1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најперспективен факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од Annika, 27 јануари 2010.

  1. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    10.402
    Пол:
    Женски
    Не е само изборот на факултет фактор за перспектива. Тешко е да се каже дека после факултет кариера од небо паѓа. Се си бара усовршување, вештини, копање на дополнителни материјали, курсеви и сертификати, користење на литература во текот на работата. Од сегашна перспектива, потешкиот дел е после дипломата, не пред, пошто мора и да научиш и да сработиш, не само да научиш. На факултет ја учиме материјата ама не и себепронаоѓањето во истата. Ниеден професор не може да научи студент како професионално да се снаоѓа, макар и сите 10ки му биле. Оној кој мисли дека учењето завршува кога ќе дипломираш, гадно се заебал. Секоја струка бара надоградување. Самата диплома не гарантира стручност во областа.
    Имаше еден цитат од не знам кој, нешто во стил: Образование не е нешто што можеш да го прекинеш.

    Да споделам мислење околу факултетите:

    ФИНКИ е перспективен. Баран е кадарот, ама таква работа ако не ја сакаш би ти била напор. Не е само заврши го после и градењето на кариера бара напор, волја и континуирано усовршување, впрочем како и секој факултет, она што спомнав погоре.

    Со технолошки знам повеќе луѓе што имаат добро платена работа, поготово прехрамбени технолози, не знам оти ТМФ е underrated.
    Да бев сега за запишување дефинитивно ќе изберев ТМФ, оти сега гледајќи наназад направив тотална утка, скроз бескорисен факултет избрав. Криво ми е, хемија ми беше еден од поомилените предмети, ама со професорката во средно си го немавме, па ни на крај памет не ми паѓаше нешто поврзано со хемија. Или ТМФ би се запишала или земјоделски- на лозарство и винарство.

    Градежен, многу инженери што ги знам се странство, а тоа впрочем говори колку во земјава е НЕперспективен факултетов, а и реално кадарот во овој сектор е незадоволен и меѓу тие што останаа во македонски фирми да работат. Башка програмата е сега направена тригодишна, пари да си фрлиш само, без мастер немаш право на овластување законски. И на оваа "јадица" за студентите функционира факултетот, т.е. се полни со пари. Пошто мораш на мастер, каде семестатот не е веќе 200е туку е 500е.

    Машински и енергетските смерови на електро се далеку зад финки и сметам дека се за нијанса поназад и од ТМФ. Се наоѓа работа, ама платите им се пониски во споредба со технолози, а со програмерски да не зборувам, нема споредба.:D

    Економски, голема конкуренција, но мислам дека од општествените науки баш економски е најперспективен.

    Медицина, тука мислам дека уште ја нема удрено државава дефицитот на здравствен кадар, а мислам дека баш тоа ќе се случи, ако не сега за некоја година сигурно. Ама пак не е таков факултет да се залеташ само, треба и волја за ова да се студира, а потоа и да се работи.

    Јазици да учиш ми изгледа како многу убава работа, ама во поглед на кариера освен професор и преведувач нема друга опција. Професор во средно ем ќе треба врска да те пикне ем платите во образование се ниски. За превод фриленс е најисплатливо.

    Имам работено и по струка и не по струка. И во тоа што допирна точка нема со моето образование повеќе се пронајдов. Додека со диплома работев 3 години, ама не ми правеше тоа ќеф, несреќна бев и решив да сменам. Еден од најтешките чекори во животов ама во ниеден момент не се покајав.

    И за крај, бателете рецензии, мислења и искуства од форуми, како и многу мислења на темава и јас ќе го кажам истото, студирајте што сакате. Не знаете кај ќе ве однесе патот утре. Најбитно е да бидете свои, не се плашете и да згрешите, ако нешто не оди ослободете се од него. Се се постигнува со многу труд, волја и малку среќа. :)
     
    На IRBBB, senza.parole, dayla и 5 други им се допаѓа ова.
  2. swizzlec

    swizzlec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    На ФИНКИ и Машински е мртва трка по тоа што сум слушала, многу се откажуваат во првите години.

    Градежен, Металуршки и за Дизајн на мебел се добри и перспективни али мало тешко да работиш по струка.

    Правен и Медицина мислам дека се најперспективни во смисла да можеш да најдеш работа по струка.

    Економски и Архитектонски - премногу конкуренција, нерви трошење али па најголема пофалба до тие што завршиле државен.:)

    А па овие уметничките факултети (ФЛУ, ФМУ И ФДУ) тешко дека ќе најдеш работа по струка освен графички дизајнер што е доста барано али ако имаш живци да се справуваш со деца тогаш стани профрсор/наставник.
     
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Правен е нај не персоективниот факултет у државава. Ако сакате да си го уништите животот запишете се на правен
     
    На темјанушка, twilight123, Alisa22 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Можда не е за тука прашањево, али ме интересира, а неам кај да прашам.
    Кои средни училишта од Македонија се признаени во странство?
     
  5. swizzlec

    swizzlec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Па немора да работиш по струка али можеш бар да најдеш нешто поарно неголи со некој друг смер од општествениве науки.
     
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Па и не баш. И после дипломирање ако сакаш да побараш работа надвор од државата со правен не може. Така што сметам дека не е перспективен.
     
  7. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Мојата кумашинка заврши правен со сите 10ки,сега е веќе адвокат и работи за 100 еврс не е ич ценет трудот бегајте од правен
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Мислење за ПМФ - Географија исто и на УГД - Штип за Географија што студира?
     
  9. Nevergiveup1

    Nevergiveup1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2014
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Машки
    Мое мислење никој - учете занает и бегајте во странство или работете си овде. Нема вредност...
     
  10. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    зошто странство?
    нема држава да остане ако сите мислат како тебе, со учење, знаење и упорност и овде може да се вработи и успее
    во странство па сите нас не "чекаат" (освен за чистење улици и работа во мек доналдс)
     
    На macysh, Kimberly11 и DiCaprio им се допаѓа ова.
  11. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Глуп совет
     
    На Feminist20, macysh, Nightwish11 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    11.333
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека има многу личности шо одат во странство и работат работа што во Македонија не би ја работеле оти им е понижување. Точно, можеби таму се поплатени, ама кога ќе ставиш на тоа и поголеми трошоци за кирија и сметки, исто му доаѓа.

    За болдираното, и не баш.
    Прво, мала држава и премалку можности и за работа а и за напредување. Посебно во помалите градови. Затоа сите сакаат да бидат во Скопје, и после скопјани ќе се жалат оти провинцијата им го краде лебот.
    Второ, и тие малку можности што ги имаш ќе ти ги земат оние со врските. И да не се лажеме дека ако имаш повеќе знаење ќе влезеш ти, оти не е така.
    И трето, и да најдеш работа, прашање е во какви услови ќе работиш и за каква плата.
     
    На twilight123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    И шо ако е нешто перспективно, ако не ти лежи на срце?
     
    На Willbeokay, cresa-jagoda, Stark и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Nevergiveup1

    Nevergiveup1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2014
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Машки
    Зависи како гледаш на нештата:

    Пример ако си од страна не од ск за да завршиш факултет ти требаат некаде околу 4000 евра годишно значи околу 16 000 евра за 4 години не ги рачунаме изгубените 4 години.
    Е сеа што и да завршиш платата ке ти биде 16-25 000 со исклучок на програмерите, пресметај колку време ти треба да ја повратиш инвестицијата...

    Друга работа ако завршиш правен економски полициска академија социологија и слично освен ако не си во партија тешко и дека ке најдеш работа.

    Јас имам факултет, и си стоам на моето мислење сега да можам да се вратам назад не би се запишал туку би инвестирал во некој бизнис па ако тргне и ако ми затреба човек со факултет би му дал 20 000 што и се случува кај нас. Убавото е тоа што те менува како човек, не е мала работа, но кога ке го завршиш сваќаш дека не вреди за друго освен за личен упгрејд и оформување на карактер.

    Сум бил и во странство таму никој не те прашува каква диплома имаш со исклучок на гигантските фирми, сите ги интересира што знаеш да работиш и тука завршува муабетот.

    Ако веќе сте решени : градежен машински електро ви е најдобар избор ако не ви лежат инвестирајте во нешто или барајте работа или друг излез не е само да го завршиш и да ти стое дипломата за украс.
     
    На Ambitious му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.970
    Пол:
    Машки
    До некаде си во право, неможе цела држава да е со факултет. Затоа и не треба задолжително средно. Некој треба да е пекар, бравар, столар, механичар.
    Е тогаш ќе има поинакво ценење на трудот кај тие што завршиле факултет бидејќи ќе се помалце и ќе имаат дупло поголеми примања од сега. Тогаш занаетчиите ќе земаат 15000-20000, а тие со факс повеќе.
    Грешката е системска длабоко во образовниот систем, бидејќи креира мислење дека сите треба да завршат факс по секоја цена.
    Така доаѓа до презаситеност на трудот во една бранша, и ретчење во друга.
    Нека ги вратат приемните на факултетите и нека ги намалат квотите за упис на студенти.
    Е тогаш странство нема да ти треба.
     
    На Mrs. Lovett, cresa-jagoda, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    879
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Која насока поточно??? Под географија спаѓаат демографија, туризам, тис, антропологија и етнологија итн
     
  17. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    481
    Пол:
    Женски
    Идеалот на просечниот граганин е вработување у државно со 25000 редовна плата и станченце од 50м2 во Карпош или Аеродром.
    ТОА е успех во Северна Македонија.
    Е ТОА, драги мои, во нормална развиена држава, е мизерен и беден начин на живот.
     
    На JasnaStojanoska и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  18. MarlynJ623

    MarlynJ623 Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2020
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Би сакал да ги слушнам вашите мислења или искуства за смерот Нутриционизам при ПМФ. Во главно ме интересира квалитетот на наставата, пракса и нај главното- можноста за вработување по завршување на факултетот. Исто би ми било од голема корист доколку имате контакт од некој кој веќе студира/предава на факултетот.
    Благодарам! :)
     
  19. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Идеалот е така зошто приватно се работи за 5 позиции наместо една и треба да се моли плата да се земе зошто газдата не го интересира, а државно покрај тоа што речиси ништо не се работи платата е редовна, одмор те следува, боледување те следува може да се планираат многу работи и плус во толкав колектив од неписмени нема да се издвои никој зошто колективен е неуспехот и така не се осеќаат помалку вредни. Иако приватно газдата е поглуп од тебе ќе те вика и викенди за да се изработи празникот да не му кидне некој денар посебно кај оние што се плаќа од саат услуга или третман. Сумирано мое мислење наместо да се образувате, читате, формирате критичко мислење, размислувате за воведување на новини и фрлате пари за државен или приватен факултет одете во штаб и лепете плакати, дремете по кафичи затоа што така работа се наоѓа и полесно се купува диплома (или тука или во бугарија). А и онака за да се вработиш за 20 и нешто илјадарки ќе то бараат да синплатиш 2000е, така да ништо не менува на кој факс ќе си и дали имаш диплома.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    Медицина и информатика.
     
    На ElenaOfRivendell, DiCaprio и g8lQQk им се допаѓа ова.