Тоа што другарка ти сака да студира, а не ѝ се учи многу е одраз на времето во кое живееме. Реалност е дека тешко се доаѓа до работа и со диплома и со струка и со искуство, а камоли без нив. Не сакам да сугерирам одговор, затоа што секој може да измери на кантар кои му се приоритетите, ама ако не е многу по бубањето можеби правен не е најпаметна идеја. Ако ја бива малку за јазици, секако Филолошки може да го искористи да учи повеќе јазици и ако ништо друго, да не ѝ отидат во празно годините дур се пронаоѓа. Разбирам дека такви ни се животните околности и немањето диплома може да се доживее како голем неуспех.
И двата си имаат своја тежина, скрос различни факултети, не може баш да се споредат, ама реално, прашањево ич не и е на место. Сака да оди на факултет „што е полесен“.. Ич не ги сфаќам тие луѓе, не да генерализирам, ама воглавно тие што прашуваат кај е полесно, а не прашуваат каков е факултетот, што се научува таму, каде би работеле понатаму и сл., не се од учење (ништо лично кон другарка ти, и секако чест на исклучоци). Едноставно не разбирам како можеш да се запишеш на факултет кој „би го завршил полесно“ само за да имаш диплома. Like what's the point??? Еве јас сум запишана на факултет за кој многу ми викаа “леле тешко е оди си нешто полесно, леле ќе се имачиш, леле страшно“ и такви муабети. Ај што не ми е престрашно и претешко, тоа на страна, туку и побогу, јас не се запишав на факултет со помисла дека ќе си чилам и ќе ми биде лесно. Баш напротив, свесна бев дека ќе треба да се помачам и потрудам, не очекував нешто друго, крај краева, факултет е, не е основно, нормално дека треба многу учење и труд. Ако не е од учење, подобро нека работи нешто, оти нема да помине со „снаоѓање“ да речам како во средно, а и ќе ги поштеди нејзините од трошоци, освен, ако не си ја сфати озбилно работата, и не си се разучи на факс.
Дечки, разбирливо е што на 17-18 години некој има потешкотии да одлучи што "ќе биде кога ќе порасне". Сите сме различни. Па не чини и уште од пелени да знаеш дека сакаш да бидеш општински судија у Основен Суд, канцеларијата да ти биде втори спрат лево Дозволете животот малку да ве изненади, опуштете се. Има и други опции, може да волонтирате извесно време во друга земја (Европски Волонтерски Сервис), да поработите малку, правејќи други работи освен учење ќе откриете нешто за себе. Сосема е во ред и ако немате лудачки амбиции и конкретна агенда за секој ден од животот до 40 години. Немате психолози по училиштата, некоја служба каде што може да се обратите за совет?
Многу ме интересира и многу би Ви била благодарна ако некој објасни што како со факултетот драмски уметности во Скопје? Актерството ме интересира. Да напоменам, немам врски никакви.
Дечки, многу ми е клише муабетов, ама студирајте тоа што навистина сакате, за да не се каете цел живот. Дури и факултетот да не ви се рачуна како перспективен, ако сте амбициозни, имате силна желба да успеете, ќе успеете. Со среќа на сите нови студенти! <3
Вака, да не се лажеме сите сме се двоумеле некогаш меѓу некои факултети, но не после матура, дотогаш веќе треба да си одлучен.Другарка ти ако не е сигурна може да паузира една година, ако не се запише една година не значи дека никогаш нема да оди.Нема лесен факултет, баш затоа и се факултети. Имам познанички на Филолошки ми викаат дека не е многу тешко, но мора да имаш многу добро познавање на јазикот што ќе го одбереш. Имам познанички и на Правен и имаат книги од над 500страни кои мора да ги знаат на памет.Факултети како Правен бараат многу добра меморија. Значи може да разгледа огласи за работа и да си размислува цела година, па следната нека се запише негде, ама ако сака да учи. Ако не и се учи не мора да има диплома бидејќи тешко се добива. Правен е факултет кој имаш по предмет книги од 500 страни и тоа по две за испит.Имаш влезен колоквиум по се, тоа значи дека мораш да имаш положено колоквиум за да одиш на испит.Наједноставно кажано ако може да научи 4 000страни за семестар нека оди на Правен, инаку не зошо ќе заглави лошо.
Кој мил од медицинските науки и ФИНКИ. Зошто овака ако некој сака да најде работа со факсот, со медицина неможеш да згешиш, исто и со ФИНКИ може да работиш нешто во тоа поле. Би рекла дека и важи и за останативе технички факултети, повеќе за ТМФ зошто добра плата се зима.
Кое е вашето мислење за градежниот факултет? Сите ми велат дека е машки факултет, кој смер е најдобар? Дали факултетов овозможува брзо вработување и висока плата?
Каде и како се определува кој факултет е "машки", а кој "женски" ? Јас за ваква поделба не знам. Со секој факултет можеш и не можеш да се вработиш и да земаш добра пара, кечот е колку ќе се залагаш. Одбери каков факултет и смер ти сакаш.
Здраво. Ме интересира на ДИФ факултетот дали има приемен испит? И дали за да те примат се гледаат оценки од средно или колку си физички способен? Поточно на смерот за фитнес инструктор
Малце закаснет одговор ама барем да објаснам за идните студенти. На архитектура - државниот е само еден правец. Се полага приемен испит. Се рангираат студентите според оцени од средно и резултати од приемен, така што колку повеќе поени собереш поголеми шанси за државна квота имаш. Јас завршив пред 2ипол години, работам во приватна фирма. Пишував и во друга тема за условите. Ама за сите што сакаат еден ден да имаат добра-голема плата бегајте на финки. Архитектурата не е воопшто платена во МК, за џабе пари работат 90% од архитектите, другите 10% што имаат добри примања се газдите и познати скопски архитекти. Мора да се завршат 5 години за да земеш овластување еден ден, со три години се полага само интермедијален испит, што нема никаква важност. И сите студенти се приморани да ги одат сите 5 години. Факултетот е напорен, по цели денови на факултет и цели вечери цртање проектни. Теорија има неколку предмети, ама не е страшно, 70% е цртање.
Хаха, со ова "бегајте на ФИНКИ" - како таму да нема учење. На ФИНКИ ќе се изцепиш од учење ако сакаш да бидеш некој и нешто на работа, паралелно со учење ќе правиш проекти со коишто треба да стекнеш знаење и да се истакнеш од останатите (проекти кои траат 5, 6 месеци па и повеќе од година). Добар дел од деновите во годината ќе си на книга и додека некој излегува - тебе ќе те боли главата. Е тоа е, не секој може да жртвува се за да стане нешто во индустријата, треба да жртвуваш најмалку четири години од животот и да си спремен да се жртвуваш за професијата во иднината. Не секој ќе зема добра плата и не за секој е оваа работа. Нема да сметаш на работа којашто е 8 часа и си завршил, ќе работиш, ќе учиш нови работи постојано, но ќе мислиш на проектите и работата голем дел од денот.
Па скоро сите професии се вака, работното време не ти завршува баш кога ќе чукне 16ч на врата и адиос работа, вратио сам се животе. Сам си одредуваш време, сам си одредуваш приоритети во текот на денот, што може да почека а што е итно. Некогаш стварно не знам што очекувате... Секој нека си оди во области кај што го влече и кај што се пронаоѓа самиот, а не само ради тоа што некоја насока таму во моментов е актуелна. На некој на кого му работи кликерот секако ќе се снајде, без разлика на тоа што завршил.
Дечки,не знаев каде да го поставам ова прашање па тука го поставувам.Вака се работи за моето студирање Јас сум студент 4 ти семестар сега,што значи ја завршувам втора година,но од 2риот семестар имам само еден предмет неположено,па прашањето ми е дали овој предмет можам директно да го запишам за полагање на крај,т.е. 8ѓи семестар или треба да го пријавувам на секој парен семестар?И што ако треба да го пријавувам на секој парен семестар не сум го направила ова.Фала многу,некој со вакво искуство..
Мислам дека зависи од факултет. На нашиот факултет ако предметот е задолжителен тогаш истиот мора да се запише. Т.е сите задолжителни предмети се запишуваат, па потоа изборните.
На најголем дел од факултетите неположените предмети, треба да се презапишат во наредниот соодветен семестар. Значи ако неположениот предмет е од 2ри семестар, ќе мораш да го презапишеш во 4ти. И после две презапишувањa, односно три запишувања на предметот се паѓа од државна во приватна квота. Сепак прашај на студентски за сигурно дали ќе можеш да го оставиш за крај.