Во оваа држава? Јас не би одлучила за Воена. Инаку, можеби и самата знаеш, без јаки врски, немаш шанси. Ама буквално јаки врски, ако не сум грешка, 20 примаат секоја година.
Што мислите за машински факултет и колку е перспективен во нашата земја? Дали би го препорачиле за девојче?
А каква разлика има факултетот за машко, каква за женско? Јас планирам да аплицирам, и сметам дека факултетот е доста тежок. Колку е перспективен зависи што конкретно ќе одлучиш да студираш, ама работа и те како има.
Ако имаш висок просек, на било кој факултет, а особено на електро, машински, фармација, економски, приватните фирми сами ке ти дадат понуди.
Знам дека темава не е соодветна за моето прашање ама нема каде на друго место да прашам. Јас учам средно медицинско училиште.Секогаш мислев дека ќе продолжам општа медицина ама сега имам други можности.Имам бугарски пасош и можност за престој во Европа.Доста сум информирана за животот и работата на мед.сестри во Германија.Почнав да учам јазик за да заминам по завршување на средно.Ама многу имам желба за факултет, не мора да е општа медицина, еве гледав и на фармација за лабараториски биоинженер а тоа се само 3 год плус. Ако сака некој да ми даде мислење, да одам и да си ја обезбедам иднината или да си ја исполнам желбата? Не знам што да правам веќе, од друга страна не сакам цел живот сестра да бидам.
Опција е тоа што го напишала Дејиси, а доколку добро го владееш германскиот и веднаш можеш да почнеш со работа во болница, можеш после таму да запишиш и да се надоградуваш. Јас ова би го одбрала, но само доколку веќе сум вработена таму, па после година дена или 2, при прва можност ќе аплицирам на некој од германските факултети.
Сите што планирате да одите на ФЕИТ/ФИНКИ само поради тоа што има голема плата ќе се каете, јас направив таква грешка демек најбаран факултет е ама џабе кога не го сакаш. Цела година пробував да го засакам и барем малце да се заинтересирам ама се завршуваше со плачки и нервози. На лабораториските вежби па најлошо ми беше, сите едвај чекаа да чепнат нешто ја само зевав и гледав у празно и пробував да го издржам часот. Ако не сте сигурни во одлуката, искрено дајте си повеќе време наместо година или повеќе да поминете во нервози и можна депресија.
Жално е што живееме во држава, во која прва и најбитна работа при избор на студии е: За што има работа? Учењето и надградувањето треба да се на теми кои ги сакаме и ни 'лежат', теми за кои имаме талент и интерес... Ама тоа е. Кутра држава, кутри студенти
Што мислите за Технолошко металуршки факултет- смер инженерство на материјали и нанотехнологии ?? Дали има заинтересирани за овој факултет?
Јас ќе се запишувам психологија на државниот. Работа нема за тоа но не планирам да направам идта грешка како и со средното образование. Учев струка која не ја сакам...
Најголема желба ми е правен факултет уште од 5-6 годинки.Патем сакам на правниот факултет во Скопје-Јудтинијан Прв,ако не се предомислам имам уште цела година.Колку е преспективен? колку години се уче? што после факултето и оноа што највеќе ме интересира можно ли е да се запишам во скопје а после да продолжам у друга држава со тој факултет? Ако има некој на тој факултет би сакала да ми пише во лп.
Двата факултети се перспективни во различни бранши. Твое е да го одбереш оној за кој имаш поблиски познавања. Ова се однесува на сите идни бруцоши. Бирајте го факултетот според вашите компетенции и интереси, не според тоа колку ќе заработувате после или каде одат сите, таму и вие. Ако немате познавање од математика, програмирање, физика вашето место не е на технички факултет колку и да е тој просперитетен. Подобро своите вештини и енергија искористете ги онаму за каде што се најприкладни. Можеш да просперираш и со економски и со педагошки ако се потрудиш околу факултетот. Со среќа на сите и се надевам нема да погрешите во изборот.