Мене во последно време најперспективен ми се гледа Технолошкиот факултет, ете се отворија неколку фабрики како Џонсонс и Мети и слично, посебно перспективен ми се гледа и смерот Прехрамбена технологија и биотехнологија, имаат недостаток на стучен кадар прехрамбениве фабрики кај нас, а и во странство е доста барано мислам за тоа секогаш ќе има работа, каде без храна?! Исто така овој факултет има голем недостиг на студенти, така да ете ти ја перспективата, знам дека сите сакаме да дремеме во канцеларија и да бидеме директори ама мислам дека вреди да се потрудиш за факултетов бидејќи вреди... јас планирам да се запишам таму на постдипломски ама има време
Сите другарки веќе одлучија на кој факултет ќе се запишат , јас никако да се решам Ме интересира дали некој може да ме информира подетално за Факултетот за Филмска и ТВ режија во Скопје Отсекогаш сум се интересирала за тоа , така случајно прочитав пред некој ден , па сакам да знам како е таму ..ако некој е упатен да ми каже нешто повеќе
ја мислам најперспективен факулет е нешто поврзано со економија пр банкарсво,менаџмет или информатика....ја сум на политички науки и сеа малку ми е крво што се запишав баш таму дека уште не е развиено доволно во македонија али има време додека заврсам се надевам ке се подобро нешто )
значи според мене, ако си ја сакаш струката секој факултет е перспективен,битно е да знаеш да се снајдеш, да се бутнеш и едноставно шо би рекле да те бива, имај си диплома во животот за завршен факултет, а никогаш не мора да значи дека по струка ќе работиш, којзнае каде ќе те однесе животот
Беа едно време. Сеа и тие дремат дома. Има доста со информатика што седат дома или работат само на некој проект ништо посебно. Имаше места порано, ама ги пополнија! Беше барана професија, ама со години има завршени кадри кои одлично работат. А јазици.... ааааааах претерано многу ги има што седат дома. ПЕРСПЕКТИВЕН ФАКУЛТЕТ? Кај нас ... НИЕДЕН!!! Ниеден факултет не ти ветува работа. Ниедно дипломирање не значи дека те очекува работа и светла иднина. За се треба да се изнамачиш и пак на крај може да не успееш. Знаете што е перспектива? Врски и партиска книшка. Факултет во Македонија? НЕ! Па плус сега над 80% запишале од матурантите факултет. А работни места бе? ЈОК! Денес луѓе со факултет работат за 10000 денари, истите тие и без факултет ќе ги заработувам. А не зборам колку има невработени. За во странство сосема поинаква политика постои. Факултетот ти е отскочна даска за иднината!
Мислењево ти е ептен на место. Браво! И да ти кажам, не 80, туку повеќе од 90 проценти од матурантите се запишаа на факултет. Хиперпродукција на високо образован кадар. Сите станаа магистри мајкому! Потпис за мислењето! п.с. Го знаете скечот од к-15 за вработување? Не знам точно како беше, ќе го побарам на youtube. Али финтава беше у стилот, Цацко сака да вработи пријател на син и му нуди видни позиции од типот менаџер, директор, шеф и останато, и вртоглави плати по 50-60.000 и му вика Тошо мислам, абе даај нешто за 15.000 да работи, да не му дојде нагло. И Цацко као... аааа за тоа треба факултет бе!
Ах да го памтам скечот, црн хумор! Иначе баш си велев за некоја година ќе има огласи Д-р м-р Трајко Трајковски бара било каква работа!!! Гледав една странска емисија за вработувањето и економијата во Македонија. Ние сме земјоделска земја. Може од тоа да живееме многу добро. Кога би се искористувале земјоделските капацитети, би се отварале мали фирми од областа на земјоделието, по НАССР стандарди, би можеле и да извезуваме и да го намалиме увозот, а со тоа и да заживеат помалите градови во Македонија. А реалноста е дека сите сакаат да се економисти, правници, информатичари и се срамат да отворат земјоделски фирми. Не зборам тука да работат по нива, туку добрите и паметни ќе си ја водат фирмата, не за џабе постои земјоделски факултет. АМА СРАМОТА Е ТОА! Затоа мама и тато ги продаваат нивите и ги праќаат синчињата и ќерките во Скопје, економисти да станат и да се омажат/оженат со некои богаташи и никогаш да не се вратат дома. Скопје е пренаселено, во Скопје 10 нови фирми се отварат годинишно, а излегуваат илјадници дипломирани кадри, кој со труд, кој со пари, кој купил на диво диплома. Сите знаеме луѓе кои без грам мозок работат на високи функции, сите знаеме пријатели кои се капацитет невиден а немаат работа. За жалење сме! Нема перспектива зашто немаме култура и се раководиме по стари принципи, а божемски размислуваме модерно.
Да да, многу точно. Земјоделскиот факултет навистина може да биде преспективен кај нас. таква земја сме што барем за тоа не бива и имаме капацитет. Жалосно што никој не го цени ни сака земјоделскиот факултет, сите мислат економски и одма директори ќе се и во банка ќе работата, може да се сонуваат, места за економсити и правници малку потешко ова време... сепак кој како ќе си се снајде. Тоа е многу добра идеја со проширување на земјоделските капацитети и повеќе да се извезува, така може да се направат фирми и да се запослат многу луѓе, тоа моментално е најисплатлив бизнис, јас не сфаќам зашто на некој му е понижење да се запише на земјодесли факултет кој не е воопшто лесен а има јака перспекитива, само треба да живне малку.
студирам музичка академија, се запишав бидејќи од 7 год. се занимавам со музика нема лесен/тежок факултет или учиш или не не би го сменила изборот моментално кај нас нема преспективен факултет бидејќи државата ни пропаѓа мое мислење позз
Кај нас како што оди 100% од населението ке биде високо образовано. Сите сакат факлутет, не е битно дали можат да учат, секако завршуваат. Како што сите ке имаат факлутет тешко ке биде да се најде работа. Некои од студентите се вработуваат ако се со одличен успех, но многу има кои незнаат ништо од тоа што завршиле и имаат работа. Не се цени маката и знаењето туку дипломата. Во светските стандарди е поинаку, за таму ако не ти работи мозокот тешко тебе. Па затоа сите што имаа мозок заминаа... Тие што се за европа, ке влезат таму и пред Македонија т.е ке се преселат.
Тотално се согласувам со мислењата дека кај нас нема никаква иднина, со било каков факултет. Затоа и заминав да студирам во странство. На тој чекор се одлучив, кога братучедка ми, која заврши факултет со просек 9 кома нешто, остана дома. Аплицираше, пробуваше, бараше сегде (Инаку да напоменам дека мразам некој што седи дома и чека работа од небо да му падни), но сегде имаа изговори. Немала работно искуство, пополнето било се, триста глупости. Една моја познаничка заврши на истиот факултет, со одприлика толку просек. Купи книшка и се вработи одма. Жално е, но тоа е. Дури сега кога заминав од тука сфатив колку навистина не ни функционира нашата држава. И не планирам ни да се вратам.
Ги прочитав сите мислења, и јас како и повеќето делам исто мислење, дека во Македонија нема преспективен факултет. Само треба да си имаш пари во џебот и веднаш ке си најдеш работа, а тие што немаат ке си тупат мозок и накрајот пак без ништо. Сега сум 3та година, знам рано е да размислувам за факултети, ама сепак секој во главата си има по нешто зацртано. Јас многу ја сакам молекуларната биологија и би сакала тоа да студирам, ама потоа кога ке завршам, што потоа, каде на работа. Што мислите дали има доволно работно место за овој факултет и што би можела да работам. Ајде од поискусните, да ме посоветува некој.
кај нас не верувам дека има перспективен факултет,има голема разлика во тежината посебно помеѓу приватните и државните факултети (имам пријатели и од двете страни).не би издвоила тежок факултет затоа што секој си има своја тежина.но електротехничките и медицинските науки би ги издвоила како потешки а сите други не ги занемарувам,и тие се тешки на свој начин.студирам на факултет кој ме исполнува па затоа не ми е тежок.
Во последно време чувствувам огромен презир кон цела држава...И исполнета сум со таква енергија што мислам дека слабо може да се успее во оваа држава (а можеби сум мала за таква енергија, што ќе биде по некоја година)... Не знаат што прават, а оние кои знаат што би можело да се направи не можат да дојдат до израз од останатите. Може да се успее со врски, корупција, ако не играш чисто... Кој може да се снајде со стипендии..организации и такви работи по прва прилика треба да излезе од државава и така тие капацитетите си одат од тука xD Ќе завршиш факултет, ќе фрлиш толку пари што едвај ќе можеш да си ги вратиш, ама битно имаш диплома...
Англискиот и шпанскиот никогаш нема да умрат, тие се двата најглавни јазици во светот, францускиот-никогаш нема да дојде на место на англискиот-НИКОГАШ.
Јас сум на економски... за колку е перспективен ке видиме кога ке завршам. Ама сега за сега знам дека ако ако биди вака следните две години... јас душа ке немам дури да завршам... Се надевам постдипломските ке бидат полесни иначе црно ми се пишува... Иначе доколку би се вратила година назад, можеби би го сменала местото, но не и факултетот... Ама тоа е , нема назад
Ае ако сакаш кажи ми дали има многу математика и дали е тежок факултетот затоа што јас сакам тоа да се запишам наредната година само ме стра да нема многу математика