Така е, целосно си во право. Финки е многу тежок факултет, ради то и завршуваат само мал процент од вкупно запишаните бруцоши. Остануваат најдобрите, упорните. А има и мааал дел што и без диплома работат во големи фирми и земаат одлични плати. Зборувам за фирми како НетЦетера, Мустала, Акселтра. Ама тие деца што успеале да влезат таму, се 1%, па и без диплома, затоа што се таленти. Газдите го ценат знаењето. Познавам и деца што земаа диплома, ама се просечни програмери и работат за просечни плати. Не е гаранција дека ако се запишеш финки ќе те бидува и ќе си успешен итн. Всушност, не е ли така за секоја професија? И медицина завршуваат 500 студенти, ама од нив само 10 души ќе стигнат далеку и ќе бидат прочуени, другите ќе работат како просечни доктори.
Ако некој мисли ќе го заврши Финки во рекордно време и ќе биди јак програмер многу греши,студирањето на Финки не е само испити, во исто време треба да учиш уште многу надвор од факултетот, да одиш на пракса,да работиш на проекти во спротивно ќе останеш само со диплома и нема да имаш ни п од програмер. Од искуство препорачувам да не одите на најперспективниот факутет без основа за програмирање и не ве интересира едноставно нема ни да го засакате факултетот само ќе губите време и нерви. А ако сте спремни да жртвувате 4 години во учење и да вложите многуу труд и ја сакате работата да одите на Финки
Здраво , дали некој студира на Техничкиот факултет во Битола смер Графички инженер , или има таму завршено ? Ми треба совет и мислење дали е добар факултетот , дали е тешко , какви се професорите ? Секој совет би ми бил важен . Ви благодарам . Или ФИКТ кој е подобар ? Со кој би имала повеќе можности ?
Здраво женскиии! Пред се, се надевам дека сте сите добри... Сакам да ве прашам, се двоумам помеѓу два факултети. Психологија, и Географија (Туризам). Знам дека тоа се сосема различни факултети, но многу ја сакам и психологијата и географијата(туризмот сето тоа.) Сакам да прашам дали некој има искуство со овие два факултети.. Сум слушнала дека факултетот за туризам во Охрид е светски признат. Дали некој студирал на некој од овие? Инаку, во нашава земја тешко се наоѓа работа со факултет, ако немаш кој да те пикне ќе работиш како шанкер во кафиќ... А реално сите бараме факултет со кој што ќе можеме да најдеме работа.
Барај факултет од кој ќе можеш да научиш нешто за да знаеш да работиш утре, а таквите се еден во милион, психологија е глупост од смер ,ништо паметно од тоа не можеш да научиш тек па да работиш, туризам и тука и таму, утре сигурно ќе ти треба кој е главен град на некоја држава за која дали двајца слушнале од цела популација, ќе учиш како морето е сино и како туристите ги привлекуваат атрактивните природни и антропогени вредности и баба ми знае дека морето е сино, или ќе учиш за настанокот на човекот, тоа се учи во 5 одд дали и тогаш, ако немаш попаметна работа со што да се бавиш во животот запиши се да можам да го вратам времето никогаш не би се запишала на факултет. Со среќа, што и да решиш
Знаеш дека тоа не е точно? Има луѓе што завршиле факс и нашле асална работа, ги имаш и тие што не можат и работат што можат за да си удоволат. И ти можеш како келнерка да си работиш без врски и без факултет.
Дајте малце кураж за тие што допрва треба да одлучуваат за својата иднина, сте заборавиле колку е напорен тој период изгледа Напишав неколку пати, и пак ќе напишам затоа што верувам дека е важно да се знае. Тоа што го сакате, тоа да го учите!! Имајте на ум дека има големи шанси во текот на животот да промените став, мислење за тоа што сакате да го правите, да откриете дека нешто повеќе сакате од нешто друго, не знаете што ќе ви се случи за десет години. И не постои знаење залудно стекнато. Постои само знаење што не сте нашле начин да го искористите, што не значи дека и тоа не може да се промени. И најбитното, работа се наоѓа и без врски. Точка. И со среќа нека ви е, и со ќеиф
Никој факултет не е “глупост”. Не можеш да научиш ништо паметно од психологија? Знаеш на колку луѓе им помогнале психолози за борба против разни трауми, анксиозност, фобии? Дека не се сите факултети исто перспективни е точно, ама дека “не се учи ништо од нив” или дека се “глупост” е далеку од точно. Никој факултет не е глупав и никое знаење не е залудно, па макар тоа знаење би било и еден главен град плус.
Глупост? Знаеш дека постои професија психолог, така? Инаку, @girly.cute и јас би те советувала меѓу факултетиве за кои се мислиш да избереш психологија.
Може мислеше на тоа дека тешко ќе најде работа во Македонија со таа професија и реално така е. А убава професија според мене,да помагаш на луѓе.
Како кажа @Tea678 испадна факултет е најлоша работа на светот, па овие што допрва треба да запишуваат факултет поубаво ич да не запишуваат. Значи ако на неа така ѝ испаднало во животот не значи дека на сите ќе му биде така. Па, ајде работи да те видам како хирург со средно медицинско, нема шанси. Јас сум секогаш за завршување на факултет, па потоа секој со среќата. А и доста е важен изборот на факултет, секогаш бирајте факултет со кој можностите за наоѓање работа се големи, но секако треба и да го сакате тоа што ќе го работите во иднина. Затоа не запишувајте факултет ради реда, туку добро размислете каква перспектива ви нуди тој.
Јас се запишувам годинава и ми рекоа некои немој нема работа тешко е без врски ама мене баш ми е гајле кај сакам ќе се запишам. И онака после планирам во странство да одам на магистерски и таму ќе си најдам работа дека сегде бараат по таа струка и ќе успеам ,битно имам поддршка од моите
Здраво на сите еве и јас како иден студент сакам да ви кажам да се запишете онаму каде што вие сакате , тоа што ви е желба да го студирате. Секако треба да се размисли многу што понатаму . Не слушајте што ќе ви кажат домашните или пријателите , тие нема да учат за вас , вие самите ќе треба да се борите со секакви предивици кои ги има на секој факултет . Јас еве лично размислувам да одам на факултет на кој што ќе можам после тоа и самата да си работам , дали да отворам нешто приватно секако секој со своите можности , да не чекам од некој да ме вработи , да не молам никој , да бидам самостојна и да се гордеам после со мојот успех што ќе го постигнам , но не секој факултет го овозможува тоа. Факултетот сега не е ништо , секој завршува, битно е после тоа кој како ќе се снајде , секој со својата среќа. Среќно на сите, бидете паметни и не откажувајте се уште на првата пречка .
Епа штом со тој факултет има работа во странство не се мисли ич, запиши се. Ти посакувам среќа во студирањето
Мене искрено и ФЛУ ми е убав факултет и дизајн и архитектура. Ама, бараат доста талент, прецизност. Нешто што јас лично го немам. Секоја струка е убава. Само прашање е каде се гледате вие со вашите квалитети за 5-10 години. Дали како доктор, логопед, информатичар итн.
Почитувам туѓи мислења, но извини, уште не можам да се помирам со ова што го прочитав. Греота е само да помислиш за психологијата дека е глупост од „смер”, кога психологијата е цела НАУКА која е многу комплексна и го проучува најбитното нешто. Што е побитно од психата на човек? Знаеш ли колку психосоматски заболувања можат да се третираат односно спречат со разговор? Психологијата е поле на интерес на најголемите научници и филозофи. Агентите и детективите покрај интелигенцијата, со помош на психологијата прават анализа на личноста, откриваат лаги. Дури и еден професор или доктор треба да знае да биде „психолог” со луѓето. Да не набројувам зошто е толку посебна наука (цела книга да напишам нема да ми стигне), иако ете лично не го студирам тоа. За жал кај нас тој факултет не е меѓу најперспективните, баш од примитивни размислувања кои ги спречуваат луѓето да одат на психолог, дека нели тоа е „срамота, што ќе речат другите”. До сите идни студенти, во врска со перспективата, во нашата држава се верува дека медицина, ФЕИТ, ФИНКИ, машински, ТМФ се меѓу најперспективните. Но пола од студентите кои се запишуваат таму (бидејќи „таму се парите”), не размислуваат дека факултетот бара жртва, и се откажуваат уште во прв семестар кога ќе сфатат дека е тешко ако не учиш. Така да ако изберете некој од овие факултети прифатете го фактот дека постојано треба да учите. Само вие самите си ги знаете условите, амбициите, потенцијалот и можностите. Размислете убаво и со среќа во изборот