Мене ми кажаа дека било односи со јавноста таман, а за ова за новинарство не се слагам, што е толку поширока наука од односи?! хммм Има и те како што да се работи после завршување односи со јавноста. Има широко поле за барање работа, а и секој со својата среќа
Девојки, што мислите за хотелско ресторанската насока и насоката за бизнис логистика на универзитетот Гоце Делчев во Скопје?
Девојки што мислите за Факултетот за ликовни уметности? Ако може нека пише некој што студира на овој факултет да ми објасни убаво, бидејќи имам неколку прашања. Има приемен испит прочитав, но не пишува никаде за датум... дали некој знае кога точно се полага приемниот? Дали некој знае поточно да ми каже мислење за студиската програма по графика? И дали може да работиш како графички дизајнер, бидејќи пишува дека на студентот му се издава диполома со назив "Дипломиран графичар" со назначување на модулот (потпрограмата) што студентот определил продлабочено да го студира, а едни од потпрограмите беше и графичкиот дизајн.
Грешка си. На Стоматолошки факултет има и 3 годишни студии за стручен забен техничар, исто како вишата за сестри што е, ова е за забни техничари е. А за поимите да, различни се
@Princess97 Па ти треба партиска книшка пред се. Друго ти заврши го факултетот, но ќе влезе некој без диплома и пак ќе останиш невработена. Имам комшика го заврши факултетот за политички науки и заврши педагошки факултет. И нема работа. нема партиска книшка и нема работа. И сега си ги урамила дипломите и си ги брише, за да не и ваќат прашина Ако имаш поени запиши се на: медицински, економски, правен, градежен, педагошки или филозофски факултет
Ако ти е тоа животна желба, тогаш нема што да размислуваш а уште помалку да прашуваш некого дали да се запишеш тоа. Ќе си одиш на политички студии и крај.! Прочитав погоре и морам да искоментирам се извинувам ама не може сите да одат на медицински, правен, економски итн (ако немаат желба и не ги влече тоа) Па на што ќе личи тоа некој да оди и да студира нешто не сака и не го влече, сигурна сум дека ќе биде во најмала рака откажување од студиите или учење со сила не дај Боже, затоа ве молам сите Вие кои се двоумите дали да се запишете нешто, мој совет ви е да не слушате никого, ниту пак да барате потврда од некого. Јас минатата година завршив средно но не се упишав на факултет знаете зашто?! -Ете баш од истата причина ги слушав што ќе кажат другите! Сите ми викаа немој таму, немој таму и јас ги послушав... сега е касно ама ми е криво пропуштив година и изгубив шанса мака ми е што не си терав по мое Затоа Ве молам запишете се тоа што сакате навистина да го учите, па еден ден секој ќе си го најде својот пат ! Водете се од своите лични склоности, амбиции, желби....! И имајте едно на ум дека никој нема да учи место Вас, затоа што лесно е од страна некој да ви збори: "Ее иди на овој факултет, иди на оној...." ,но нема тој некој да учи место Вас! Секој нека си се запише тоа што го сака навистина!
Абе браво Види јас од кога памтам за мене ја сакам меѓународната политика, па само прашувам луѓе кои завршиле на тој смер од прилика за консултирање околу тој смер Тебе ти посакувам да си се запишеш на кој факултет ти сакаш, не е толку многу касно. Поздрав и уште еднаш браво за тоа што го напиша погоре
Фала ти многу! Нема проблем, морав да напишам несакам и некој друг како мене да заврши! Епа, ете нема што да размислуваш решено е - Политички студии. Иначе не е тешко да знаеш! Јас знам нешто за тој смер и можам да ти кажам дека е перспективен, затоа што се се врти околу политиката во денешно време така што ова ти е прав избор во секој случај! Најтежок смер на Правен е правни студии се знае, сите други смерови се каде-каде полесни! Смерот ти е со три години (секако можеш да продолжиш после тоа да си одиш на мастер, ти ќе си одиш меѓународна политика и така), учиш странски јазик, предмети поврзани со политиката и правото. Јас мислам дека нема да ти биде тешко поготово затоа што сакаш тоа да го учиш. Ти посакувам многу среќа и успех во студирањето! Голем поздрав!