Ако си одил средно фармација оди фармација упознат си со се, ама ако не ти е фармација многу тешко ке ти оде, треба многу голема желба, а не да се двоумеш
Немам одено на фармација средно , но интересно ми е ,но ми е страв да не заглавам баш затоа што немам одено средно фармација и имам завршено гимназиско образование
За своја ординација, претпоставувам мислиш за психотерапија треба да идеш на едукација за психотерапија која трае 4 или 5 години, само со факултетот не можеш да одржуваш психотерапија.
Ве молам некој поупатен да ми каже каде може да се работи со факултет биохемија и физиологија и колку е тешко за пронаоѓање работа?
Ние психоанализа изучувавме како теорија на личност и како психотерапевтски правец. Јас учам во Скопје. Мислиш едукација за психоаналитичка терапија? За едукација би требало да има, а за факултет дали постои искрено првпат слушам. Не знам, не студирам во Бугарија.
Здраво ќе може ли некој да ми одговори на прашањево? На Мит Универзитетот дали последи уписи се на 29 и 30 септември, недела и понеделник? Бидејќи на нивната веб страна пишува 29 и 30(четврток и петок?) На календар тие датуми се недела и понеделник Тоа ме збунува може ли некој да ми каже дали се уписи во недела и понеделник??? Итно. Фала однапред
Ми треба ваше мислење за шумарски факултет. Дали се заработува во Македонија? И дали има работни места во Македонија? Јас сум сега 4та година ама со време си ги разгледувам смеровите кои сметам дека се интересни и дека вреди да се оди. Ама за странство да работам не доаѓа во предвид, бидејќи е многу тешко освен ако незнаеш јазик, на пример германски или словенски. А , прашањето ми е дали воопшто ќе има во иднина работа со овој смер, затоа што гледам све се испозапишуваат на најјаките струки. А стварно многу вреди овој смер и премногу штета е ако некој ден пропадне , а и доста други работни места ќе нема ако состојбата е ваква и понатаму. Ама сепак јас сум заинтересирана за оваа струка, а исто така и за факултетот за дизајн и технологии и ентериер да ми каже некој мислење.
Со доквалификација се овозможува на студентите кои имаат завршено и нивната професија се спаѓа во групата на наставнички професии, да можат да работат во образование како професори.
Toa se podrazbira ama ti ne me sfati izgleda ti davaat naziv nastavnik po toa i toa ili samo sertifikat za polozena dokvalafikacija me zanima kako izgleda toj list
Дали е некој запознаен со смер е -бизнис на економски факултет?Што поточно се изучува и дали може да се најде работа со истиот?
Deneska tesko da se najde rabota so bilo kakov fakultet a ekonomisti gi ima so lopata da gi sobirash idi bilo koj smer koj fakultet sakas privaten drzaven se zavisi kako ke se snajdes ne na koj fax si bila
Класичен демотивирачки муабет што го имам изнаслушано, а не знаеш колку влијае врз другите. @TheFirebolt јас би те советувала да студираш тоа што навистина сакаш, верувај дека ако учиш нешто со кејф, тоа на крај ќе ти се исплати. Јас запишав правен, и покрај сите муабети како на членот погоре како правници или ете економисти има со лопата да ги ринеш....Секој смер и секој факултет е перспективен, само треба да вложиш труд. Со среќа со одлуката, но ако навистина го сакаш нештото, go for it .
Toa i go kazav jas samo koj si svatil svatil ima magistri sto rabotat vo prodavnica ne e bitno kaj si ako imas talent sekade ke najdes rabota tuka nema nisto demotoviracko ti taka si sfatila a ne site brucosi im posakuvam uspesna godina
За жал има и ќе има, независно каков факултет завршиле секој со среќата. Има и економисти што постигнале многу, а и информатичари што немале толку среќа или не се потрудиле многу. Со среќа на сите и од мене.