Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најперспективен факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од Annika, 27 јануари 2010.

  1. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    850
    Ви благодарам на советите и на двете, нема потреба од препукување зашто сите имаат различни искуства, примери и ставови. Инаку за стоматологија не сум, единствен да е не би се запишала на тој факултет. Точно е дека има приватници кои многу добро заработуваат.Имам и роднини и познаници кои со години се богатат од грците кои доаѓаат секој викенд,но има и такви кои за помалку од 10000 работат во приватни ординации.Како и да е не ми се допаѓа струкава и не сум се заинтересирала многу.
    Се одлучив инаку за фармација и специјализација обавезно после тоа. А примери има секакви од секоја бранша, од доктори и фармацевти кои земаат по 200 евра до такви кои земаат над 800 евра. Сепак мислам најбитно е да го сакаш она што го студираш за да бидеш успешен и да се истакнеш меѓу конкуренцијата која денес ја сочинуваат и експерти и неписмени.
     
    На papillonP му/ѝ се допаѓа ова.
  2. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    21.410
    Пол:
    Женски
    Има некој што студира, или веќе завршил правен факултет во Скопје?
    Ептен сум загреана за тој факултет, иако сум 2ра година средно ете имам желба да се запишам таму, со оглед на тоа што од почеток исфрлам факултети во кои има математика, физика, хемија, биологија и информатика.
    Многу ми рекле има премногу правници во државата, а и ме кочи тоа што нормално нема да биди признат во друга земја ако одам по некоја случајност странство и ќе ми дојде за џабе трошење 5/6 години.
    Што мислите вие? Како сте задоволни од факултетот, вреди ли да се учи тоа?
     
  3. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека не вреди. Ако веќе толку бегаш од технички факултет оди економски на пример. Стварно ги има премногу, ама сепак имаш и повеќе можности. Или разгледај други факултети, не знам јазик или нешто. Јас не би правен бидејќи си премногу ограничен, а и за добар адвокат да си треба стварно да те бива. За други смерови не знам што има на правен, ама сепак јас не би.
     
  4. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    21.410
    Пол:
    Женски
    Оф леле..:|
    Некој друг?
     
  5. Girl255

    Girl255 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Дали има некој што завршил физиотерапевт во Штип?
     
  6. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Јас студирав на правен факултет а мислам дека најперспективен факултет е економскиот.
     
  7. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.295
    Пол:
    Машки
    ФЕИТ или ФИНКИ. Светски се признати и плус студираш и наука и занает. Откако ќе завршиш можеш да предаваш на факултет или сродни училишта, можеш да се вработиш во програмерска куќа (во земјава или странство, програмските јазици секаде се исти). Можеш и да работиш од дома за некоја странска фирма и да земаш странска плата, а да живееш во ефтина и убава земја :)
     
    На Bozica1980, ЈеленаЏиш, wanderlust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Или си средношколец или бруцош. За жал подоцна во животот ќе разбереш дека не е така розево и никогаш не излегува баш онака како што си планирал.
    Инаку се согласувам дека ФЕИТ и ФИНКИ се едни од поперспективните факултети и кога сега би бирала би одбрала еден од нив, но не би си гаела надежи дека еден ден ќе станам универзитетски професор :)

    Медицина, фармација и стоматологија, реално се најпотценетите професии во Македонија. Со оглед на тоа колку труд треба да вложиш за да дипломираш, а во најглоем број случаи тука ни оддалеку не е крајот на твоето учење, платите што ги земаат најголем дел од „медицинарите“ се жални накај срамни.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.295
    Пол:
    Машки
    Блиску си, одамна дипломиран студент на ФЕИТ :) И знам дека не е розево, ама сепак една од опциите е студентот да се вложи да фати добар просек, за да остане како демонстратор и потоа да се гура нагоре, да докторира и да фати место како асистент. Се разбира дека има и политика, и врски и среќа. Ама тоа е даскалската работа. А не мора и на тој факултет, може и на сроден факултет и на привтните факултети. Може и приватни часови да дава по програмирање, може и преку интернет да дава часови. Едноставно тоа се бара насекаде, не е како македонска историја или македонско право па да си ограничен само на 2 милиона народ.

    И да се сложувам со медицинариве. Барем да им беше признат факултетот меѓународно. Во Америка докторите, адвокатите и добрите програмери се најскапо платени професии.
     
    На srcence1607 и Vertigo TJ им се допаѓа ова.
  10. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Перспективен како...?
    Да имаш титула дрмр до името или да заработуваш?

    Во секоја нормална земја тралала, ама Македонија не е нормална земја.
    Овде е просто и се знае однапред: Ако мајка ти/татко ти се доктори, и ти ќе бидиш - запиши се на медицински, ако се инженери - запиши се на градежен, ако се адвокати со сопствено биро - запиши се на правен. Ако се во банка, ќе ти направат место или ќе излезат од работа за тебе - запиши се на економски.
    Ако имаш некој во образование - запиши се на педагошки. Ако се партиски јаки, вратите ти се отворени секаде, студирај што сакаш, кај сакаш, ќе се најде место.
    Ако имате фамилијарен бизнис, не се замарај со факултет да фрлаш пари, посвети се на бизнисот.

    А ако ти фаќа кликерот, иднината е во компјутерите, дали хардвер или софтвер.
    Only the sky is the limit.
    Мојот сопруг е програмер со завршен Технички факултет, јас завршив на економски во Прилеп, а сега правам обиди да се преквалификувам - не на факултет, дома, со помош на мажот ми и се разбира, нашиот ценет пријател Google.
     
    На Ambitious и Херкул им се допаѓа ова.
  11. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    Можеш да бидеш обвинител, нотар, извршител, судија. Ако тоа е твојата најголема желба, верувај не е невозможно да најдеш работа. :)
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Дали има некоја што учи/завршила во Битола на англиски јазик и книжевност? Нека ми пише, ми требаат некои информации општи. :)
     
  13. Viki 99

    Viki 99 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    6
    Здрaвo! Брaтучеткa ми ме зaмoли дa прaшaм, зa специјaлизaцијa зa рaдиoлoг - oнкoлoг кoлку месеци се учи. Штo мислите дaли е тoa убaв избoр?
     
  14. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    850
    Мислиш на специјализација по радиотерапија? 48 месеци, и да добар избор е според мене.
     
  15. nina.m18

    nina.m18 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Дали протетичар би бил добар избор? Дали некој го студира тоа, и ако сака да кажи нешто поврзано со овј факултет..
     
  16. Annucka2

    Annucka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Мислења за Балканскиот универзитет?
     
  17. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.205
    Пол:
    Женски
    Здраво!
    Се мислам меѓу Фармација и ТМФ... Некои ми велат дека фармација е многу тешко и неисплатливо, други пак ми велат дека ТМФ бил пропаднат факултет... Јас сакам да учам природни науки, биологија, хемија и не знам друго што да се запишам освен на некој од овие факултети... Ваше мислење за овие два факултети? :)
     
  18. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617

    Исто и јас сум на медицина, во Штип. Причината што не отидов во Скопје беа од финансиска страна а не дека во Штип било полесно.Има многу од професорите што се одговорни и немам зборови за нив, но исто така има некои што даваат прашања само да направат елиминации. Ти,( не зборувам за тебе) ако како личност имаш малку совест додека учиш дека треба да научиш а не да препишеш тогаш каде сакаш биди на факултет. Мене најмногу што ме иритира е тоа дека многумина од колегите кај нас препишуваат, па кога ќе ја прашам цимерка ми како не им е на совест, таа ми одговара ,, Тие воопшто немаат совест,, па уште и ќе ти се потсмеваат. Најпрво пред да препишеш нека ти помини мисла низ глава дека утре твој родител ќе биде во твои раце макар и за некоја настинка. Сметам, дека станува збор за индивидуални размислувања, со какво знаење сакам јас да се стекнам или сакам да препишам а не полесно, потешко Ск/Штип. Знам и сигурна сум дека е потешко но многу влијае системот и програмата што на пример мене ВООПШТО не ми се допаѓа во Штип, се е на трчање а немаш време воопшто да одмор.
     
  19. Kiki-Angel

    Kiki-Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Здраво, матурантка сум оваа година и во август здравје сакам да се запишам на Правен, конкретно на смерот односи со јавноста.
    Па, доколку има тука некој што студира на овој смер или па знае нешто за смеров (предавања, професори, организираност, скрипти...) нека ми пише.
    Би ви била благодарна, поздрав :*:$:D
     
  20. Kiki-Angel

    Kiki-Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Јас ќе одам на односи (poolparty)
    бар се надевам дека нема да се премислам хахах