Јас сум 1 година на економски, и баш сега решавам интеграли Значи има математика, али само во прва година, во првиот семестар, и тоа не е тешка, барем за мене. Е сега имаш статистика во втор семестар и мислам дека има пак нешто математика во трета година. Али сега баш ти пишав пример за множење и делење на дропки во темата Математика, и верувај тоа ако не го знаеш сега, не ти претстои блескава иднина во економската математика Али ти си знаеш
Нема многу математика на економски и таа што е не е којзнае колку тешка. Иначе за тежок, тежок е како и секој друг факултет. На вас што сте по нова програма ептен ви е олеснето, за разлика од нас што каде каде со потешки предмети се расправаме. Сега имате многу изборни, така да не е ништо страшно.
Хај ту евриуан ...за преспективни факултети мислам дека нашите во Македонија не важат..попреспективни се оние во странство и јас сум во потрага по преспективен факултет па затоа ако знаете некои страни на факултети во странство поврзани со информатиката,телекомуникациите плис пишете ми во ЛП
Се нервирам што информатичарите се многу експлоатирани, на почеток може и ич пари да не ти даваат, па после да работиш за 6000, па после за 12 000 и дури после година-две да видиш 18 000. Јас сега само што завршив и барам работа за програмирање, ама не е така лесно да се најде се бара искуство Евентуално врски ако имаш, ај белки ќе дојдат подобри времиња...
со аналитичка можеш во лабораторија да работиш и да земаш прилично добра платичка, ама прашање е колку е лесно да влезеш во болница на работа ... не знам. А за молекуларна појма немам што да ти кажам
Во секој втор оглас читам бараат информатичар ама со искуство, па оваа младина што сега дипломира каде ќе оди . од некаде мора да се почни па со тек на време ќе се унапредуваш и ќе добиваш добра плата. Извади си партиска книшка и примена си на работа дали со искуство или без -Жално но вистинито
Не би рекла дека за мојата струка се вработуваат со партиски книшки. Фирмите за софтвер се приватни, и тука нема влијание политиката. Но има влијание т.н. роднински или пријателски врски. Знам конкретно за мој случај, влегов дури во втор круг на интервју во една фирма и паднав, а после една недела дознав дека вработија еден мој колега за кој знаев дека нема баш познавања и тоа во истата таа фирма, се чудам како тоа така кога фирмата демек била јака и само перспективни луѓе вработувала.
незнаев каде да го сместам прашањето па еве овде да прашам, ако има некој на последипломски студии на европски универзитет нека ми пише лп или нека објасни тука подетално за износ, стипендии и нешто слично. Благодарам
Сите мислења ги прочитав...и нигде не го сретнав мојот факултет хихихих го нема на картата Инаку сум на Факултет за Безбедност (поранешна Полициска Академија), насока криминалистика
Не сум презадоволна од изборот на факултет кој го направив и завршив од економската група на факултети е, немам ни ден работно искуство во струка, се изнаработив на работни места кај што ни факултет не ми требаше, работев и додека студирав вонредно не му препорачувам никому си го расипав сонот тогаш, за нерви изгубени да не правиме муабет. Најперспективни се показаа информатичкиот и јазичните барем во мојот град оние кои ги завршија нив најдоа соодветно вработување. Па некој ако се мисли за избор на факултет, нека ги земе во предвид.
Информатика Супер задоволна сум од мојот избор и да треба одново да бирам пак ќе го изберам истиот...
Годинава завршувам на техничка информатика и жалам за изгубеното време. Ништо не не научија а јас самата ако не вложев толку труд можеби немаше ни да завршам. Посебно со ова сега 3години додипломски стуии и 2 за магистерски ептен работава е катастрофа.
Јас студирам на шумарски, озеленување и унапредување на животната средина и сум презадоволна со мојот избор знам дека за ова има секогаш работа, плус смерот е таков шт можеш потоа да работиш и како пејсажен архитект и како еколог во странство има многубројни проекти на оваа тематика а сега и се повеќе се нудат стипендии од оваа област баш си го сакам смерот
Јас сум 4та година средно по многу размислување и двоумење сватив дека најмногу ме влече економскиот. Е сега незнам точно кој смер - ако има некој што студира економски ќе го замолам да ми даде некои упатства (што е најпреспективно, како е лесно/тешко) дали ќе има приемен испит. 1ва и 3та година просекот ми е 5 а втора 4, сега и 4та година би требало да ја завршам со 5 Ќе ме примат ли? (со оглед на тоа дека не ми се сите петки имам и 4 по некоја 3 дури и две 2 од втора година ) Кој смер би ми го препорачале?
^^ би ти препорачала да се запишеш на маркетинг, менаџмент, како што забележувам од мојата генерација тој смер некако полесен испадна за разлика од финансов менаџмент и е-бизнис добро секој смер си има потешкотии не викам не, ама со оглед на мои другари другарки мислам дека е полесно таму! ако веќе сакаш економски,а и со помал просек примаа таму некаде со 8,00 вкупно со положена матура!! (и тоа во државна квота) сепак зависи од конкуренцијата и од општо земениот просек за положена матура во цела Македонија
Мене ми е уште рано, ама изгледа ќе се запишам на ПМФ, од оваа година КОНЕЧНО има нов смер, туризам, што и го учам во средно и ми е многу интересно, а богами има и работа. Кога гледав што предмети има, пријатно се изненадив зошто некои 70% ги учам сега, иако нормално, на факултет ги учиш тродупло подетално и поопширно. Ама сепак, основата ја имам така да не би требало да имам некои поголеми проблеми. А кога не би одела на туризам, веднаш би упишала англиски, преведување и толкување.
шо мислите за архитектонски? дали мора во 3та средно да изберам математички смер под А за да одам на архитектура ?
Сигурно ќе те примат, ако имаш подобра матура и во државна квота... Најпреспективно и не можеш да знаеш, можеби фансиски менаџмент ама таму има многу голема конкуренција. За лесно на општа економија е најлесно, па надворешна трговија, маркетинг..менаџментите по се изгледа се најтешки. Приемен нема шанси да има Инаку имаш опција прво да напишеш на кој смер сакаш, па на тој ако не те примат на кој др би сакала, значи си ги рангираш и ако не те примат во тој првиот ако има место во вториот што си го пишала те примаат...итн А кој смер, сама ќе си одбереш, зошто како што ги слушам постарите викаат дека тешко по тој смер да најдеш работа а и да најдеш 80% од тоа што ќе ти треба го учиш во првиот период додека работиш..изгледа само дипломата им е важна