здраво,завршив средно и сега сакам да се запишам на филолошки но не знам за професор по македонски јазик дали треба македонски јазик и јужнословенски јазици или македонска книжевност и јужнословенски книжевност ?
Со Правниот никаде посебно, освен ако си во Судство, Обвинителство, СЈО и сл. Или ако си Адвокат, но не новопечен, со разработена канцеларија (од татко од мајка) и со звучно презиме. Инаку по сите други институции Правниците земаат плата колку за удобен живот.
Мислам дека нема некако перспектива,можеш да бидеш наставничка или професорка во некое училиште,за разлика од ФИНКИ или ФЕИТ има многу повеќе перспектива барем според мене. Поздрав
Па види, единствен по перспективен смер на економски ти е сметководство оти сепак математиката си го прави своето, а за другите веќе ако имаш врски и познанства кои би те вработале. Во нашава земја има голем број дипломирани економисти кои чекаат повик за работа со години. Ама ако те влече економскиот оди. Можеби ќе се покажеш на факултет како еден од најдобрите студенти или ако имаш шанса да живееш надвор економскиот (било која убаво испотена диплома) ќе те служи убаво бидејќи квалитетот секаде се бара освен во Македонија.Со среќа и многу успех на што и да одлучиш.
Дали биологија да завршиш има перспектива? Или нешто со биологија? Има ли вработување во фирмите? Или во наставниот кадар пример?
ФИНКИ како факултет е презаситен последниве две години, а ретко кој го завршува до крај. Случајно поразговарав со личност која се враќаше од упис минатата година, и кога ми даде објаснување зошто тоа е негов избор, останав запрепастена. Просекот, според она што го сподели, не би да кажам, не знам само како воопшто се одлучил да се запише таму. Не верувам дека на крај бил примен. Дефинитивно нуди многу перспективи и вреди за целиот труд. Ваквите факултети не се ограничени територијално. Ако си навистина добар, вратите ти се отворени. Како личност које е фасцинирана од живите организми, имаше период кога се гледав себе си како научник биолог, ама кратко траеше. Ако одбереш да студираш биологија, токму Биологија, освен како наставен кадар овде не знам што друго би работела. Ако одбереш некоја нејзина гранка, зависи која, можеш да работиш нешто друго поконкретно и целиот спектар пред тебе ќе се прошири и ќе можеш да бираш. Ако се целиш да бидеш наставник/ професор,и иднината ја гледаш во Македонија, мој совет ти е подобро немој. Не вреди, имаш многу поголем избор за нешто подобро.
Секој кој нема појма што сака оди на економски, тоа порано важеше. Сега секој што нема појма што сака оди на ФИНКИ, слушнале има работа За тие што знаат што сакаат и тоа е ФИНКИ, со среќа, добар избор
ФЕИТ и ФИНКИ сега за сега водечки се. Заработуваат солидно, и секаде се барани на пазарот на трудот. Дипломи признаени низ цел свет.
Модератор: Ќе ве замолам темава да не ја користите за поставувања на ваши прашања кои не се во врска со темава, во темава може да дискутирате за тоа кој е најперспективен/поперспективен факултет според вас. Вашите прашања ве замолувам да ги поставувате во соодветната тема. Знам дека оваа тема ја користите мислејќи дека ќе добиете најбрз одговор, но според правилата на форумов тоа не е дозволено. Ви благодарам на разбирањето, имајте убав ден
Здраво женски.Баш и не знаев каде да го поставам прашањево,па еве тука да ве прашам.Сакам да се запишам на факултет.Не дека сум била мн.лоша ученичка но не бев ни баш одлична.Сакам да ми кажете ваше мислење.Вака:во прва,трета и четврта година поминав со мн.добар успех,но во втора со добар. И тоа стварно ме мачи,не знам како сум си дозволила толку да не учам во втора година а стварно сакам да завршам факултет.Е сега сакам да прашам дали со ваков успех од сите 4 години можам да бидам примена на факултет? Добро сега не мислев на ФИНКИ и сл.еве да речам на послабите.Можда ми е глупаво прашањево ама сум ептен песимист и постојано за тоа размислувам.Ве молам за одговор ќе си побудалам
Ако може мала помош Средно сум сеуште меѓутоа се одлучив за дизајн и ентериер е сега се мислам помеѓу УКИМ на Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер или Американ колеџ истата насока, некако повеке ме влече Американ бидејки и наставата е на англиски и можеби имам повеќе шанси за во странство ама за вредноста на факултетот кој е подобар и кој има повеке шанси за работа?
И двата ти се добар избор бидејќи имаат репутација и се добро познати Но јас сепак би го одбрала American College бидејќи сметам дека би ти понудил поголем квалитет и повеќе можности за работа во иднина Изборот е твој... Good Luck !