Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најперспективен факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од Annika, 27 јануари 2010.

  1. MitMax

    MitMax Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Машки
    Во нашава држава според мене за такви факултети не наоѓаш работа затоа што ние немаме индустрија.Познавам луѓе со технолошки факултет.Седат дома и вежбаат деца математика,физика и хемија.Немаме никаква развиена индустрија за жал за тие факултети.Не сакам да бидам баниран од темава само си го кажувам мислењето.Сепак,секој со своја среќа :)
     
    На H.VAGA, Fallen.Angel и Glowy им се допаѓа ова.
  2. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Според тебе.

    Немаме (многу) голема индустрија, ама имаме некаква. И истата може да биде старт ако ништо друго.

    Ама не е обично секојдневие, не е обична работа каде ќе сработиш нешто и готово. И не е за секој, оти не секој има доволно амбиции. Тоа што го кажуваш ти, укажува на овој факт.

    Тие што седат дома, или прават нешто поразлично, направиле друг избор. Што не ја прави струката помалку перспективна, туку нив самите.
     
    На macysh, idktbh, Dream-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. MitMax

    MitMax Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Машки
    Секако дека никој со завршен факултет не би избрал да седи дома.Факт е дека единствена фабрика (индустрија) во државава е Алкалоид каде не се влага без врски.Сепак како што напишав СЕКОЈ СО СВОЈА СРЕЌА.
     
    На Glowy, tina2018 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Па не би рекла дека никој со завршен факултет не би избрал да седи дома, бидејќи знам многу такви никои.

    И не е само Алкалоид. Постојат еден куп лаборатории и фабрики од најразличен карактер, работа може да се најде ако се сака доволно.

    И ајде да се договориме дека не се салагаме па да завршиме. Нема среќа кога се работи за животни прашања, туку карактер.
     
    На macysh, idktbh и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со @Snow-Star.
    Уште не си почнал средно и до некаде те оправдувам што вака мислиш.
    Ама да знаеш колку фабрики има кај нас и колку се бараат такви струки...
    Се се тоа само стереотипи, дека не се барани и нема работа итн...
    Не е само Алкалоид. Ако те бива у струката секако ќе бидеш забележан што и да си.
    И за економисти и правници викаат има со лопата да ги ринеш, па имам примери у фамилија што биле со над 9 просек и се издвоиле уште за време на студии и веднаш нашле работа и тоа без врски.
    Ако некој има желба и максимално е посветен на тоа што го прави, според мене ќе успее...
     
    На blosson, nevermet18, Fallen.Angel и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Да бидеме реални. Секој од нас е различен и е добар во нешто. Мене ми велеа дека сум избрала факултет кој не е воопшто перспективен и немам некоја блескава иднина. Наметнато ни е да мислиме дека перспективни се техничките факултети, секој еден ќе ти каже оди на ФИНКИ или некој друг потежок факултет. Не е поентата да се избере перспективен факултет и да се заглави со студирање. Барем јас така размислувам. Треба да си изберете нешто за кое имате знаење и можности да успеете. Можев на ПМФ да се запишам, ептен е перспективен ако гледаме така ама ако се запишев каде е перспективата ако не положам ниту еден испит.
     
    На cresa-jagoda, nevermet18, martiiinna и 5 други им се допаѓа ова.
  7. ivanamackica

    ivanamackica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    1.048
    Пол:
    Женски
    Здраво, бидејќи планирам да се испишам од факс, дали колоквиумите играат улога во тоа? Ми остануват последните колоквиуми за годинава кои не сакам да ги полагам и немам желба, затоа и ќе се испишам. Од факс ми рекоа дека морам да ја исплатам цела школарина и семестрите да ми се платени, а за колоквиуми не ми спомнаа ништо...
     
  8. moon111

    moon111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Фикт или технички (графичко инженерство или индустриски менаџмент ) Битола?
     
    На Mxrx му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mxrx

    Mxrx Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    147
    Што мислите за машински факултет(индустриско инжињерство и менаџмент) и финки(интернет, мрежи и безбедност)?
    Дали на овој смер на финки е многу застапено стандардното програмирање?
     
  10. yourfavoritegirl

    yourfavoritegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2020
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    797
    Пол:
    Женски
    Програмирањето е подеднакво застапено на сите смерови:)
     
    На Mxrx му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Не постои нешто такво како "перспективен" факултет, затоа што факултетска диплома е само едно мало делче од мозаикот. Во професионалниот живот премногу работи играат улога, има многу фактори. Студирав на Филолошки, кој секако не важи за еден од нјаперспективните (што ќе се мачиш, јазик на курс се учи, кој се офајдил од читање книги...), но го завршив со мерак, со раат си ги поминав студентските денови, не се замарав со луди професори, со ненормални захтеви, лудачко деноноќно бубање, а се вработив истата секунда кога станав апсолвент, со јазикот што го студирав, а за тоа немав врски и познанства, туку малку знаење и помош од Универзумот (во буквална смисла, ми се посреќи, во животот тоа не е за занемрување :) И ете, петнаесет години подоцна, уште го живеам својот избор со раат, не се каам за ништо (или скоро за ништо), а со многу труд, усовршување и малку среќа, одлично и заработувам. Кога се соочувате со дилема, прашајте се Дали е важно ова за мене? а не Дали е тешко? и само ќе ви се каже.
     
    На munchmallow96, TrinityNeo, Принцезичка1 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Кој факултет е потежок Филолошки или Правен? За другарка матурантка прашувам. Сака да оди на Правен, но не е баш по учењето и е по лабав тип.
     
  13. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.945
    Ако не и се уче нека оде на работа.
    Не е секој за на факултет, посебно на некој што не му се уче.
    Не гледај лесно/тешко.
    Гледај амбиции, просперитет, желба за нешто.
    Не ради реда. Оти ќе се запише, ама и за брзо ќе се откаже.
     
    На Glowy, Stache, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    И јас тоа и го кажав, меѓутоа бара мислење меѓу овие два факултета.
     
  15. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    32.703
    Пол:
    Женски
    Ако не е по учењето џабе и е кој и да го избере. После прв семестар ќе се откаже, секој факс е тежок, посебно за некој што не учи. Убаво ти рече @GirlRose нека најде работа. А ако и е за диплома само, нека оди на приватен.
     
    На cresa-jagoda, yourfavoritegirl, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.945
    Ама искрено, никогаш нема да ги сфатам овие што одат на факс ради реда.
    Ако не ви се оде, не одите.
    Тие години што ќе ги потрошете на факултет и струка што не ја сакате можете да ги поминете во работење и да најдете нешто што го сакате.
    Поарно ќе работам 4-5 години отколку да учам и да немам амбиции за тоа.
    И што ако заврши правен или пак филолошки?
    Друго е да не учеш во средно, ама да си сигурен дека на факс ќе си поупорен.
    Друго е да знаеш дека и на факс ќе е продолжеток на средно, па ќе се влечеш со сила.
    Едноставно, многу се сфаќа озбилно тоа шо и ќоро и сакато завршува факултет.
    Не е секој за учење де. Не е понижување и да не идеш на факултет.
    @Kjara15 не го сфаќај ова како навреда спрема другарка ти.
     
    На munchmallow96, Принцезичка1, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Ако сака да запише, може да запише безразлика што е лабав тип, може и да заврши иако не е по учењето. Ништо од тоа што пиша не е рапер кој може да биде студент, плус дали и како ќе заврши факултет. Секој може да запише и да завршиако сака, особено на некој приватен универзитет.

    Мислењата на другите кој како и зошто така, не мора да ги разбере никој.
     
  18. Blazkowicz

    Blazkowicz Активен член

    Се зачлени на:
    18 април 2020
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Машки
    Ај вака, колку и да сум од страната да бранам дека дипома е потребна, не е. Посебно во денешно време каде што сме сведоци на remote професии и имаме секави ресурси околу нас може да успееме да тераме убав живот без диплома.

    Heck, можете дури да најдете и начин да го уновчите вашето хоби и да почнете да заработувате од него. Ова особено важи за тие што знаете да цртате, да сликата фотографии, да правите DIY ситници. Не викам дека сите ќе успеете, но и тоа е начин да си ја најдете правата перспектива за вас.

    Мене факултетот ми испадна џабе, еве ќе дипломирам за некој месец, а веќе почнав да работам нешто што воопшто не ми е поврзано со струката. Така да ако се мислите да идете на факултет само колку да го завршите, турете и пепел на таа идеја.

    Ах, со муабетов направив тези како за на IT форум.
     
  19. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.242
    Пол:
    Женски
    Одвишок пари имаат и не знаат што прават.
    @Kjara15 како може да се двоуми меѓу Филолошки и Правен, тоа се два сосема различни факултети. Тоа само кажува дека стварно не ѝ е битно кој факултет ќе го заврши.
    Убаво кажаа членките погоре, ич нека не се запишува ако факултет ќе ѝ е само ради реда запишан.
     
    На Iva9612, cresa-jagoda, GirlRose и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам, сепак очигледно и за двата има мерак, но за правен повеќе. Никој не знае да даде одговор за тоа што прашав?