Здраво девојки! Јас сум 4та година гимназија. Се уште немам одлучено за факс, а се мислам помеѓу архитектура и медицина. Ми оди математика и добра сум во цртање, а исто така и ме интересира и биологија. Ако може да ми дадете по некој совет или милење. Фала однапред
Како се гледаш ти во иднина како доктор или како архитект? Знаеш што работат едните, што другите, во кој дел повеќе се пронаоѓаш, која е твојата поголема желба? Твоите способности и квалитети во која гранка повеќе ќе се истакнат, повеќе ќе се прилагодат. На крај разгледај ги и предметите и види што повеќе те привлекува.
Читај ги темите за медицина и архитектонски за да видиш како им е на другите или види ги предметните програми. Ама според мене ако сакаш да упишеш медицина не ти е доволно само да те интересира биологија, тука ти се хемија, математика, физика, мора да имаш и разбирање и од тие предмети.
Фала ти. Можеби повеќе би се пронашла како архитект, ама сепак не знам бидејќи не сум баш добро запознаена, какви предмети има, и дали треба да нешто пред време да се спремам и покрај претприемниот...? Да, разбирам. Природно математички смер суми и немам многу плус познавања освен она што сме учеле до сега, па затоа не сум баш сигурна...
Јас како студент по медицина можам да ти кажам дека само не е доволно да те интересира биологија, туку треба да имаш огромна желба за медицината ( и челични живци). Треба маскимално да се посветиш на тоа, студиите се долги и напорни.Треба многу труд, многу учење и посветеност. Ако ти е за престиж само, ич не си ја губи младоста.
Градежен би одбрала и 5 пати да се преродам! Моментално сум на магистратура. Сепак, одлични струки и двете, што и да одбериш нема да згрешиш. Разликата е во тоа што имаш приемен испит за на архитектура, на градежен не. Архитектура се занимаваш сите години со 'макети', на градежен пишуваш програми (домашни задачи). И двете се исцрпувачки, но тоа треба да го гледаш како предизвик. Градежен учиш како една конструкција да ја направиш стабилна за период од 100 години, меѓутоа и во границите на економичноста. Тука убавината на конструкцијата не те интересира.
Најперспективен факултет, е оној што ќе го учиш и завршиш оти те интересира, сакаш да го научиш и сакаш да работиш работа која е поврзана со него. Ако е нешто за што немаш интерес, тогаш е мачење.
Добро, не реков дека немам интерес за овие факултети и јасни ми се тие муабети учи го тоа што го сакаш. Сакам медицина многу само имам искуство со голем број доктори што работат за мизерни плати и масовно мигрираат во странство, за фармација пак сите ми викаат ќе работиш во аптека. Затоа прашав дали некој од овие 3 факултета има конкретно подобри опции за вработување од другите 2, или сите се тука некаде.
Економската ситуација денес, нема да биде иста по 5-10 години. Потребите од одредени кадри, нема да бидат исти. Условите во кои ќе работат, нема да бидат исти. Македонија не прави анализи и предвидувања за тоа како ќе се движи општеството, затоа што нема доволно податоци, ниту пак интерес за планско работење. И светот е отворен. Не мора да останеш тука.
Тоа што луѓето ти викаат дека со фармација можеш да работиш само во аптека е затоа што абер немаат што друго може да се работи со завршен факултет за фармација. Кај нас тоа е така, чим спомнеш фармација одма се подразбира дека единствената работа е во аптека. Според мене, треба да се одлучиш за нешто што најмногу го сакаш и на кое максимално ќе му се посветиш, а не да гледаш каде ќе најдеш работа и кој е најперспективен бидејќи сите три опции ти се добри и ако навистина успееш да стекнеш знаење при студирањето, тогаш не ни требало да имаш проблем за наоѓање работа после дипломирањето.
Точно дека фармација не мора да значи само работа во аптека. Ама, да не се лажеме, во нашата држава можностите за работа а да не е аптека, се минимални. За другите градови и да не зборувам. @EvaBraun23 За работа во Мк, јас би одбрала стоматологија. Секако ако ти се допаѓа и имаш желба за тоа.
Како студент на медицина, топло ти го препорачувам факултетот . А да требаше да бирам помеѓу стоматологија и фармација, дефинитивно фармација ќе одберев.
Зошто да не смееш? Верувај, подобро на време да си размислиш дали си на патот што го сакаш, зашто полошо е да завршиш цел факултет и тек после целосно да не знаеш што сакаш и да не сакаш да работиш ништо поврзано со тоа што си учела.