Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најперспективен факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од Annika, 27 јануари 2010.

  1. Nane2356

    Nane2356 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    1.567
    Пол:
    Женски
    Искрено и двете училишта се супер и си имаат свој квалитети. Секој треба да си учи онаму каде што има желба. Не може со сила. И секако на факултет како што ми имаат кажувано се учи од почеток и да немаш некоја основа од средно можеш да успееш ако се потрудиш. Ама искрено споредено Корчагин можам да го пофалам и од аспект на учење и од аспект на друштво. Децата се супер. Сега зависи од генерација до генерација, ама генерално се супер. За учењето не е толку како порано, малку е полабаво и со новите професори ама сепак ти дава добра основа за понатаму и ти дава добра насока, стимул и редовност во учењето. Па доколку тој самиот се одлучи да се префрли мислам дека не би му било проблем да се вклопи.
     
    На Snezana VK му/ѝ се допаѓа ова.
  2. d3likvent

    d3likvent Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Машки
    Искрено тоа нема врска со школото дете кое што учи ќе учи и во Корчагин и во Карев и во Коце металец а дете кое што не учи каде сакаш прати го тоа пак нема да учи
     
    На злоба и Nane2356 им се допаѓа ова.
  3. Nane2356

    Nane2356 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    1.567
    Пол:
    Женски
    Точно. Ама зависи и од самиот професор и од опкружувањето. Ако си во опкружување кое што учи некако и тебе може тоа да те мотивира. А ако е полабаво може да се опушти. Ама зависи и од самото дете. Сепак кажав ете дека во Корчагин има и учење и дружба.
     
    На d3likvent и Angie1432 им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.653
    Допаѓања:
    39.403
    Пол:
    Женски
    Ако понатаму се одлучи за овие факултети, далеку подобро би му било со завршено средно во Корчагин отколку со економско.И за друштво е убаво таму.За Борис не знам точно како е со друштво, но во Корчагин е сосема во ред.
    Кога има потенцијал детето, зошто да не се искористи, барем според мене.Тоа што одлучил да оди заради другарот покажува дека ни сам не е сигурен и не се запишал целосно по своја волја, така што најдобро би било да разговарате за неговите желби и очекувања.Секако, не го напнувајте и слушајте го и него.
    Дека дете што учи ќе учи секаде не е баш така, околината многу влијае, особено во тие години.
    Не гледам ништо погрешно во тоа родителот да се грижи каде ќе му учи детето, тоа е баш позитивна работа, но сепак на крајот конечната одлука треба да биде на детето.
     
    На Larahappy, Glowy, busybee и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Maja015

    Maja015 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2020
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Девојки братучеда ми ме замоли да пишам на форумов , кој факултет е потежок Правен во Скопје или Безбедност во идризово? И кој е поперспективен?
     
  6. NCIS

    NCIS Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2019
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    148
    Edniot fakultet so drugiot nemaat dopirna tocka.Koj e potezok e relativna rabota,ne se site lugje isti,toa sto e za mene teshko za nekoj drug e boza i obratno,a sekoj fakultet si ima svoja tezina
     
    На Archie и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  7. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.399
    Пол:
    Женски
    Кажи и дека не се бира така факултет.
    Полесен факултет ќе и биде ако го избере тоа што ќе го сака затоа што ќе учи со љубов.
    Потсети ја дека тоа што ќе го студира ќе треба целиот живот да го работи.
    Перспективен пак зависи од многу фактори.
    Тоа што може да е перспективно за мене, може да не е за неа и обратно.
    За Правниот можам само да кажам дека си бара учење инаку лесно се заглавува.
    Нека си размисли убаво братучедка ти.
     
    На Anna-Banana, Larahappy, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Cute bunny

    Cute bunny Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    28
    Mislenje za tehnicki fakultet vo Bitola?
     
  9. Mara123

    Mara123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2018
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Ве молам да споделите искуства со Мит универзитетот како е? Дали има обилен или мал материјал за учење и како поминивате на испитите...ви благодарам
     
  10. MiniMaus25

    MiniMaus25 Нов член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Знам дека има тема за Славјанскиот во Битола, ја прелистав темата, но не најдов многу информации. Дали има работа по завршувањето конкретно за психологија и каде освен во душевната Демир Хисар и да не е партиски нормално. Нека пише некоја ако е вработена со овај смер и каде :)
     
  11. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Во Северџанија со никоја професија нема вработување ако не те стави партијата.
     
    На MiniMaus25 и thelittle17 им се допаѓа ова.
  12. wings12

    wings12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2020
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    195
    Дали приватно или државно, нема врска ти и вака ни така нема да работиш како психолог зошто многу е тешко да се најде нешто пострука, но незначи дека нема да најдеш добра работа.
     
  13. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Најперспективен факултет е оној кој што те исполнува, оној во кој се пронаоѓаш, кој има милион тешкотии, но пак се бориш и учиш до крај затоа што тоа го сакаш.
    Се сеќавам кога решив да се запишам на факс и кога соопштив на другарките, роднините, комшиите - сите тие ми рекоа па што ќе правиш со тој факултет, милион студенти се таму, ќе го завршиш, но што со работа во ова тешко време.. и милион други осуди и предрасуди.
    Го завршив факултетот, си најдов работа и сум среќна, затоа што го работам она што го сакам.

    Моја најдобра другарка од забавиште мечтаеше за Психологија. Кога ќе ја прашавме за факс, одлучно ќе одговореше дека нејзин сон и себеси во иднина се гледа како психолог. Кога дојде време за запишување во разговор со нејзините родители и по милион прибавени мислења она реши да ги послуша своите родители и да се откаже од Психологија, затоа што немало работа.
    Заврши на Финки, се вработи, но до ден денес жали за тоа што не го заврши тоа за што цел живот мечтаеше.

    Така да студирајте она што најмногу го сакате.
     
    На cresa-jagoda, thelittle17, злоба и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Ефи Килибарда

    Ефи Килибарда Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Сега сум 4та година и размислувам што да се запишам. Го земав ФИНКИ како опција, па сакам да прашам едно нешто - дали мислите дека за да го завршите овој факултет, треба да имате природно разбирање на некои предмети, барем делумно, или дека сѐ се учи ако се сака? Работата е што не знам дали би можела да ги положам сите тие математики. Друга работа - дали ПИТ како смер е исто важен како и другите смерови? И дали навистина сите дипломирани на ФИНКИ лесно се вработуваат? И дали е полесно со овој факултет да се замине во странство? Благодарам однапред за одговорот, многу ќе ми значи.
     
    На Ivanna23. му/ѝ се допаѓа ова.
  15. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    3.608
    Пол:
    Женски
    Ништо не ти доаѓа природно, ако ти знаеш нешто од програмирање и ти иде математика тогаш полесно ќе поминеш. Мора да седнеш да го загреш столчето и да се помачиш, тоа важи за секој факултет.
    Според мене, математиките се главната причина зошто толку многу се откажуваат. Неќам да те плашам, но така е многу лично што ги знам желба им беше ФИНКИ, но математките ги кочеа.
    Нормално дека е важен, но ретко кои работи по струка. Повеќето го запишуваат зошто има помалку математика.
    Не ти е гарантирано работа после дипломирање, но имаш повеќе опции и да полесно ти е да најдеш работа. Ако отвориш огласи да гледаш често се бараат информатичарии.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BlackMistery

    BlackMistery Популарен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Сите што отидоа на финки затоа што мислеа дека ќе има многу пари се откажаа уште прв семестар. Ако не те влече и немаш дарба за тоа ич не си губи време.
     
    На christinnn, cresa-jagoda, злоба и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Па психолози не работат само во болница.
    Колку што знам за демир хисар треба по клиничка психологија да бидеш магистер.
    Работат во школи, социјални служби, ако сакаш и сама како психотерапевт ама за тоа ќе ти треба дополнителна 4 годишна пракса.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Не ти е загарантирано ништо, ако се запишиш само за диплома нема да најдеш работа,а ако учиш и надвор од факултетот ќе се вработиш пред да ја земеш дипломата. За смерот не знам, а за математиката не знам зошто сите се плашите со математика кога поважно ти е програмирањето, јас се запишав без предзнаење од програмирање и повеќе се посветив на тоа,а математиките ги зедов многу лесно иако средно не бев некоја јака математичарка... јас не сакам да ве плашам со математиката зошто нема потреба сигурно некој што е тапа математика нема да помисли на финки, ништо не е страшно само не очекувајте премногу од факултетот и дипломата бидејќи повеќе зависи од вас дали ќе научите и ќе успеете да се вработите, диплома скоро и да не бараат
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. j0van0v

    j0van0v Нов член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво, нов сум на форумов. Сакам да се запишам на архитектонски или градежен, па ме интересираат неколку работи:
    Со колку најмалку поени би ме примиле?
    Кои предмети за матура да ги полагам?
    Колкаво влијание има проектната?
    Дали има приемен испит?(слушнав дека на архитектонски имало)

    Ако може некој по детално да ми објасни би му бил благодарен.
     
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Другарка ми е на архитектура и за матура полагаше историја, англиски и македонски. И мислам проектната и интерниот и беа нешто за филозофија такви предмети. Можеш мислам сите општи предмети, нема ограничување.
    Проектната не влијае многу, сите имаат максимални поени.
    Нема тоа колку најмалку, затоа што секоја генерација си е своја приказна.
    Да, се полага приемен на архитектура и тоа ти е решавачко. Повеќе поени носи тоа него матурата, така да таму треба да пројдеш добро.