Немам информација. И мене ме интересира. Ги барав листите на примени кандидати од лани, но не успеав да ги најдам.
@srcence1607 дури сега ти го гледам постот. Може ли да ми објасниш за протетика и забен техничар? Нели тоа е едно исто. Планирам да се запишам, немам ни една информација...
Би можел ли некој вака објективно да ме посоветува и да ми каже мислење? 3 години завршив одлична и 1 многу добра, на матура сите петки. Цел живот сакам психологија или психијатрија но станувам скептик, не се признаени а многу се учи, временски. Добар дебатор и оратор сум и можеби повеќе ми лежи право отколку економија но сметам дека е поперспективна... Уште малку се уписите и почнува да ме фаќа паника. Што мислите вие, кој од овие факултети би бил најдобар и најперспективен?
Сакам да се запишам педагогија.Дали има голема конкуренција...кој предмети се учат во прва година...дали има рабта со овој факултет?
Конкуренција има доста, работа- доста тешко се наоѓа, особено ако немаш врски, а текот на студирањето по тоа што имам слушнато е лесно (релативно лесно се поминува за жал) но мислам дека има доволно пракса.
Дали некој може да ми даде повеќе информации за отсекот физиотерапевт на медицинскиот факултет во скопје.
Како мислиш не се признаени? Еве на пример Славјанскиот факултет во Битола и Св. Николе е меѓународен факултет кој е признаен, а има отсек психологија. На другарка сестра и е запишана тој смер па е задоволна.
Ама тоа е приватен факултет, јас на државен сакам, знаење да добијам а на приватните овој посебно многу пари а малку знаење... Да не се навредиш ама на славјански воопшто не се ни појавуваат на факултет и не знаат ни што завршиле на крај. А од македонските факултети државни само 6 се признаени меѓународно
Факултет за психијатрија не постои. Психијатрија може да се специјализија (4-5 години трае) откако ќе завршиш општа медицина (6 години) на Медицински факултет. Институт за психологија на УКИМ постои, на Филозофски факултет е и таму е чисто 4 години. За Правен и Економски освен дека се суфицитарни не знам што друго да ти кажам, не сум запознаена толку блиску со нив. Некоја членка од тоа подрачје може да ти објасни повеќе.