Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најперспективен факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од Annika, 27 јануари 2010.

  1. beautu17

    beautu17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Девојки како што времето поминува, се повеќе и повеќе мислам како, што ќе се запишам, дали навистина го сакам тоа еден ден да го работам, дали ќе најдам работа, итн..... Секој ден како што изминува ме плаши, дури сега сваќам колку е тежок животот. Јас сум средно гимназија и трите години ги поминав мн.добра, сега сум четврта и сигурна сум дека ќе поминам со 5.
    Мене не ми оди математика, така да сите факултети поврзани со математика ги исфрлив, за јазици така-така, најмногу сакам да учам биологија, сакам да учам за човекот итн... Е сега се двоумам меѓу мед.сестра и радиолошки техничар, барав мислења назад по темата ама не најдов ништо за овие две струки, ве молам ако некој има било какви познавање нека пиши....
    Прво се бев одлучила за мед.сестра, искрено не ме влече којзнае колку, поточно јас не знам што сакам затоа многу ми се менуваат мислењета, арно ама еден ден убаво се подзамислив и сфатив дека не сум сигурна во мене дека го сакам тоа, зашто и ми е малку страв, ете другарка ми ми кажа дека треба да бидеш навистина посветен и да го сакаш со сето срце, да бидеш по срчен, сепак со болни луѓе, дека е напорно, треба многу внимание( што е точно) и јас се предомислив, а што некој дозволувам да ме предомисли значи не сум спремна за тоа.
    Ве молам споделете мислења, сега повеќе сакам радиолошки техничар мислам дека повеќе би го работела тоа.....Што се учи, дали лесно се наоѓа работа?
     
  2. sara-fashion

    sara-fashion Нов член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Вака јас сум матурантка годинава и сум гимназија, многу добра ученикчабев трите години а оваа година сигурна сум оти ќе завршам одлично, ама многу ми е страв дали ќе ме примат. Сакам да се запишам медецина на радиолошки техничар, и сакам да прашам дали овој факулет е три години или прво треба општа медецина. Споделете било какви информации за радиолошки техничар, зашто досега немам никаде слушнато кокнректна информација. Ви благодарам однапред
     
  3. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.269
    Допаѓања:
    7.710
    3 години е. А инаку јас сум на општа медицина. И ако сакате да се запишувате на тоа, не ја правете истата грешка и да се запишете како мене во Скопје. Одете во Штип, полесно ќе си поминете сто пати. А на крај краева на сите дават специјализации на страна, поверојатно е да дадат повеќе на тие од Штип бидејќи е полесно да бркаш просек. Инаку верувам дека општа медицина е еден од најперспективните факултети. Но доколку не го сакаш тоа од срце, подобро не се запишувај :)
     
    На sara-fashion му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.269
    Допаѓања:
    7.710
    Можеби затоа што учат од скриптички, дадени прашања, дробено, предробено. И затоа што лесно се препишува и познавам деца што појма немаат од ништо, а испит не паднале таму...
     
  5. sara-fashion

    sara-fashion Нов член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Фала за мислењето..не знам дали ме разбра добро, не сакам да се запишам оптша медецина туку радиолог, радиолог се студира само 3 години и толку? А сега дали ќе биде Скопје или Штип, појма немам....
     
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Кога веќе се одлучувате за таква професија како медицината, треба да бидете спремни цел свој живот да го посветите на тоа и да учите нешто ново секој ден, утре ден човечки живот ќе имате на раце, не е тоа играчка па ајде во Штип полесно било.Затоа имаме денес толку лекарски грешки живот вредни, затоа што му текнува на секој втор ајде доктор ќе станам.
     
    На Leat, ph.orhideja, Сунѓерот Боб и 12 други им се допаѓа ова.
  7. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Добро зависи каде. Нема лесен факултет, ама има многу тешки и тешки.
    И тие што ми се колеги мене во Скопје врват математика со препишување, јас тука си го тупам мозокот.
    Ама каков инжењер ќе биде утре тој/таа со препишана математика?
    Така да не е поентата само да завршиш, треба да го знаеш нештото.
     
  8. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Односи со јавност, има некој да искоментира нешто?
     
    На Kiki-Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    13.899
    Пол:
    Женски
    Логопедија
     
  10. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    13.899
    Пол:
    Женски
    Значи да не се лажиме, ако учиш правен не е лесен факултет, кој како сака нека рече. Исто и економски. Можеби има најмногу правници и економисти, ама сепак најмногу требаат. Мое мислење.
     
  11. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    13.899
    Пол:
    Женски
    А да одиш нешто пошироко, секако општествени науки, значи друг фаултет на пример новинарство или правен, па и со двата можеш да работиш во односи со јавност, а само со односи со јавност немаш пошироко поле за бирање на работа.
     
  12. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    @kikin работата е што право, економија не ме влечат нешто посебно, друга опција ми е филолошки, вчера видов дека има ваков смер и се заинтересирав видов и дека е со 3 год. па постдипломски не ми бегаат за нешто друго.
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    13.899
    Пол:
    Женски
    Ок, тоа беше само мое мислење, а сепак твое право ...Јас чисто онака од искуство го кажав погорниот пост, меѓутоа и филолошки е добра опција, како и да е ти си знаеш. Што и да одлучиш - ти посакувам среќа; Кога е нешто што вистински се сака, задоволството е само твое да уживаш во својот избор. Позз ;)
     
  14. strelkata

    strelkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    769
    Јас завршив радиолошки технолог но бидејќи неможев да најдам место сега работам друга работа. Инаку има претежно физика, но не е страшно, другите предмети се поврзани со радиологија и зрачење, за зраците се учи, за техники на снимање за лекови кои се даваат интравенски и многу други работи... е сега за работа ако имаш врски или среќа може ќе се снајдеш.
     
    Последна измена: 2 март 2016
  15. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    850
    Медицина или фармација? Што според вас е поперспективно во државава? :?:
    Сите можни факултети ги имам земено во предвид и детално размислувано за нив,ама сфатив дека ќе бидне нешто меѓу овие двете. Е сега во што вреди да се вложи труд ? Фармацијата ја сакам многу но не знам колку кај нас можам да успеам да најдам таква работа каква што посакувам додека медицината ми е исто голема желба но должината на студиите ме плаши малку. Тие што сте на факултетиве споделете нешто, ќе ви бидам благодарна.:)
     
  16. papillonP

    papillonP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.544
    Пол:
    Женски
    @macysh Стоматологија си размислувала? Моментално а и во иднина оваа професија има најмногу просперитет(кога веќе бирраш факултет што се учи 6 години).
    Лично кога би бирала меѓу медицина, фармација и стоматологија би го избрала третото.
     
  17. cancer993

    cancer993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Двете ти се перспективни. Медицина - 6 години, фармација - 5
    Е сега види според предметните програми кои предмети ќе можеш полесно да ги учиш и разбираш, зошто фармација е претежно хемија.
    п.с Стоматологија е перспективна само надвор од Македонија!
     
  18. papillonP

    papillonP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.544
    Пол:
    Женски
    Како бе само надвор од Македонија?! Што зборуваш, во секој град покрај фризерници врие од стоматолошки ординации и сите имаат работа.
    Знам дека од Швајцарија, Германија се дигаат и доаѓаат заби да прават во Мк. за Грците па да не зборам што одат во Гевгелија и Дојран за истото.
    Плус и кај нас(читај народот македонски)се крена свеста, па многу повеќе во денешно време се оди на стоматолог за разлика од пред 10-20 год.
    Од каде овој податок твој за немање перспектива овде јас не знам
     
  19. cancer993

    cancer993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Ако ти е перспективно да работиш за 10.000-15.000 тогаш добро.
    Кај и да се вработиш во било кое пзу по стоматологија толку е платата. Дури имам читано огласи за вработување каде бараат стоматолошка сестра а да има диплома за стоматолог. Следи ги малку огласите за работа па ќе видиш ;)
     
  20. papillonP

    papillonP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.544
    Пол:
    Женски
    А што као демек ако заврши фармација и се вработи во аптека ќе зима 50 000 ден?!
    И не е толку платата за во ординација да се разбереме.
    Немам намера да се контрам, посебно не на некој форум и не ми треба следење малку на огласите за работа за да знам колку зима дипломиран стоматолог во ординација а колку фармацевт во аптека.
    Јас кажав дека стоматологија како професија има перспектива во државава ти велиш нема-ок, немам намера да убедувам непознати форумџиски ликови во било што, посебно не да се контрам со нив.