Значи преведено со твои зборови ти молиш душа да има криминал, убиства, разводи и силувања до гуша за да имате повеќе работа? Заработувате на човечка мака хехехе
Не треси зелени. Јас не ги терам странките да се разведуваат, не ги терам обвинетите да убиваат, силуваат и слично. Јас во контекст на тоа дека само фелата Правосудство може да стави ред, и како процени дека молам душа? Што ако сум во суд, колку за илустрација, јас имав лично мој предмет на Суд, незначи дека само криминалци одат во Суд, и дека само за разводи одат. Има ли оставинска постапка, има ли Семејни насилства, има ли сообраќајќи, надоместоци на штети, долгови, значи тука се веќе човечки судбини. Никој на Суд не оди од убаво.
На чива човечка мака јас заработувам, прочита ли дека не се гледам себе си како Адвокат? Бидејќи немам звучно презиме, и немам срце од странките да правам мајмуни. Затоа си одбрав институцијата Суд.
Ама не. Прават Кривични дела, потоа Судиите се криви, Судот е крив. Имавме една странка на крај на рочиште, потпишуваат записник, и сопруга му ни две ни три, му го одземавте здравјето ни вели. Ни се обрати на нас во судница, буквално така. Само што излегоа од Судница, баш Судијата прокоментира, чекај бе малку, како не му го одземале здравјето кога манипулирал, зел мито? Нема да именувам за кој Судски процес станува збор.
Не, за успешен Судија, треба посветеност, смиреност, кликер. Каде го прочита тоа: За звучно презиме мислев на Адвокати, затоа што да, тие со звучно презиме имаат работа преку глава. Тие канцеларии се разработени. Има од Адвокат до Адвокат, како што има од Лекар до Лекар. Никаде не спомнав звучно презиме за Судија. Јас имам фурни леб да јадам до Судија. Има тестови, има комисии, па има и Академија, не е само диплома од Правен како некои што замислуваат.
Колкумина новопечени Адвокати си ставија клуч на канцелариите, или се споија во Адвокатски друштва, само поради тоа што немаа работа. Не одам во Адвокати кажав !
Јас би те советувала по никоја цена да не одиш на некоја од овие струки што велиш дека не ги поднесуваш. Една од професиите кои не треба да ги избереш дури и ако едноставно не се гледаш во нив (иако велиш немаш толкава одбивност), е токму посебно медицината. Многу специфична професија е и најодговорна, се работи за човечки животи и затоа сметам дека треба во таа област да одат луѓе на кои навистина им е во срце и отсекогаш ги влече, имаат амбиција и љубов кон истата. Идеалист сум за вакви работи, ама и од лично слично искуство ти зборувам. Во средно бев скроз одлична, многу предмети исклучиво добро ми одеа и баш бев една од учениците на кои професорката по биологија стално ни препорачуваше дека треба да идеме на факс на медицина. Ама мене иако ја разбирав биологијата како предмет (па и со хемија немав проблем), медицината во целост никогаш не ме привлекувала, плус што сум и паничар и гадлива. И на крај се запишав на англиски и книжевност, и покрај тоа што сите „практични“ луѓе со кои сум праела муабет го сметаа за неперспективен, и многу повеќе од правото. На ФИНКИ многумина се запишуваат поради добриот глас што ја бие оваа професија и за парите, без разлика на нивните можности. И многу завршуваат со откажување после прва година... Велиш не ти е сеедно било каде да ги трошиш парите за школување, бидејќи може понатаму да немаш работа со помалку перспективни факултети... ама не е ли уште полошо да ги трошиш на нешто што ќе се мачиш да го учиш, па може и да заглавиш штом викаш дека и воопшто не ти иделе никогаш тие предмети? Јас мислам сепак да си размислиш конечно која од тие три професии ти лежи на срце и на тоа да се запишеш. Сфаќам за правото што ти е маката, ситуацијата во државава со правдата е крш, ама ако имаш толкава желба - можеш да го гледаш и како мотивација, да станеш успешна и да промениш нешто. Со среќа што и да одлучиш
Офтопик но не знам каде да прашам,кога почнуваат факултетите со работа односно до кога имаат одмор професорите?
ФИНКИ и електро се најперспективни според мене. Да се запишувам сега, дефинитивно би одбрала некој од овие два.
До 8ми јануари, од 9ти и тие почнуваат со работа има испитна сесија. Зависи од факултет до факултет, најдобро да прашаш на студентски.
Здраво јас сум нов член студирам во Битола на техничкиот факултет електротехника и се прашувам дали на дипломта кога ќе завршам ќе пишува ,,дипломиран електро инж
Медицината е доста комплексна гранка.Јас како студент на прва година со завршен само прв семестар можам да ти кажам и покрај макотрпноста на студиите кои вклучуваат присуство на предавање,вежби,честите колоквиуми кои се 3 на број после секоја 3-та недела,не се каам што се запишав.Доколку си подготвена да се предадеш 100 % на факултетот,континуирано да учиш одбери медицина.Медицината бара хуманост,принципиелност,одговороност,трпеливост,лична дисциплинираност.Професорите си бараат високи познавања во однос на нивните предмети.Анатомијата како наука не е воопшто наивна како и Хистологија со ембриологија.Не се надевај дека е како во средно училиште,тука нема одмор.Молекуларна биологија е поврзано со медицина,но оваа гранка не е развиена па според мене е малку рискантно да студираш.Секоја личност е носител на избор,па така и ти.Што и да одбереш слушај го 'ВНАТРЕШНИОТ ГЛАС' себеси,не дозволувај да ти наметнуваат туѓи желби и избори.Ти посакувам успеси што и да одлучиш да студираш!
Немој да се запишеш медицина, доколку не си сигурна дека тоа е твој животен позив. Настрана од преобемните студии(пожртвуваност, организираност, снаоодливост, учење и само учење). По завршувањето ти треба да се занимаваш со нешто најсвето, ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ. Ти си доктор цел живот пред се, и многу во тебе го го гледаат спасот. Зборот ми е студиите иако се тешки се постигнува се да се научи и некако ќе завршиш, но понатаму во секојдневната работа како доктор, сметај одново и одново ќе имаш "испити" и докажувања. Поздрав па чекаме да ни кажеш, што си одлучила...
Потполно се согласувам со горенапишаното.Медицината бара доживотна посвета,сериозно размисли дали сакаш да студираш медицина