Dali ima nekoj da spodeli bilo kakvo iskustvo sto studira na fakultetot za informatika vo ohrid. na smerot za multimedia i animacija. Bidekji planiram da se zapisam na toj smer, ama malce mi e sube od matematikive
Ха! Да се смејам или да плачам Кога ти кажа се точно како стојат работите, 'настапи на сцена' со класичната рефлексивна самоодбрана на човекот - (анг. flight or fight) па почна да ја напаѓаш и со овие извичниците значи дека ќе се дериш при лице-во-лице Па размисли кој треба да се преиспита. Па дај луѓе прифатете некоја грешка или кога не сте во право. Тоа е најголемиот проблем(или причина за карање кај луѓето).
Здраво. Сакав да прашам, кој факултет мислите дека е најдобар и дека има повеќе шанци да се најде работа? Немам поим каде да се запишам, не знам што сакам. Ќе полудам... Повеќе мислам Хемија но нз дали вреди и дали е многу тешко..Или Квалитет за храна и безбедност... Некое време мислев за психологија но кај нас мислам дека нема перспектива...или кај Балкан има 'public relations' но не знамммм Помош!!!
Најдобар факултет е тој за кој те бива. Ако не ти иде хемија, колку и да се смета за перспективен факултетот, ништо нема да направиш освен што ќе се измачиш. Мора да го сакаш тоа што ќе го работиш.
Хемија на Пмф?Подобро бирај нешто друго,ќе пукнеш од учење,и давање пари,за да работиш како наставник.
Најперспективни се ФИНКИ сега за сега и ФЕИТ, сеуште се дефицитарен кадар и насекаде се барани на пазарот на трудот, а и Правниот е перспективен, зависи само во која фела од правото ќе се снајдеш со работа.
Уписите се тука па се мислам помеѓу молекуларна биологија, градежен или ФЕИТ? Ако може совет и мислење за тоа колку вреди да се и вложува од студенти кои се веќе запишани на истите факултети. И од другите е добредојден било кој добар совет
Подобро ти е биохемија на Биологија или оние Молекуларна биологија. Јас сум Магистер по хемиски науки и работам по струка ама тешко се наоѓа работа. Инаку мој совет ти е ако ти оди хемија таму да се запишиш затоа што и лесно ќе поминеш, твојата ЖЕЛБА е приоритет. Исто би те советувала да пратиш и да бараш размена на студенти и постдипломски во странство (ако знаеш некој јазик) има со стипендии ептен ти крева во CV. Ти посакувам успех во студирањето.
Со ФЕИТ и ФИНКИ секаде. Во ИТ Компании, со ФЕИТ зависи од смерот, ама може во Телеком, во ЕЛЕМ, ЕВН, Цементара, Pexim, може било каде како Инженер, па и во странство. Електро барем е во цел свет признаена дипломата. А суфицит, има во администрацијата доста (Правници, Економисти и сл).
мислев во однос на правниот, бидејќи ти рече "и Правниот е перспективен, зависи само во која фела од правото ќе се снајдеш со работа."
Во IT секторот дефинитивно може да се најде работа, но тоа не значи дека баш секој може да биде во таа професија. Без сомнеж, ФИНКИ е перспективен факултет, ако си со висок просек можеш и да земеш стипендија за мастер студии во странство. Со познавање на германски јазик, а некогаш и без може да се најде вработување во Германија или Австрија. Се е ова кул и океј, ама ако се нема афинитет кон ваква професија, бадиела трчањето и изложување на трошоци. Школски се запишаа на овој факултет, не издржаа ни семестар, почнаа да се распоредуваат по други факултети. Правен можеби е перспективен, но да напоменам дека на некои ќе им биде тешко да најдат практиканство. Треба дебели врски и многу упорност да наговориш некоја адвокатска канцеларија да те прими како соработник, особено ако доаѓаш од помал град, каде има малку канцеларии и истите немаат потреба од соработници. Нема да ги набројувам останатите факултети, затоа што повеќето од нив изобилуваат со суфицитарни кадри. Единствен исклучок е медицински факултет, за кој ќе ти требаат 6/7 години и ако не одлучиш да заминиш за Германија, ќе треба да работиш во полумизерни услови. И за крај, кој факултет и да го завршиш, ако немаш конекции со локален џет-сет и не го знаш она старо правило за договарање на работно место во локална кафеана, онда гадно си се за**** и ќе те боли страшно многу откако ќе откриеш. Не би сакала да демотивирам никого, ама ако имате пари за факс, а немате желба и не знаете што и каде, инвестирајте ги истите за заминување во странство. Бариста во стар бакс, работење како чувар на базен, што и да е. Нема подобра школа или факс од осамостојување после полнолетство.
Одлучив за храна и безбедност ( food technology), се надевам дека ќе ми иде добро а ако има некој во овој факултет ве молам пишете ми.