирана и можам слободно да кажам дека со правен нема перспектива, барем не во помалите места
Па нема работа зошто има премногу правници. А инаку за англиски не би се согласила. И мене ми е на факс втор јазик англиски, ама реално има веке премногу димпломирани *англичани*..
Во нашава држава не верувам дека некој факултет има перспектива...Од се има кадар макар од машински,електро,и други такви бранши се помалце али пак и тие бегаат надвор од земјава,затоа што која индустрија ја има??кои коли се произведуваат(и да произведиме ќе биди прескапа за наш пазар па и општп).Значи секој со среќата како ќе се снајди
Абе зависи сега не можеш да кажеш не е перспективен се зависи и до среќата.А како обичен правник баш и нема работа!Инаку правници се бараат.Што имам гледано по ова огласиве се бараат и те како. А англиски веќе се учи од мали нозе и колку толку поголем дел од народот го знае и?Кому му е потребен преведувач? А за професор треба да чекам 70 годишните да напуштат па ајде на работа!
Во мојот град тие што сега привршуваат со студиите по англиски, значи уште не дипломирани работат на по две работни места - во основно или гимназија и приватно на курс. Едно време по околните села не можеа да најдат дипломиран професор по англиски, па бараа некој што има завршено некаков си модул на педагошки или пак осми степен курс Затоа мислам дека овиое неколку години англискиот е доста перспективен факултет. Е сега со текот на годините и ќе се презаситиме и со професоори по англиски, али тие што сега дипломираа стварно им се исплатеше
Што и да завршиш е перспективно, ако стекнеш вистински знаења и ако те бива. Се друго е џабе. Дури и дипломата без знаење.
Оди со таа мисла на факс така полесно ќе ти биде да го завршиш , а кога ќе пораснеш ќе сфатиш дека работите не се баш толку розови (како твојот коментар) и јас би сакала да е така , или 30 посто си во право , но 100 посто не си ... бај бај
Поентата ми беше дека ако не те бива и не се трудиш за да ја стекнеш дипломата (а, и после тоа) џабе ти е се. Инаку,многу јасно е дека во Македонија при избирањето на професија не се гледа пазарот на трудот и она што во моментот е потребно. Затоа имаме еден куп правници и економисти. Ако гледаме перспективен факултет,кај нас тоа се техничките факултети или медицина.
Абе добро, преведувач треба за официален превод на документ за кој ти треба печат од регистриран преведувач или за превод за проекти од странство.. Ама пак неможе сите што дипломираат тоа да бидат, пак ке бидеме премногу. А за правници, успех само ако имаш адвокатска канцаларија на блиски (родители, тетки/вујковци) па да влезеш. Вака ептен тешко. Те кај нас по оглас никој не влегол на работа. Никаде. Така што џабе ние збориме перспективен факултет кога државава не дава перспектива за никого.
според мене најперспективна е информатиката,како и да е ќе се најде работа од оваа област,бидејќи е нова наука