Дечки да ве прашам нешто во име на пријател, кој нема акаунт овде. Тој сака да запише два факултета, едниот редовен другиот вондредно...Дали има шанси или е возможно да ги истера и двата? Да напоменам дечково е многу упорен и смета дека може. Сака да слушне и ваши мислења. Ви благодарам.
Тоа е индивидуално, а и зависи кои факултети. Не е исто да биде на соц. заштита и филолошки или на правен и економски. Доста е тешко, на еден факултет па ќе заглавиш на некои предмети. Но, ако е упорен нека тера, секој си го знае капацитетот и можностите.
Дечки дипломирав економски и знам дека тотално промашив ( се замислував како професор по јазик ) а не како економист ама ете не размизлив убаво ...Е сега сакам да ве прашам дали подобро да запишам посдипломски на УКИМ германски јазик и книжевност или да запишам втор факултет ама вонредно ?Дали некој има искуство со тоа дипломиран економист со посдипломски германски ? Како после за работа ? Дали може да бидам професор по германски или не бидејќи целта ми е таа а направив голема утка со економскиот... ? Ми се плаче кога ќе замислам колку пари фрлив и изгубив време и нерви и ете се било џабе ...
da se zapishes jazik bidejki bes zelba ne se uci nisto taka da ako si uporen zapishi se na 2 fakultet
Мој совет ти е да не следиш други мислења освен своето. Разгледај ги програмите и одлучи што е она што на тебе најмногу ти одговара.
Најперспективо -тоа што ти го сакаш,на она што ќе се посветиш максимално и ќе сакаш да го работиш цел живот. Не е работата ќе одам на ФИНКИ ке положам се знам дека е перспективен затоа,а инаку сакам правен но комшиите вака рекоа онај онака рече.Ако сакаш економски и знаеш дека студирањето ќе ти биде интересно,ќе се пронајдеш самиот себеси не е важно дека има со економски колку сакаш сите се без работа и тие да биле заинтересирани немало да седат без работа туку ќе се " издигнеле" во толпата...
Електро, машински, градежен, информатика, медицина. Тие се тие моментално најперспективни. Се дур не се презаситат.
Надвор сум од таа струка, Општествени науки студирав, но од познанички кај мене во населба, што завршија на ПМФ Биохемија, ниту една не е без работа. И тоа по Поликлиниките. Мислам дека тоа е таму каде што вадат крв. Вероватно тие се тие Биохемичари кои ги знаат параметрите.
Мене и на оние што се како мене ептен ни е тешко кога треба да се одлучиме за на факултет. Под " мене " подразбирам личности што што се родени за општествени науки, а за нив нема никаква работа. Јас пример сум изгорена да одам на правен. Одкако знам за себе сум го сакала правото, ме интересира буквално се за право. Тука можам да ги спомнам психологијата, англискиот јазик исто така. И сега сум буквално во тесно, 4та година а растргната на сите можни страни. Од една страна дали да ја испочитувам желбата и да одам на правен, да ги фрлам парите во нешто скроз непросперитетно што ме задржува да живеам во оваа мизерна земја, која е се, само правна држава не. Правници ги има да ги ринеш со лопата. Јас немам никаков ветер во грб што ќе ме турни напред, немам никој близок кој би ми помогнал барем да влезам ко обичен приправник, да не зборувам за нешто повеќе. А идам во Скопје со " броени пари". Не сум богаташка за да ми е гајле дали парите кој ќе ги фрлат моите ќе вродат со плод некогаш во иднина. Психологијата исто така скроз непрофитабилна професија кај нас, ама барем признаена е во странство. А пак, англискиот јазик го обожавам, ама на крај краева освен професор или преведувач нема што да бидам. Професор не сакам во никој случај, нетрпелива личност ко мене не може да е професор. За мене буквално самоубиство би било да одам на информатика или математика. Зошто да одам на Финки, што побогу би правела јас таму? Па едвај во прва година протуркав информатика, толку досаден и тапа предмет не постои. Се молев пред секој час да не се појави професорката да не морам 45 мин да ја слушам и неа и глупиот предмет. За математика па да не отварам уста, ѓаволски предмет. Единствено од по(просперитетните) факултети би одбрала медицина. не дека којзнае колку сакам, никогаш не сум се гледала во медицината, али кој ми е крив што сум се родила тука. Морам да се снаоѓам некако. Катастрофа, да не ми сте во кожа буквално.
Можеш да работиш низ разни лабаратории, истражувачки центри, производство на лекови, шминки. Има работа, но треба и знаење, читање, пратење.
Те читав у темата за медицински факултет и можам да ти кажам дека голема утка ќе напраиш, верувај ми Во класов иам луѓе што учат така со сила, демек просперитетна е медицината и со сила им е средново, а не па факултет. Многу тешко ќе ти биде. Човечки животи се у прашање... Оди тоа шо сакаш, а ако си снаодлива и упорна и со добро знаење и со правен ќе успееш Сепак само мое мислење
Запиши се на Правен нема да згрешиш. Не дека сум Правник, и несакам да ти наметнувам, но од останатите факултети што ги напомена, Правниот ти е најперспективен. Те читам, те загрижува тоа што Правници ги има со лопата да ги ринеш, но реално земено, нема Правник без работа. Нашиот факултет, бара многу надоградување, но ќе се испати, ќе видиш. Правосуден, па сега со Мастеров магистратура, но нема да згрешиш (но под улов само на УКИМ) затоа што ние од УКИМ, излегуваме со некакво знаење, Па ќе волонтираш, и еден ден ќе бидеш горда на себе си кога ќе се видиш во Тога. А, има ли поубаво од жена Judge
Јасно, секоја професија, бара надоградување, следење, не е само диплома и толку. После дипломирањето треба истражување и сл.
Само поради тоа што луѓе кај нас се запишуваат да студираат медицина дека е просперитетен и има пари затоа и такви доктори имаме. Мора да земеме во предвид дека 50 години ќе го работиме тоа секој ден. Ако не си ја сакаме професијата тешко нам. За брзо време ќе паднете психички.
Знам, се ми е јасно. Цело средно го протуркав со сосила учење предмети само заради оценката на крај. Бидејки нели, краен успех. Се надевав на факултет дека нема да ме снајде истото, ама ете колку повеќе се приближувам кон одлуката, толку сфаќам дека истото може и на факултет да биде. А можеби и со тек на време ќе ја засакам професијата, кој знае. Предобро ми звучи за да е вистина. Со кој и да зборнам, сите велат тргај се од правниот, државата ни тони буквално. Не дека имам притисок од моите, ама и тие ми сугерираат дека правниот ми е џабе дадени пари. Али да му речам таму одам и за друг факултет не сакам да слушнам, уште сега би ме запишале. Да се финансирав самата би одела без да размислам два пати, ама за тешко заработените пари на моите ме боли и тоа како. Ќе видиме, има време си се тешам.
Во право е девојчето. Многу има правници. Тоа стана некој вид женска мода да студираат право. Која и да прашам сите се правници.
Каква врска има државата што тоне со факултетот. Па баш поради тоа Правниот за сега е најактуелен и најперспективен. Фрштат тужби на секој чекор. Криминал од невидени разменри. Судот има работа до гуша. А, и Адвокатите исто така, ти на пракса, нема да одиш кај некој новопечен, ќе гледаш да влезеш во некоја разработена канцеларија со звучно презиме. Па ако не направиш пари, ти мене со Лиценцата по глава удри ме. Јас не се гледав себе си во Адвокатура, затоа си избрав Суд.