Кој и да одберете факултет, значително ги зголемувате личните перспективи за во иднина ако што подобро совладате барем 2 странски - по можност светски јазика (читање, пишување, говорење, прераскажување), од кои едниот пожелно да биде англиски.
Па ако имаш интерес, сакаш да комуницираш не су срамежлива и убаво се изразуваш можеш многу да успееш и во Мк
Здраво Завршувам средно годинава и никогаш претходно не сум била во волкава заблуда. Не знам што понатаму. Најстрашно е што сакам надвор, а не знам се уште што би студирала. Ме интересира криминалистика, но не знам колку е правилно да се запишам на факс за безбедност па и со овој смер единствено поради тоа што учам и не ми е шала школото, сакам да си изградам иднина, а не знам колку ќе може да се случи тоа на факултетов со денешнава ситуација во државава Мајка ми па воопшто не ме поддржува за факултетов, но не е дека и јас сум цврсто решена тука да одам. Дали имате не толку оддамнешно искуство и би сакале да споделите мислење?
Познавам многу кои завршиле безбедност и доста ги има итоа во помал град од СК и повеќе од половина не се вработени.. За да дојдиш до инспектор по криминалистика и крим техничар следно е ова, ти кажувам реално како е сега пошто таткоми работеше полицаец ама не сега вработен туку уште ко беше социјализмот ама ти кажувам за сега како одат работиве: 1. Чекаш конкрус за полицајци; Ја бараш партијата на помош ако не помагаат плаќаш 5000евра, поминуваш физички и психички тестови и те примаат.. Одиш на обука 9месеци; Ти даваат решение и работиш обичен џандар. Ако имаш диплома било каква па и купена да е од приватниве ќе те стават инспектор. Така да не го троши времето, ако учиш учи нешто на ФИНКИ кој носи иднина или медицина. И јас се двоумам измеѓу Географија и Финки ама со оглед како стојат работиве во државава, подобро 4години со повеќе мака отколку после да зависиш од друг (партијата).
Ајде мала помош кој смер би го препорачале на економски факултет во скопје, кој смер е најперспективен и зошто, прашувам за другарка? Благодарам.
Каква криминалистика...Штом не ти е проблем учењето само медицина, финки и електро. Најпросперитетни факултети сега, а ке бидат и во иднина. И во Македонија ке си платен и вработен за брзо време по завршувањето на факултетот. За во странство да не зборуваме, дефицитарни струки се во сите економско моќни држави и многу платени. Без работа нема да останеш каде и да си. И фармација и стоматологија заборавив да ги спомнам. Исто просперитетни струки.
Нај перспективен во моментов е број 1 -финки/електро, не само во Македонија, туку и во светски рамки, бидејќи може брзо да се најде работа и воедно добро платена. Број 2 се фармација и стоматологија и може лесно да се просперира во приватниот сектор. За медицина во Македонија колку е перспективно незнам, бидејќи според мој сознанија немаат високи плати, а и брзо не се наоѓа работа. Во светски рамки ите како е перспективен. Али на крај од приказната не е се во парите, туку во љубовта и пасијата кон одредена струка. Границите на РМ не треба да претставуваат препрека за успех.
Финки не ми е желба ама воопшто .. Иако учам во Орце и знам дека топ би се снашла, сепак ќе го учам и работам тоа без мерак.. За медицина се премислувам многу.. Страв ми е да не ми се смачи после цел живот гимназија и учење општи предмети. Сакам надвор да пробам, поспецифично Словенија ради бесплатните студии и фала Богу дипломата што после ми ги отвара сите врати.. Не знам ептен сум во тесно, вага плус, а во школо немаме кариерно насочување што најмногу ме фрустрира.
И јас бев општа гимназија...не секирај се средното не игра голема улога, верувај. И јас се мислев помеѓу медицина и финки/електро. И го одбрав на крај второто, не дека медицина ми беше тешко. Ама ајде може како втор факс тој да запишам, who knows.
Ако немаш желба за медицина, верувај и ќе ти се смачи од учење. Затоа одете си нешо шо ви е ќејф да го учите, ја на пример некои работи воопшто ги нејќам ко предмети и освен медицина не можев нишо друго да замислам да учам. И океј ми е, не сакам задачи, бројки, појше сакам теорија и изучување на човекот, па и баш си го сакам тоа што си го одбрав, уште стојам на тоа дека вистински избор имам направено. А, ниеден факс не е гаранција дека ќе успееш у животот. Не е дека ако некој не знае да се снајде, нема да се снајде и без факултет или ако некој заврши јак факс дека ќе е супер стручен у таа област и сите го чекаат него. Напротив, треба да те бива, за да те земат некаде ете или да имаш некој шо ќе те пикне некаде да работиш у државава наша, таа е реалноста. Некако кај нас 80% го бираат 2 начин, затоа имаме и тон луѓе со титули и дипломи кои се всушност неписмени. Одете си тоа шо сакате, друго е кога уживаш во тоа што го учиш и си ја сакаш и струката. И не слушајте перспектива, ова, она, којзнае за 10г што ќе се бара и слично. Глејте си вас да ви е убаво и да цел живот ви е мерак тоа што го правите.
Па дали ќе ја одберам струката што стварно ќе ја сакам да ја работам и дали ќе се снајдам со сите тие стручни терминологии после гимназија..
Za najperspektiven fakultet nemozam da kazam,ama za onoj sto jas go zavrsiv velam promaseno.Etnologija na PMF,fakultet tezok promasaj vo zivotot,da mozam da se vratam nazad da ja popravam taa zivotna greska.