Некој да ми каже како одат студиите на факултетот за чиста Историја и факултетот за Информатика, тешки ли се?
Здраво девојки, ќе може ли да ми кажете кој приватен универзитет има меѓународно признаени дипломи (поточно во Германија)? Би сакала една година да завршам тука на приватен па од следната година да продолжам во Германија на факултет. И ако ниту еден приватен не е признаен, дали е државниот? Фала ви однапред.
Вистина ли е дека не ја важеле дипломата ако завршеш факс во Струмица ? Зошто не би ја важеле и тој факс е како и другите или е само празно зборување.
Што мислите дали ќе најдам работа ако завршам за психолог? Би сакала своја ординација но немам финансии а би требало да има место во болници или слични институции само не по училиштата..
Медицинска техника (електроника)! Многу барана, ретка, екстра платена... Работата се состои во инсталиране и поправка на лабораториска апаратура. Во Бугарија има таква програма.
Некој да сподеи искуства (лесно, тешко и бла бла) со факултетите во Битола: Факултет за информатички и комуникациски технологии Графичко инжинерство
Правен факултет или информатика, прашање е сега за брачед ми? Кое од овие два мислите дека е поперспективен?
информатика дефинитивно, има многу домашни и странски фирми кои нудат работа, а може и преку интернет да си работи. на правен има 300+ студенти секоја година, а правници и адвокатски канцеларии ги има на секое ќоше.
Сум заинтересирана за математика, но во програмирање и информатика сум тапа. Како што знам на ПМФ има информатика на секоја насока така ? Инаку сум гимназија смер ОХБ ( не отидов ПМА поради програмирање). Некој предлог за факултет што вклучува сегменти од математика, но програмирањето да не е застапено
Хахахах леле читам и се утепав од смеење како можете да кажете дека финки е најдобар факултет.. хаха мислите дека од сите 700 запишани сите ќе завршат и ќе најдат работа? Ха ха ха.. од оние не се знае дали 150 ќе завршат а ако завршат мислите дека сите ќе се вработат? Дај бе освестете се малку.. од тие што ќе завршат 10-15 ќе се вработат и помалку! На прсти ќе се бројат оние што ќе се вработат! Најјако ми беше кога прочитав дека би можеле да најдат работа во многу странски компании.. ОСВЕСТЕТЕ СЕ! Тие што ќе се вработат во странство ќе бидат 5-6.. и помалку! На една рака ќе се бројат или можи никој да не се вработи! Германска компанија барала програмери и одма нашиве од најнеразвиената, најнеписмената земја ќе се вработат? Дај те бе луѓе ве молам освестете се! Германците нема да вработат некој од Обединетето Кралство, Данска, Холандија, Белгија, Финска (најдобро образование има), Шведска туку ќе вработат некој од Македонија? Хахах не можам да ве сфатам, како можите да очекувате вакво нешто? Германска компанија ќе дозволи да има неписмени програмери? Од толку многу разиени држави со квалитетно образование Германците оние неписмените ќе ги вработат? Мислите е толку лесно? Хахахахах! сега следуваат коментари од типот ти не си во право, другарка ми работи во Германија во компанија зема не знам колку плата, братучед ми исто така.. како што кажав, таквите на прсти се бројат! Во странство нема пријатели, таму не бараат дипломи, таму бараат знаење, ама вие за жал мислите аха ќе завршам некако, ќе ми ја купат дипломата и одма Германија 3000€ и фазла плата.. жално драги мои.. тоа е македонскиот менталитет е затоа сме неуспешни после!
Во изминативе 10тина години најбарано и најплатено на пазарот на труд се софтвер инжинери -програмери
Некој што студира на ПМФ - смер туризам, колку луѓе се запишуваат на тој смер отприлика. Сакам да прашам дали има шанси да те примаат со завршен испит ако не е голема бројката на студенти за тој смер?
Дека е точно дека на ФИНКИ од 700 ќе дипломираат околу 150-200, точно е. Ама дека ќе најдат само 10-15 работи од нив е смешно. Не мора да оди во странство за да работи во странска компанија. Професијата е таква што дозволува работа од дома, па истиот би можел да работи за странска компанија без физички да биде дел од неа. Друг факт, има и странски компании со седишта во Македонија, не знам колку и дали си запозната со нив. Дека македонските студенти, посебно дипломираните на техничките факултети, се глупи и необразовани е голем апсурд. Не знам колку ти се јасни работите во делот на тоа што точно се бара и изучува на мак. факултети. Македонските успешни студенти се баш напротив, интелигенти и барани по страна затоа што имаат капацитет, а немаат можност да го докажат во нивната земја. А Германија и сличните на неа ќе вработуваат луѓе од земји од Третиот свет, т.е земји во развој и тоа уште долго. А знаеш зошто? Затоа што за жал знаат, дека истите би се задоволиле со помала плата од реалната за таа професија, која е сепак далеку повисока од онаа која би ја земале во Македонија. Финец не би се задоволил, затоа што во својата земја би добил повиспка плата. И не, не сум ни јас за тоа дека сите матуранти треба да го направат овој избор. Секој треба да ги процени своите способности, па врз основа на тоа да го одбери својот факултет. Ама ова би функционирало во поидеална ситуација. Во Македонија и не баш. Затоа сите кои поседуваат некаков потенцијал е подобро да го искористат на најдобар можен начин, со цел полесно пронаоѓање работа.