За сега единствен факултет на кој сакам да се запишам е медицински ама сеуште не сум 100% одлучена, токму поради овие причини што ги напиша ти.
Па првите 3 години се најтешки, после запишуваш втора Шала на страна, 4 години / 8 семестри. Ова за додипломски. Магистерските ти се 1 година / 2 семестри. Еве овде можеш да си провериш се што те интересира во врска со ФЕИТ и студиската програма.
Ме интересира мислење кој е најперспективен факултет според вас,ФЕИТ/Медицина/Градежен,сестра ми е матурантка па се двоуми
Сите овие кои ги наброја се доста перспективни факултети. Зависи неа што ја влече. Немаат никаква допирна точка, не е работата само да завршиш перспективен факултет, тоа е твојата идна професија која ќе треба да ја работиш многу години, секојдневно. Јас лично не би можела да работам нешто кое не го сакам независно за колкава плата станува збор. Зависи како ќе се снајде во иднина, кој и да го одбере ќе треба да вложи многу труд. При добивањето на работна позиција потребно е навистина да има знаење, среќа а за жал кај нас најчесто се потребни и врски. Знам луѓе кои имаат завршено некој од овие факултети со супер просек и имаат одлично познавање од областа а седат дома а и такви кои имаат завршено далеку понеперпективни факултети со одлични работни позиции.
З жал најчесто е така,таа не може да се одлучи,ја бива за се’,сите се тешки факултети и бараат огромен труд јас не се сомневам во неа,ако има некој искуства од факултетиве нека сподели.
Здраво. Би сакала да ве прашам доколку некој од вас знае да ми одговори , ќе ве молам. Дипломирав на правен факултет и како дете на бранител( татко ми ) бев ослободена од партиципација. Дали ако во септември запишам втор факултет значи додипломски студии можам да бидам ослободена од партиципација повторно со истиот документ и за вториот факултет? И поради тоа што завршив правен факултет- правни студии, дали би можела во септември да запишам правна политика и дипломатија? Ви благодарам
Не може за сде подендакво да ја бива. Може во средно да супева сите предмети убаво да ги научи ама мора да има нешто што повеќе и лежи. Сите овие што ги наброја се со добра песрпектива, ама ептен различни едни од други. Пример медицина: дали е спремна да гледа крв, да се соочовува со тешки емоционални моменти и слично? За градежен дали е подготвена на патувања по терен и слично, дали и добро се снаоѓа во прстор и слично? Ако не може да се одлучи може да разговара и со кариерен советник. Еве тука има повеќе информации: https://www.facebook.com/kariernisovetnici/
Завршувам средно сообраќајна струка - техничар за транспорт и шпедиција. Што би ми препорачале за понатаму ?
Планирам да се запишам на архитектура ако има некој повеќе упатен со подготвителниот и приемниот го замолувам да ми пише.
Електро, ФИНКИ, ФЕИТ, биохемија (молекуларна) и архитектоснски, како би ги рангирале по успешност, професионалност и побарувачка?
Мислам дека на прво место е Финки,Феит или Електро,Биохемија,Архитектонски.Од ИТ секторот добра пара се зима ама си бара знаење. Уствари која е разликата меѓу ФЕИТ,ФИНКИ, и Електро може да ми каже некој?
ФЕИТ -Факултет за електротехника и информациски технологии, што значи дека електро е под овој. Различни бранши, различни побарувања и прилагодувања. Не можеш да рангираш кога немаат иста улога. Сите се потребни во различни сфери. ФИНКИ, ФЕИТ, Архитектонски ти се технички, додека пак биохемија ти е гранка на природните науки. Што значи не се може ни без едните, ни без другите. Факултетот избери го брз основа на твои лични компетенции и интереси, ако си успешна во тоа што го работиш и се посветиш максимално, резултатот секако ќе биде позитивен.
ФИНКИ беше дел од електро и се викаше КТИА, па го направија засебен факултет, поради зголемената побарувачка на софтвер инжинери. ФИНКИ со софтвер се занимава. Во ФЕИТ има програми од компјутерски хардвер (до некаде и софтвер), електроника (ел. апарати), висока струја (централи, извори на енергија), роботика и автоматизација итн Во моментов, ако си софтвер инжинер и ти се работи, нема шанси да останиш без работа.
Најпрво е важно да знаеш што сакаш, да се запишеш факултет што го сакаш, а не на тој што некој смета е перспективен. Кога се запишав на правен факултет сите пеевртуваа очи, оти нели секој втор е правник. Јас сакав , се запишав, дипломирав, магистрирав , работам по струка и ок ми е. Како што кажа една членка нема погрдо од тоа да да го мразиш факултетот или работата.
Знам дека факултетите се од различни сфери, клучот е математиката во сите освен биохемија. Затоа и се тие факултети. Дилемата не е само околу она што го сакаш, туку и она во што си добар а и носи повеќе можности во исто време. Барем за мене. Сѐ се зема во обзир при донесувањето на таква одлука, а критериумите кои ги наведов прртходно играат огромна улога тука. Тешко ми е да изберам поради тоа што знам дека ќе бидам меѓу најдобрите во било која бранша. Пресудни се другите фактори и сакав да слушнам повеќе мислења.