Најперспективен дефинитивно Финки ама и таму има премногу студенти секоја година по 1000, за дали за сите ќе има работа во Македонија па не сум баш сигурна. Но, го имаат и странство како опција. Јас сум на ТМФ, за прехранбена технологија и биотехнологија доста ни е потценет факултетот, не е ни малку лесен, работа во овој сектор има, за некои среќници во добри фирми и многу високи плати.
Финки во моментов и во наредните години ќе биде најбаран факултет, како кај нас така и во светот. Корисен е ПМФ, аналитичка биохемија, хемија. Исто така Технолошки , органска хемија, прехрамбена, биотехнологија. Многу често сретнувам и луѓе многу задоволни од Земјоделски, оние струки поврзани со храна. Медицина ако се учи само ако се иселувате од државата, има многу случаеви што неможат да се запишат прва година пример во Словенија, ама после втората година успешнос е префлаат на тамошниот медицински факулетет Љубљана или Марибор... Кој и да го одбереш факултет од горенаведенит е тежок. Воопшто не е лесно да завршиш на Природно-математички или Технолошки , многу учење, обемни испити, многу време посветено на задачи решавање. Но од друга страна , оние што работат баш по струка се добро платени. Не би го менувала мојот факултет, задоволна сум со тоа што го работам, и со мојата диплома и работно искуство сум на рамниште со сите инжењери во светот во мојата област.
Не мислам дека ФИНКИ е најперспективен. Премногу информатичари. Информатичари од ФИНКИ,ФЕИТ,Пмф,Штул и останати приватни,Охрид,... Хиперпродукција на кадар. Твојот факултет е далеку подобар избор,помалку завршени студенти и повеќе работа.
За најперспективен, дефинитивно потпишувам дека е ФИНКИ/ФЕИТ. Најубава шанса си имаат за вработување и тука, и тоа со прилично високи примања, и надвор. И тоа дипломата им е признаена насекаде во Европа мислам, а веројатно и во Америкиве. Е сега секако дека ако не си квалитетен во својата професија, што сакаш имај завршено, на поштен начин нема да можеш да се вработиш. А со врски, секако. Дури и да не знаеш А да речеш, може да си грееш столче како шеф, додека некој со знаење и умеења си седи дома и се дума каде следно да прати CV и си се теши дека и да не му е по струка, барем да работи нешто. Ама МаЌедоЊа и се' е можно.
Во странство за програмер,еве конкретно Германија, не ти ни бараат диплома, туку знаење, затоа што за тоа треба да те бива, а на некои квази факултети во земјава секој може да дипломира, а да не знае програма да направи.
Не верувам дека за брзо ќе има хиперпродукција на кадар. Во моментотв со овие бројки има дефицит, а воедно на секое работно место бараат знаење, врските тука не играат улога, бидејќи ниеден "приватњак" нема да те држи за да грееш столче и да земаш пари за лепе очи.
Само на финки секоја година се запишуваат околу 1000. Додај ги и сите други факултети во држава,еве нека бидат уште 2000,значи годишно се запишуваат околу 3000. Нека завршат 70% од нив,тоа е околу 2000 годишно. За 5 години,до која бројка ке стигнеме,ке нема каде се вработи толку голема бројка на кадар. Со овие бесмислени квоти на факултетиве,ке станеме Индија во ит сектор. Само мал дел од нив што паралелно додека учат ке работат на проекти и ке се доусовршуваат после ке бидат програмери со добра плата. А надвор има премногу конкуренција во тој сектор.
Ух, на ФИНКИ 70% завршуваат ? Не би рекол.. И да, се запишуваат по 1000 затоа што изговорот е "Немам што па ај ФИНКИ", па 50% се откажуваат пред да почнат. П.с за добрите инженери има работа затоа што постојано има одлив на кадар.
70% да завршат е многу, рачунај половина завршуваат. Има многу фриленс што работат, се отвараат постојано комплании кои работат за странски пазар. Сајбер Безбедност кај нас сеуште незнаат што, тек тоа кога ќе е актуелно квотата на 2000 ќе ја зголемат ама џабе. Иако мислам дека беше добра кога беше 500 студенти квотата, вака е мнооогу лошо, бетер од водоводџија ќе ја напраат ИТ.
А што би работела ако учам молекуларна биологија, нешто поврзано со генетика? Ме интересира и тоа многу,а нејкам да предавам, не го гледам тоа како моја идна професија.. Само си се премислувам, ни јас не знам што сакам веќе..
Голема вистина е дека на ТМФ има многу малку запишани студенти а за завршување уште помалку. Моја генерација од 80 на почеток сме 40 сега и тек ќе паѓа бројката. А за работа има.
И на крај ќе завршите 30 и сите ќе најдете работа. Според мене можеби најтежок и најперспективен факултет во МК.
Здраво, сакав да прашам за Архитектонски факултет поточно графички дизајнер што се учи и дали има приемен или само со оценки од средно, фала однапред
Мислам дека дефинитивно географија има дефицит на кадар. А на ФИНКИ има премногу студенти, и голема конкуренција. А желбата и љубовта за учење и работа на нив, е друга работа.
Е-бизнис, меѓународна економија или слично нешто. Перспективни се мислам тие, бидејќи се поголем е бројот на фирми што работат со странски потрошувачи или партнери...Е сеа зависи и што има желба за работа во иднина.. Нели неможи сметководител со Е-бизнис...
Здраво, годинава сум матурантка и имам голема желба да се запишам на новинарство, меѓутоа постојано слушам коментари од типот “Новинар можеш да бидеш и без факултет“, “Не ти е проблем учењето,оди медицина веднаш после ќе најдеш работа“, „Познавам дипломиран новинар,сега бара работа како келнер во Германија„ и слично и тоа навистина ме демотивира.Свесна сум дека со медицина можеби веднаш ќе најдам работа и кога не би запишала новинарство втора опција би ми било тоа,скроз спротивни страни, но сепак на прво место новинарство.Па би сакала да слушнам Ваше мислење и доколку има некој што студира новинарство би сакала да ми пише порака.Поздрав