Чисто како совет, запишете нешто што ви е интересно и сакате да го учите. Не се фокусирајте на тоа дали ќе најдете работа, бидејќи ако сакате може и сами да си ја создадете работата, ама факултетот е цело искуство и учиш многу повеќе од смерот кој си го запишал. Плус ако на пола пат смениш размислување може да смениш факултет или да завршиш па да се пренасочиш. Не си создавате непотребен стрес, запишете нешто што ќе ви е интересно да го читате 4ри години, плус минус.
Здраво, ова се факултетите од кои сакам да го изберам оној на кој ќе се запишам, ако може ваше мислење за истите Природно математички (наставна математика) Финки (интернет,мрежи и безбедност) Градежен(градежништво или геодезија) Машински(термичко или хидраулично инжинерство ) Ви благодарам.
Јас да треба да бирам лично за мене од наведениве прво би ми бил ФИНКИ, а втор избор ПМФ. Што и да одбереш погледни им ја програмата на предмети кои треба да ги полагаш, одреди дали нешто те влече да го учиш или не и многу важно исто така да е работа која е побарувана и се гледаш во таа работа/професија на долги стази ти лично.
Најперспективен факултет е оној што ќе ти прави задоволство дури и во миговите кои би биле најтешки. Гледајте се како рокстар, изберете го она што ќе ви дава стимул да продолжите со животот, гледајте се во трето лице и имајте визија за иднината. Факултетот ќе ви помогне во остварувањето на вашите цели, но за да го постигнете истото потребно е мотивација. За да сфатите како да добиете мотивација прочитајте го одговорот од почеток. Поставувањето на прашање за најперспективен факултет нема да ве доведе до одговорот, поставете прашање за вашата визија.
Во некоја друга држава и во некои други услови апсолутно би се сложила со тебе. Но, тука не. За жал не. Реалноста кај нас е дека само студентите од ФИНКИ можат да просперираат. А другите, па или треба да се партиски полтрони или да имаат врски. Пречките се страшни. Еве ќе го земам мојот факултет за пример: го запишав по желба, го завршив со желба. Го завршив со труд, без никаква помош! Немам никакви врски, а и не сум навикната никој да ми помага во животот. Но, не и е доволна само дипломата за да стигнам до саканите работни места. Потребна ми е лиценца, до која можам да дојдам само ако стажирам. Но, немам врски и немам партија која ќе ме бутне, сите си ги пикаат своите на тие места. Или со знаш ме- знам те шема, си ги добиваат лиценците, само со лупање печати. За квалитетот на тој кадар нема ни да расправам. Сопки ми правеле многу, луѓето се спремни да те прегазат за да добијат нњшто без труд. Затоа, секогаш треба да се размисли за роа што би било просперитетно.
Се сложувам со членката над мене. Не викам дека треба да се запишеш нешто само затоа што има работа за истото, ама не треба ни потполно да се игнорира дека одредени факултети тука, едноставно не се перспективни, и дека дипломата ќе ви стои за украс. А верувам дека на секого би му било криво вложениот труд да му е за џабе. И не е така едноставно “ако се сака - ќе се најде работа кога тогаш”. Моја блиска личност, повеќе од 20 години не работи по струка. Не дека не сака, ама едноставно по таа струка примаат многу малку луѓе, и треба ептен врски да имаш за да успееш. Да не речам за џабе и е трудот. Додека не осети некој на своја кожа дека не се наоѓа така лесно работа, не треба да вика дека “ќе се најде нешто”. Не е така едноставно. Треба да се согледа реалноста, а реалноста е дека за жал, овде само лимитиран број струки се перспективни , и може да се најде “полесно” работа по истите.
Според мене најперспективни во државава се: се што е поврзано со медицина, архитектура, финки, економски, филолошки(англиски јазик)
Според мене германски така повеќе, ако не за овде - за во странство. Во Скопје не знам, поголем град, веројатно има повеќе работни места, ама во мојот град со лопата се берат тие со англиски и со македонски, така да..
Може ко преведувач да работат,професор во школо(ако имаат некоја врска плус),прватно школо да се отвори,приватни часови со деца,или да работат во некое друго приватно школо...има опции за работа не дека не и со англиски и германски. Ако на некој му лежат јазици
А што е поентата секој втор да е со диплома по англиски, демек професор или наставник ќе работиш? А јас колку што знам не се запишуваат нешто многу на полски, шпански, чешки како јазици што не се покажува многу голем интерес.
Pa taka ako gledas sekoj vtor e i programer,advokat... fakultetot ne e rezerviran samo za nekolku dusi
Здраво, бидејќи не најдов друга тема , овде ќе ви пишам , сакам да сепријавам за ваучерите што ги дава Владата за во Семос , е сега прашањево ми е која академија или обуки се најбарани ? И уште нешто , на некои од обуките пиѓува задолжителни модули , дали тоа треба да го знам пред да се запишам или како ? Фала ви , и слободно доколку не е за овде прашањево може да се избрише .
Кога се зборува за јазици и се гледа "перспективноста" нивна за наоѓање работа, тоа секако се јазиците кои поретко се учат (гледано на долги стази, бидејќи за десет години или педесет години од сега којзнае што ќе се случува со светот и којзнае какви нови занимања ќе се измислат), а тоа се баш полски, чешки, скандинавски јазици, кинески, холандски и слично. Тој што учи јазик само за да стане професор, или само преведувач, или само незнамшто, е во толку голема заблуда што најубаво би му било да си одбере нешто друго. Кога се работи за јазици, не постои само еден ангажман и ретки се тие што можат да си дозволат (од финансиска гледна точка) да работат само едно нешто. А за перспективноста, чисто како пример, пред некој ден видов оглас од еден кол центар за корисничка поддршка (сум работела со нив и знам дека се коректни и професионални) и мака мачат да најдат луѓе кои убаво го знаат холандскиот јазик, платата (реалност, не лажги со опашки) е 900-1000 евра. Знам програмери што не заработуваат толку. Не е точна тезата дека само некои факултети е паметно да се учат, бидејќи во реалноста ништо не е исклучиво и дефинитивно.
Па сите обуки од Семос се добри, одбери една што ти годи! Мислам дека треба да имаш бар малку предзнаење, но и затоа си отишла на акдемија. Ако учиш е баш од оние поретките многу подобро ќе ти биде, не само за да станеш професор или преведувач можеш да се заминеш во таа држава и полесно да сее снајдеш. Знам една девојка, упиша шпански, а немаше појма од јазикот, после дипломирање се отсели во Шпанија. Знае и чешки, па држи онлајн часови за странци.
Шпански го учат доста луѓе, барем по Скопјево. Повеќе мислев на ете скандинавските јазици, холандски, јапонски, кинески, словачки, полски, па дури и португалски