За жал и со приемни нема да биде многу различна ситуацијата. Поради истата причина зошто факултетите не ги ограничуваат квотите. Не знам за другите факултети, но на Економски ако квотата е 120, ќе бидат примени минимум 150 студенти. Така беше кога јас се запишував. Значи ќе примаат и слаби студенти на факултетите сеедно, бидејќи пари се во прашање. Он топик: Најперспективни сѐ уште се медицина (за во странство) и информатика, или евентуално некои од дефицитарните струки. Уште поперспективно можеби е воопшто да не се запишува факултет и да се изучи некој занает.
Супер избор ако навистина го сакаш барем малку она што ќе го учиш. Има помалку луѓе кои запишуваат и завршуваат за разлика од другите потешки и поперспективни факултети, тоа ќе биде во плус како професионалец после во твојата струка. И скоро секогаш ќе има работа за тебе, во зависнот од смерот кој ќе го избереш.
Убав факултет и убава струка. Татко ми е технолог, па еве од таа гледна точка ќе ти пишам. Веднаш после дипломирање нашол работа. Често пати знаеше и да си смени работни места затоа што имаше подобри услови и поголема плата, некогаш и на повеќе места работеше, а и сега го бараат некогаш од старите места кај шо работеше, така викенди иде, иако сега реши последните години пред пензија да не се замарал толку, па не работи по погони и 3та смена, малце понапорно е после 50ти тоа. Тоа ти е малце зезнато, што иако би била раководител на смената и работата, мора да идеш и 3та смена да надгледуваш работата како се одвива и сите тие машини и се. Ама платите се стварно големи ко за у нашава држава. Зависи и кај ќе работиш секако, плус смерот, но вака според мене и кажувања на татко ми супер е, нема технолози, ги бараат ептен. Само хемија треба да си знаеш дур студираш. Не е баш лесно.
Фала ви многу, малце ме охрабривте. Иначе сакам хемија, барем повеќе од другиве предмети што ги учев во гимназија. Сакав и на ПМФ хемија, ама некако Технолошки мислам дека е поповрзан со компании како Алкалоид, Џонсон Мети итн
За тебе, и за сите кои треба да одлучат што ќе запишаат факс, нека не ви биде одлучувачки фактор дали некој предмет ви оди, или не ви оди. На факс почнувате на ново се' што треба да знаете. Буквално. И да, полесно ќе биде ако некој клучен предмет ви оди од рака, ама и да не ви оди, ќе научите ако сакате. Фокусирајте се на друго, дали можете да се замислите после во струката, дали е перспективна, дали и колку сакате да напредувате понатаму и дали факултет ви ја дава таа шанса итн. Реално размислете за тоа што после дипломирањето. Тоа е поважно од сите технички детали околку уписите и факултетите.
Имам размислувано ама се си мислам повеќе можам работа да најдам како технолог, сакав и молекуларна биологија на ПМФ што не е ни слично со ова, ама кај нас не верувам дека има, а ни во блиска иднина нема да има опции за работа со тоа
Здраво, може мислења за машински факултет, смер индустриско инжинерство и маркетинг менаџмент? Дали лесно се наоѓа работа, на кои работни места може да се работи?
Здраво дечки, итно ми е и дали ќе може некој да ми каже кој е процесот за испишување од факултет? (на приватен сум) Со оглед дека е средина на семестар, ќе може ли да ми ја одобрат исписницата?
Медицински факултет најперспективна во државава.За во странство нема промашај. Сепак,секој со своја среќа.
Дали има некој што студира на ФЕИТ да го прашам нешто затоа што не можам да најдам никого би ми било од голема корист
Супер перспективен на долги стази за иднината. Само треба да се екстра заинтересираш и да имаш знаење. И тука може да се најде работа, но настрана во некоја од поразвиените земји ќе е подобро во секој случај. Не е секојдневна работа, и зависи од амбициите на личноста. Нема како техничките факултетите, особено оние кои се поврзани со науките за живиот свет, да не се перспективни. Само треба да те бива.